Трета среќа. Време е за победа по двете несреќни завршници на дуелите каде што интеренсно и во двата дуели ние го имавме последниот напад, не реализиравме во последните мигови. Сега Чешка треба да го плати цехот, одима на победа, најбитна победа, решавачка.
На двата натпревари со Шведска и Германија во финишот среќата не беше на наша страна. Сега конечно трет пат, треба да ни се насмевне. Но да не чекаме повторно во последните секунди да се решава, утре би било одлично доколку на полувремето имаме предност од 2 до 3 голови. Во тој случај притисокот нема да биде толку голем, ќе се влезе со поголема смиреност во вториот дел.
Доколку постои можност и нормално пред се доколку е опоравен од повредата до некаде Ванчо Димовски да одигра барем неколку минути. Неговото искуство ќе значи многу. Во вакви моменти потребно е искуство.
Потоа изведувањето на седмерци, доколку не му оди на Кире Лазаров, да му се додели задача на Златко Мојсовски за изведување на пеналите за кого се вели дека е мајстор за таа област.
И најважно, одбраната да ги собира внимателно „отпадоците“ по одбраните на нашите голмани. На натпреварот со Германија, неколку погодоци примивме на тој начин, откако ќе одбранеше зицер Ангелов, топката повторно се одбиваше кај противничките играчи. Не смее да се дозволи тоа. Треба веќе да е научена таа лекција.
Секако нас ни одговара победа на Шведска над Германија, но да не се преоптоваруваме со тоа. Сепак самите си ја решаваме нашата судбина.
Не плукајте по Кире Лазаров, не сте свесни што правите во моменти на нервоза. Не го обвинувајте човекот, што и да биде утре. Не бидете неблагодарни.
Зар толку брзо заборавивте се што направи човекот во изминативе неколку години.
Па и на ова првенство пласирани сме токму благодарение на него со осумте голови во Исланд на гости.