Зошто 10 разлика? Зошто да не на пример...хммм... да им ѕвекнеме тројка на 0.1 секунда до крај?
Самарџиски имаше добра изјава денес, дека во трета четвртина почнале да играат на резултат, малку ги понесе тоа и шпанците искористија. До сега имавме успеси по стариот добар рецепт: ги држиш да не се одлепат и
чекаш да ги фати паника, пошто се под притисок. Така треба да играат и во недела, макар што ќе биде тешко зошто иако знаат дека никој нема да им замери за пораз, потајно сите горат за медал. Тоа е опасна ситуација, создава притисок. Мора да пробаат да останат со ладни глави.