Македонија - Словенија [27.01.2012 - 15:15 ч.]

Член од
29 јануари 2008
Мислења
821
Поени од реакции
410
Пред натпреварот со Србија направив Позадина за Десктоп по барање на еден пријател... па искочи интересно и решив да ја споделам со сите фанови!
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.300
Поени од реакции
3.675
Дотолку ЕП го освои Србија тогаш играме квалификации во Шпанија.. и тоа ќе играме со Шпанија, Исланд и Бразил. Првите 2 одат на ОИ.

Дотолку Србија не е победник на ЕП, тогаш играме квалификации во Данска.. и тоа со Данска, Унгарија и Анжир. Првите 2 на ОИ.
Мислам дека и преку двете групи би иделе на ОИ.Повеќе ми се свиѓа вторава група поради тоа што ке имаме шанса за реванш со Данска.
Мора да ги победиме словенциве .. едвај ја чекам утакмицава :vozbud:
Овде може да се додаде и дека ако данска или шпанија бидат европски полска влага на нивно место, со тоа така да јас би сакал (од аспект на подобра за мене група) да тепа данска, полска влага наместо неа, турнирот ќе е најверојатно во унгарија а таа е блиску. И за поддршка и з асе друго... не би сакал да тепа шпанија па да играме ракомет богу и за леѓа во исланд или недај боже во бразил , доста ќе ни е шокот со кошарката во венецуела на пола свет далечина и пет и пол часа временска разлика :confused:
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716

Ти е гајле, ќе славиме у 5 саат насабајле на плоштад! :pos:
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Само да ви кажам нешто ... Јас не знам што среќа во гз ќе имаа тоа педерите словенски, и како коцките им се наместија и како натпреварите им одеа во прилог.. Значи Словенија има само 2 победи и 4 порази во досегашниот тек на првенството и се борат за 5то место бе o_O Иначе многу се брзи словенците, немаат високи играчи, крилата им се најопасни и само со смирена игра и да ја играме нашата игра на долги напади и јако МНОГУ ЈАКО ВО ОДБРАНА !
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.300
Поени од реакции
3.675
Ти е гајле, ќе славиме у 5 саат насабајле на плоштад! :pos:
a бе да , ама зошо да не слават многу македонци кај нив дома во домашна сала како деновиве во ниш и белград.
 
Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Дотолку ЕП го освои Србија тогаш играме квалификации во Шпанија.. и тоа ќе играме со Шпанија, Исланд и Бразил. Првите 2 одат на ОИ.

Дотолку Србија не е победник на ЕП, тогаш играме квалификации во Данска.. и тоа со Данска, Унгарија и Анжир. Првите 2 на ОИ.
Сепак не било вака. Да се поправам..

Ако Србија освои (А Македонија изгуби од Словенија).. ќе играме со Данска, Унгарија и Алжир. Значи ќе го земеме местото на Србија во квалификациите.
Дотолку Македонија ја победи Словенија (без разлика на шампионот).. тогаш играме со Шпанија, Исланд и Бразил.
 
Член од
30 јануари 2010
Мислења
104
Поени од реакции
20
Веќе постирано на Македонија - Полска. Ама со оглед дека оваа тема (Македонија - Словенија) е по актуелна за секој случај и овде

Можда Ѕинго ќе се свести па на раат ќе изгледаме некој натпревар :vozbud:

Инспириран од ИДЕАЛНИТЕ КОМЕНТАРИ
на сителовиот тандем МАРЈАН НИКОВ - РИСТО МАГДИНЧЕВ.

Дефинитивно луѓето треба да бидат прогласени за тандем на првенството :pos::tapp::vozbud:

Еве ви мал придонес и од мене

Сител да ги врати “коментаторите“ Марјан и Ристо од европското првенство

побарајте ја групава на ФБ и споделетеја - најверојатно до крајот на првенството ќе има 100.000 лајкови
--- надополнето: 26 јануари 2012 во 02:45 ---
Веќе постирано на Македонија - полска но со оглед на тоа дека оваа е поактуелна тема (Македонија - Словенија) мислам дека е ок и овде да го имате следното на увид, па ваљда Ѕинго ќе се освести и ќе можеме да гледаме на раат некоја утакмица :vozbud:

Инспириран од ИДЕАЛНИТЕ КОМЕНТАРИ
на сителовиот тандем МАРЈАН НИКОВ - РИСТО МАГДИНЧЕВ.

Дефинитивно луѓето треба да бидат прогласени за тандем на првенството :pos::tapp::vozbud:

Еве ви мал придонес и од мене

Сител да ги врати “коментаторите“ Марјан и Ристо од европското првенство

побарајте ја групава на ФБ и споделетеја - најверојатно до крајот на првенството ќе има 100.000 лајкови
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Сепак не било вака. Да се поправам..

Ако Србија освои (А Македонија изгуби од Словенија).. ќе играме со Данска, Унгарија и Алжир. Значи ќе го земеме местото на Србија во квалификациите.
Дотолку Македонија ја победи Словенија (без разлика на шампионот).. тогаш играме со Шпанија, Исланд и Бразил.
Значи во секој случај се играат квалификации ?
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.300
Поени од реакции
3.675
Сепак не било вака. Да се поправам..

Ако Србија освои (А Македонија изгуби од Словенија).. ќе играме со Данска, Унгарија и Алжир. Значи ќе го земеме местото на Србија во квалификациите.
Дотолку Македонија ја победи Словенија (без разлика на шампионот).. тогаш играме со Шпанија, Исланд и Бразил.
Ако победи србија, подобриот од дуелот мкд-сло оди во група со данска /унгарија/алжир а послабиот со шпанија/исланд/бразил
Ако не победи србија , победникот од мкд-сло игра со шпанија или полска /исланд/бразил
ако не победи србија а ние изгубиме , нема квалификации
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Ги гледав словенците само против Франција и знам дека играат преку крила. Сметам дека имаме поквалитетна репрезентација, а тоа ќе го демонстрираме на терен. Сакам Кирца и компанија да ги видам во Лондон, заслужуваат ите како, па мислам дека онака во пријателска атмосфера ќе ги исплескаме онака рутински и лагано, нешто слично ко со Полска.
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Време е за одмазда. Словенците еднаш не успеавме да ги поминеме на квалификации, али сега ќе го јадат и за тогаш. Верувам дека им е сменета поставата, (на ова Европско не успеав да ги гледам), но слушнав дека имаат ниски играчи со што се отвара можност за нашите бекови али и дека форсираат брз центар. Брзиот центар видовме со Данска успеваме да го скротиме али уморот си го прави своето. Верувам дека нашиве ќе смогнат сили да не израдуваат уште еднаш. Кире мора да биде најдобар стрелец на сите времиња пошо на првенството секако е. Наумче последниве утакмици ги изигра у грч некако ( рака на срце и доста ќотек изеде) али многу ќе ни треба и он да распали со Словенците. Миркуловски шо и да се каже за детево се е залудно ( ама баш се). Одамна не сум видел некој таков наш спортист кој гине за Македонија и го остава срцето на терен:cuc:Ако форсираат игра на крило ондах мораме да им вратиме со ист аршин. Иако требаше да бидеме меѓу првите 4 ( срце ме боли) 5-то место не е само за престиж туку за повисоки цели е. Олимпијадата не чека така да идеме на победа.

П.с Читам деновиве на нет изјави за пласманот и тој што најмалку треба тој прв се расфрла со успехот. Шундовски ,да да, господнот " Мажоретка " и неговата изјава " Oва е најголем успех на една македонска ракометна репрезентација ." Господине Шундовски успехот е на ракометарите, а не на вас. Друг пат ве молам ако сакате да присуствувате на натпреварите на нашата репрезентација коректно ( како и сите останати) да си аплицирате преку нет за карта и да се крстите дека владата ќе ве избере. Ако веќе сме осудени на вашето присуство тогаш се надевам дека ќе поработите на вашиот авторитет, на тактика и на вашата одговорност.

Еве неколку од изјавите на нашите херои:

- Неверојатни се. Со френетичното навивање тие н` носат во битките со подоброрангираните селекции. И по сите несреќни порази што н` снајдоа на ова ЕП, добивам над сто пораки дневно како поддршка на сите нас. Сите ни честитаат за борбеноста. Навивачите се реални и гледаат дека даваме с` од себе. Тоа е голем плус и напредок од онаа мртва точка на која бевме пред неколку години. Пред 5-6 години да загубевме ќе беше многу поинакво навивањето. Сега има голем напредок. Единствени сме во поразите и во победите. Мора да бидеме заедно. Ние немаме рејтинг како Данска, Шведска, Германија, ние мора да се држиме заедно. Можеби ни недостигаа нијанси за подобар резултат. За тие нијанси спортските познавачи велат дека се разлика помеѓу победа и пораз. Тоа се години искуство – вели Борко Ристовски.

Вели дека засекогаш во меморијата ќе го чува нишкото искуство од натпреварот со Чешка.

- Мене секогаш ми остануваат во сеќавање некакви мечеви што значат пресврт. Тоа беше натпреварот со Чешка. Без таа победа немаше да бидеме во Белград. Поголем плус од тоа навивање тешко може да добие спортист. Салата во Ниш ечеше и тоа н` носеше – вели Борко Ристовски.

ВАНЧО ДИМОВСKИ, Имаме импресивна публика

Нашите обожаватели се посебни. Мислам дека навивачите од други земји не би можеле такво нешто да изведат. Немам зборови да го опишам тоа чувство. Мислев дека арената во Белград ќе се урне. Само за нив вредеше да се изгине и да се добие натпреварот со Данска. Но, ете, се случи тоа што се случи. За жал, немавме ни малку среќа, па се случи пораз. Не спиевме од разочарување. Имаше и солзи. Жалам што не ја израдувавме нашата импресивна публика.

ДЕЈАН МАНАСKОВ, Вакво нешто не сум доживеал

Прекрасно и незаборавно е чувството да се игра пред ваква публика. Тоа дава таков поттик и елан што навистина те носи. Јас сум млад играч и вакво нешто не сум доживеал. Но мислам дека и постарите и поискусни од мене исто така немаат доживеано вакво навивање и ваква поддршка. И тие се пријатно изненадени.

ПЕТРЕ АНГЕЛОВ, Најдобри во Европа

Во сите коментари истакнуваме дека нашите навивачи се најдобри во Европа. Таа публика заслужуваше уште повеќе. Ние дадовме колку што можевме, но мислам дека спортската среќа ни го сврти грбот. Им должиме голема благодарност затоа што такво нешто ретко се доживува. Посебно ме импресионира што сите навиваа како да се еден, како извежбани. Тоа е незаборавно. Kако да си во Македонија.

Само напред!!! Македонија во срце ја носиме. Одиме на победа!!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom