Жал ми е за играчите, со прикажаната добра игра, со таа мотивираност и пожртвуваност, со огромната волја да го израдуваат македонскиот народ, во никој случај не ги заслужија двата болни порази од Германија и Данска. Среќата комплетно им го сврте грбот, најлошото што можеше да се случи во последните неколку секунди на двата меча, се случи. Марфиев закон. Fuck Murphy.
Ни на крај памет не ми е да критикувам, пцујам или колнам по играчите. Нив им е најтешко. Па кога јас ќе изгубам партија рекреативен фудбал со другарите, ми иде да си пукам у колено зашто сум изгубил, а не да изгубам меч на ЕП, со еден гол разлика примен во последна секунда, пред 10.000 Македонци кои гласот си го оставиле бодрејќи ме. Да не си им во кожа, посебно не на Кире, кој мораше да превземе одговорност, од него се очекуваше. За тоа треба муда, биковски, и он докажа дека ги има.
Сума сумарум, на кое место и да завршат, браво за играчите, алал да им е.
Но за жал истото не може да се каже за нашиот така наречен тренер. Оф леле мајко каков идиот. Гледам некои се бунат зашто не барал тајм-аути. Па сите гледаме и слушаме што збори на тајм-аутите, фајде нема од тоа.
Ако сме во напад, ќе рече - Сега битно е да дадеме гол. Ако они се во напад, ќе рече - Сега битно е да се одбраниме.
И играчите сите во еден глас - Thanks couch Obvious!!!
Катастрофа од тренер имаме. Па оној ко-коментаторон, исто така "врвен тренер", покрај двете "тактички замисли" на нашиов тренер, барем знае и фластер да спомне.
Стварно не знам дали не сме пробале да го ангажираме Червар или сме пробале но он не прифатил, но со него, друга песна ќе се пееше.
Оф, за темата сум забораил да пишам.
Очекувам многу сличен меч како МКД - Чешка, со многу сличен победник хохохо.
Т.е не очекувам, сигурен сум дека ќе победиме. Оле.