Македонија - Грција (ватерполо) 7 : 6

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Нормално дека сум горд што МАКЕДОНСКИОТ ватерполо тим го победи грчкиот, но не е целосно чувството кога знаеме дека повеќето играчи не се Македонци.
Ај добро да ти објасниме за да знаеш за во иднина како стојат работите бидејќи кога некој зборува од ракав не можам да се воздржам.

Ватерполо екипата се направи пред две години. Целта на пливачката федерација беше да се донесат играчи од страна претежно од Србија, Црна Гора и Хрвтска, играчи кои ќе бидат мотор за да се развие спортот во државава. Со тоа и со успесите и настапите на ЕП и СП се зголеми иницијативата за развивање на овој спорт во државава.
Кога имаме репрезентација и кога би се оствариле оние ветувања од владата за изградба на базени, ќе се формираат повеќе школи кои ќе бидат предуслов Македонија еден ден да настапи во комплетен состав без натурализирани играчи.
За тоа е пример екипата на Работнички која игра во Српската лига и има наши млади играчи.
 
Член од
2 април 2007
Мислења
2.875
Поени од реакции
4
odlicen natprevar i zasluzena pobeda. super...odigraa momcite bez razlika od kade se bitno igraa pod makedonsko zname..
 

Џенаро Гатузо

Pippo per Sempre
Член од
3 јануари 2008
Мислења
2.797
Поени од реакции
38
И што има везе што се Срби и Хрвати?
Важно изгинаа за Македонија свака им част браво.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
И што има везе што се Срби и Хрвати?
Важно изгинаа за Македонија свака им част браво.
Фала Богу едно реално мислење :smir:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Браво сонциња. И доста бе само да се мрчело, не биле Македонци во тимот. И шо сеа? Чие знаме беше поставено? Која земја беше наведена како домаќин? Чија химна се свиреше? Што е битно мајку му стара... Битно ги тепавме Грците, што може да е послатко од тоа?:helou: А бе жими се некад мислам дека сите светски првенства да ги освоиме, пак ќе се најде некој што ќе мрчи и ќе најде некоја мана.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.955
Поени од реакции
1.349
Табела:
1.Хрватска 13
2.Грција 8
3.Русија 6
4.Македонија 3
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Табела:
1.Хрватска 13
2.Грција 8
3.Русија 6
4.Македонија 3
Со оваа победа им овозможивме шанса на Русите да бидат втори во групата пред Гејлада и со тоа да продолжат понатаму.
Поддршка за Русија!
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
сепак мислам дека грците ни попуштија за да имаме и ние уште некој бод во табелата.. сепак браво за победата..
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Гејците ни попуштиле.:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Член од
5 мај 2008
Мислења
1.357
Поени од реакции
127
Нема ли некое видео од знамето кутлеш или пеењето на химните, да видам што сум пропуштил :nesum: :)
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Грците "потопени"
МАКЕДОНИЈА - ГРЦИЈА (4:3) 7:6
(2:2, 2:1, 2:0, 1:3)
Базен: Олимписки - Центар. Гледачи: 2000, Судии: Д. Албан (Фра) и А. Вамос (Ром), Делегат: Н. Фироу (Гер), Контролор: Ј. Брито (Фра).
МАКЕДОНИЈА: Перчиниќ (15 одбрани), Рачуница, Вуксановиќ, Крстоношиќ 1, Босанчиќ 1, Кречковиќ, Делаш, Бркиќ 1, Димовски, ЛАтковиќ, Петровиќ 1, Бениќ 1, Милиќ 2. Исклучувања 5.
ГРЦИЈА: Ф. Константинос (9 одбрани), Кристодолус 2, Евангелос 1, Георгиос 3, Андреас, Јонис, М. Константинос, Александрос, Евгениос, Георгиос, Панајотис, Г. Константинос. Исклучувања: 6. Петерци: 1/1

Победа, победа, победа.... Олимписки експлодираше. Вака накусо може да се опише амбиентот на вчерашниот натпревар од 5. коло од Светската лига, во групата "Б" во која Македонија ја совлада Грција во Скопје со 7:6, полувреме 4:3. Воедно ова е прва победа за нашата селекција во натпреварите од Светската лига, а со тоа дојдовме до првите бодови. Перчиниќ, Рачуница, Вуксановиќ, Крстоношиќ, Босанчиќ, Кречковиќ, Делаш, Бркиќ, Димовски, Латковиќ, Петровиќ, Бениќ и Милиќ предводени од селекторот Нонковиќ и тренерот Кузамановски се хероите на годината. Тоа се момците кои нацијата барем за момент ја направија супериорна, среќна, самоуверена. Тоа се спортистите кои синоќа ни ја подарија најубавата победа, кога станува збор за меѓусебните средби со нашиот јужен сосед. Ова не беше вообичаен спортски натпревар. Ова беше повеќе од тоа. А, победата можеше да се почувствува и пред почетокот на средбата, во атмосферата.
Публиката, феноменална. Атмосферата - како за кого. За нашите - поддршка, за противникот - пекол. Навивање, бодрење, пеење, знамиња во жолто-црвена боја. Се развиори и најголемото знаме, со ѕвездата од Виргина, кое ја покри трибината. Тоа беше дополнителен стимул за сите во базенот, и за играчите и за публиката. Имаше и свирежи кои беа упатени кон противничките играчи, а богами летнаа и две авиончиња кои беа наменети за противникот, за мирен лет до Атина.
А, што да се каже за натпреварот. Крајно напнат с$ до крајот на првите две четвртини, односно до првото полувреме. Потоа следуваа одлични минути за нашите момчиња, што придонесе за водство од 6:3. Со тој резултат се влезе во последниот период кога како непишано правило следуваше мало опуштање кое Грците знаеја да го искористат. Впрочем, таа беше единствената четвртина која заврши со позитива за играчите на Јунанистан. Постигнаа три гола, наспроти нашиот еден. Можеби тоа беше тактичка одлука на селекторот, за во последните две минути да ги збиеме редовите, да одиграме максимално концентрирано. Впрочем, победа си е победа. Дали со еден или со десет гола носи исто, 3 бода. Како што почнавме така и завршивме - победнички.
Резултатот го отвори Босанчиќ за водство на Македонија од 1:0. Набрзо следуваше изедначување од пенал, па дури и пресврт. Успешен реализатор беше Кристодолус. Бениќ беше тој кој се погрижи првиот дел да заврши израмнето. Во втората четвртина поведоа Грците преку Георгиос, кој со три гола беше најефикасен играч на натпреварот. Тоа како да беше сигнал момците Македонци да заиграат со сета сила, со сиот свој жар. Не само што изедначија туку преку Крстоношиќ доаѓаме во водство. Третата четвртина со исто темпо. Петровиќ и Милиќ прецизни, за водство од 6:3, највисоко до тој момент, а и на целиот натпревар. За последната четвртина веќе рековме, 1:3 за противникот, што не беше доволно за изедначување на финалниот резултат.
А можевме да славиме и поубедливо. Имавме неколку поволни шанси, утнавме зицер, цепелин, неколку пречки, диреци. Имавме слаба реализација со играч повеќе, но ништо подобар не беше ниту противникот.
Сепак, ни Грците не играа лошо. Имаа одличи акции, упатија доста удари кон нашиот гол. Но нашиот чувар на мрежата Перчиниќ како да имаше спуштено ролетна. Одбрани 15 удари, наспротив Константинос, кој фати 9.
На крајот - кој губи има право да се лути. Со последниот свиреж на сирената и на судијата токму тоа се случи. Грците реагираа кај главниот судија, за наводно крадење на време, на три секунди, но без успех.
Д. Ѓенчевски

ГРУПА "Б" - 5. КОЛО
Македонија - Грција 7:6
Русија - Хрватска 7:12
ТАБЕЛА
1. Хрватска 13
2. Грција 8
3. Русија 6
4. Македонија 3
ИДНО 6. КОЛО (20.04)
Русија - Македонија
Хрватска - Грција

СТЕВАН НОНКОВИЌ - СЕЛЕКТОР (МКД)
"Јас и сега држам час"
"Оваа победа ја подарувам на Македонија, на народот, на оваа прекрасна публика. Верував во овој состав. Секогаш бевме блиску до победата, и со Хрватска и со Русија во Скопје и со Грција во Атина. Ни недостигаше спортска среќа. Овој пат имав и едно изненадување за сите. Го повикав искусниот Милиќ, кој даде одлична партија. Одржавме вистински час по ватерполо. Јас и сега држам час."

НЕБОЈША МИЛИЌ - (МКД)
Одлична атмосфера, прекрасна публика
"Одлична атмосфера, прекрасна публика. Почнавме агресивно. Таквата игра сама по себе носи и одредени грешки, но со борбеност со желба за успех успеавме сето тоа да го анулираме, да го надоместиме."
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom