Македонија - Хрватска, 1 септември 20:00 ч

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Баш личи на Бузер и во стилот на игра...
Инаку нека ни е честита победава пресрекен сум и горд сум шо сум Македонец....Сите изиграа тимски и на ниво.....Перо мора да се подобри затоа е капитен на екипата тој мора да ги понеси кон победата сепак денеска беше подобар од вчера (ако не ништо друго не трошеше толку топки во напад), Бо даде 105% на теренот секоја чест за него како и за сите останати.....
 
Антич мора да игра почесто во рекетот, а помалку да шутира 5ки, ама за тоа треба тренер кој ние го немаме.
Да немавме тренер немаше за прв пат во наша историја да ја победиме Хрватска и да играме таква одбрана 2 натпревари по ред, не мора упорно да се трола за тоа дека Марин е тиња, бар не после еден ваков голем за нас триумф.

Антиќ ко прв пат вака да игра, со Арсич исто шутираше 5ки ама тогаш беше попрецизен па на никој тоа не му сметаше ...
Проблемот е што типот си зима голема слобода а без него се десеткувани на терен бидејќи адекватна замена по повредата на Кире немаат, а и по повредата на Гечевски кој сеуште не е закрепнат целосно. Сигуно Докузовски не му рекол на Антиќ шутирај од кај стигнеш, нема везе што имаме уште 15 сек од напад, напад кој е круцијален за нас, али еве, ќе го седне на клупа ... и ?! Самарџиски девојчето ли ќе покрива ? ( со тие предиспозиции што ги има, игра ко женско ) или Чековски кој за 2 минути у 4та 100 лични направи и на 7 мин до крај веќе 5 лични имаа направено нашиве.

Така е у секој спорт со вакви играчи, нема кој да им го загрози местото и си тераат свој филм али после ова денес редно е Антиќ да се повлече и диригентска палка да остави на Борче а и на Илиевски, Борче мора максимално да го екслоатираат со минутажа, да го остаат на терен ко да нема утре, има снага он за повеќе минути од она што сега го игра, само со лични да не поебе ко со Црна Гора.
--- надополнето: Sep 1, 2011 11:01 PM ---
Баш личи на Бузер и во стилот на игра...
Само Бузер има бољи процент од линијата за три. :icon_lol:
 
Пушете Хрвати !!!! Ууууу гнасно племе !!!!
НАЈБОЉЕ ЈЕ БИТИ МАКЕДОНЕЦ !!!!!!!!! ;)
 
12345ta.jpg


Like !

Честитки до сите играчи... заслужено победија.. се надевам нема да има веќе вакви трилер завршници оти неможам секој ден да пијам апчина после утакмица !
Само така да продолжиме... Ми го развеселија денот.. Напред Македонијо !
 
Да немавме тренер немаше за прв пат во наша историја да ја победиме Хрватска и да играме таква одбрана 2 натпревари по ред, не мора упорно да се трола за тоа дека Марин е тиња, бар не после еден ваков голем за нас триумф.

Syn, за играта у одбрана, браво! Одлична задача им има дадено на близнаците, и тие беспрекорно си ја вршат.

Ама у напад сме катастрофа. Без идеја, без план играме. Можеби е и до играчите, не викам не, но ипак кое и да е дрво, ќе се постави кај шо треба ако е таква тактиката. Глупо е у тим да ги имаш Бо и Владо, кои знаат да направат асистенција од 5 метри а тоа да не го користиш. Или Чековски да не го користиш како блок.

Денеска заличевме на организиран тим баш кога почнаа ова (делумно) да го прават и кога Перо играше под рекетот а не на линијата за три. Па и свети Перо да е бе, нареди му мамата, нека има дисциплина.

Ми се допадна кога почнаа да му прават простор на Бо за влез, и кога ја кружеа топката да створат вишок за тројка. Но сепак, тоа беше у премал дел од натпреварот. Треба организирано да играме цело време.

Сума сумарум, одбраната е одлична, но напдот е сеуште, лош. Се надевам дека ќе се подобруваат...
 
Што да пушат..најпоштено си честитаа они нема што да ги пцуеме..
 
Нападот е приказна за себе, таму мораат да работат, затоа и реков Борче на терен максимално да се користи, све преку него да иде, он ти е алфа и омега у тимов кога е во прашање нападот.
Хрватите беа во бонус влезени, нашиве не влагаат на влезови, пасивно играат и на крај шиткаат топка со некој неизграден шут.

Али денес за разлика од мечот со Црна Гора имаат напредок и во тој сегмент, не некој енормен напредок али го имаат, како и да е, треба многу повеќе во тој сегмент од играта од ова што сега го прикажуваат, ова е далеку од нивниот максимум.
 
Да немавме тренер немаше за прв пат во наша историја да ја победиме Хрватска и да играме таква одбрана 2 натпревари по ред, не мора упорно да се трола за тоа дека Марин е тиња, бар не после еден ваков голем за нас триумф.
--- надополнето: Sep 1, 2011 11:01 PM ---
Е е е Syn оваа победа му ја препишуваш на Марин ? - Знам дека ти е омилен ама треба да се погледне малце објективно. Денеска го гледав натпреварот со повеќе луге и од Аеродром и од Центар, значи и самите викаат дека дур трае натпреварот не знае што да прави, нема никаква идеја во нападот ако самите играчи нешто не сторат сами.
Да не требаше во 4/4 да му СУГЕРИРААТ дека Мекелеб е на клупа? Го заборави човекот... среќа му текна па го стави 5 мин при крај иначе го наебавме.
Среќа наша што имаме 2ца играчи што знаат да влезат во рекет и да положат, пошто со неговите акции Мекелеб земи ти топка сите идете му на блок ако има шутче за 3 ако не фрлај безврска... не иде.
Секоја чест што знае да ги стегне во одбрана и да им каже како да одиграат ( ма да и во то сумљам затоа што имаме добри дефанзивни играчи и не им треба мн. кажување што како ).

Инаку честито победа на МАКЕДОНИЈА, вака се игра од СРЦЕ, овој е Владо Илиевски што сите го барале од секогаш, да ГИНЕ. Честитки за сите играчи !
П.С. Перо те спасија слободните од повеќе критики:icon_lol:, толку добар брз крилен центар да дреме на 3ка е греота, два пати им влезе во рекет одма ги надигра, ТОА СЕ БАРА.
--- надополнето: Sep 1, 2011 11:20 PM ---
Или ќе имаме 3 победи или ниедна. :cool:
Да се цитирам што пишав вчера иако пред овој пост имав и пишано дека мислам дека ќе изгубиме само ради Марин али ете играчите изгинаа максимално како што сите и очекувавме.
 
Syn, за играта у одбрана, браво! Одлична задача им има дадено на близнаците, и тие беспрекорно си ја вршат.

Ама у напад сме катастрофа. Без идеја, без план играме. Можеби е и до играчите, не викам не, но ипак кое и да е дрво, ќе се постави кај шо треба ако е таква тактиката. Глупо е у тим да ги имаш Бо и Владо, кои знаат да направат асистенција од 5 метри а тоа да не го користиш. Или Чековски да не го користиш како блок.

Денеска заличевме на организиран тим баш кога почнаа ова (делумно) да го прават и кога Перо играше под рекетот а не на линијата за три. Па и свети Перо да е бе, нареди му мамата, нека има дисциплина.

Ми се допадна кога почнаа да му прават простор на Бо за влез, и кога ја кружеа топката да створат вишок за тројка. Но сепак, тоа беше у премал дел од натпреварот. Треба организирано да играме цело време.

Сума сумарум, одбраната е одлична, но напдот е сеуште, лош. Се надевам дека ќе се подобруваат...
Пореален пост АМИН ! Од прв до последен збор се согласувам.
 
Na facebook pisuvav so edna Hrvatka sea se ukluci i me otera u p.m. sto sum i kriv jas sto nasite se zverovi :D BRAVO
 
Што да пушат..најпоштено си честитаа они нема што да ги пцуеме..
Зависи кој. Она копилето шо фрли со кесата мраз на терен, а сам се повреди?
 
@Интерфан
Оваа победа ја препишувам на цел тим, а Марин е предводник на овој тим, а тие што гледале со тебе знаеме сите кои се, некои ко мене, и остала багра тука, ќе отидам малку офтопик за да го цитирам Мурињо за Италија што кажа, кога еден репортер го праша што мисли за земјата он кажа дека е уникатна по тоа што бројот на фудбалски тренери е аналоген на бројот на жители, сите Се знаат, сите знаат повеќе и од него и од останатите кои всушност професионално се бават со тој спорт ...

Така и сега, сигурно од небо не им паднала таа игра во одбраната, факт е дека не се фантастични, ама кога биле ? Со Арсич ли ? Па со него 20 разлика ја водеа Хрватска на полувреме а на крај изгубија ... убедливо.

Во кој спорт по еден ваков голем триумф се занемарува тренерот ? Во кошарката тоа маломорген а и во било кој друг спорт, не е Гвардиола добар, Меси му ги носи титулите, такви се сега муабетите ... ептен несериозно.

Али ок, секој различно ги перцепира работиве.

Со Црна Гора потфрли Марин, не негирам, потфрли грдо и тоа, али денес се извадија на најдобар можен начин сите иако пред меч повеќето ги отпишаа, не мора и за ова денес да се оцрнува тимот, ова за мене е голем триумф, прв пат ја победуваат Хрватска што значи многу за нас и имаат голема шанса со 3 победи да излезат од групава ( не верувам дека ќе успеат да победат кошаркарски великан ко Грција ), постои веројатност во една таква ситуација да се и втори ( или грешам ?! ме мрзи да правам математики сега ).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom