Падот на индустриското производство во март годинава, во однос на март 2011 година, бележи пад од 8,5 проценти, посочуваат податоците на Државниот завод за статистика.
По сектори, индустриското производство бележи опаѓање во секторот Рударство и вадење камен од 4,7 отсто, во Преработувачката индустрија 6 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 23,8 проценти.
Според главните индустриски групи, производството во март 2012 година, во однос на март 2011 година, бележи опаѓање кај Енергија за 35 отсто, кај Капитални производи за 13,6 и Трајни производи за широка потрошувачка за 57,2 отсто, додека бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,9 отсто.
Падот на индустриското производство во периодот јануари - март 2012 година, во однос на истиот период 2011 година, изнесува 8,4 отсто.