Македонија - Грузија, 8 септември 14:30

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Бо е легенда. Браво за него и за сите други што не прават горди во овие моменти. Најголем успех на репрезентативно ниво, 1/4 финале ниту една друга Македонска репрезентација не играла.
Европско првенство во ракомет 2002.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
сеуште не ми се верува дека МАКЕДОНИЈА е во 1/4 финале на европско! последната минута мислам дека срцев удар ке добијам цел се тресев али на крај кога борче даде кош едноставно летав од среќа оваква среќа не се опишува . сега следните две утакмици можеме поопуштено али сепак барем уште една победа да останеме први во група!
 
А

Анноун

Гостин
ви се чудам на паметот , дијазапами , лексилиуми пиете , срцето ќе ви излетало , живот ви скратиле. не знам шо оваа нервоза, јас ептен бев опуштен последниот напад, знаев дека ќе положи Бо. А хејтерите другите репрезентации што јадат бурек дека Бо ако не бил ништо нема да сме направиле , само ќе им порачам КОЈ ИМ Е КРИВ што дремеле ! Ние си го лапнавме машинава, и они може само да сисаат сега. Колку што знам нема правило колку треба да биде јак натруализираниот кошаркар. :)
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Абе сега, ние можеме да биде пристрасни колку сакаме, ама без Бо денес немаше шанси да победиме. Се виде играта без него. Ако ни тргнат шутеви можеме да се држиме со секого ама ако не тргнат, и Грузија ќе не победи со 30 разлика...
Уделот на Бо во нападот е ненормален. Незнам како можеш да кажеш дека денес не ја реши сам Грузија. Сам идеше на напади, кога другиве немаа никаква идеја. Сам превземаше одговорност во најбитни моменти. Кога Грузија ќе се одлепеше бар малку, Бо одеше на двочекор и положуваше. Даде 27 коша, а најблиску беше Војдан со 8...
Па сега види ти...
Со тоа не го омаловажувам успехот на останатите, ама да бидеме фер и да признаеме дека без Бо немаше да бидеме овде:)
А што мислиш без Антиќ и Гечевски ке бевме овде???????? Размисли малку што збориш
 

V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304
Абе еј.. не треба секогаш вакви завршници да имаме... ако стигнеме до финале и ако играме така во последните минути половина Македонија ќе треба да падне во несвест :)

http://www.b92.net/sport/litvanija2011/vesti.php?yyyy=2011&mm=09&dd=08&nav_id=540647
За каков несвест зборуваш не ми е јасно , кога денес цела Македонија беше пред инфаркт ;)
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
и заборавив...

Како се викаше човекот кој го донесе Бо во Македонија !? Да потпишеме петиција веднаш да го стават за министер за странски инвестиции. :)
Мислам дека Врба беше НАЈЗАСЛУЖЕН да се донеси Борче....(со оглед дека играше во Монтепаски,и има врски со првите луѓе на Сиена)....
Било како,кој и да го донесе во Македонија,да му се позлатат рацете,ваков поклон Македонија никогаш не добила....:cuc:
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Не одвојувајте никого посебно на овој натпревар,тепавме што тепавме пак ради јаката одбрана,ваков мизерен напад не сакам да видам никогаш повеќе,па макар имал Бо или к***в и 50 поени.
Премногу се вложува во одбраната така да за играчи ко нашиве кои што се кондиционо и психички слаби нормално е да се јави деконцентрација во нападот и да не им оди шутот. Со еден збор Бо ни е цел напад плус тук таму некој ако даде по некој кош или тројка во клучен момент, ама затоа имаме одбрана на место и секоја чест на Докузовски за ваквата стратегија која се покажува како победничка. Порано се сеќавам бевме едни од најтројкашките репрезентации во Европа, и ми беше чудно како со играчи како Врба и Наумоски не можевме ништо да направиме, ама затоа имавме слаба и неборбена одбрана. Иако стратегијава е победничка не може нападот исклучиво на еден човек да се потпира, што ќе се деси ако Бо се повреди не дај боже, во крајните моменти кога се крши резултатот само он е стабилен и си ја игра играта, другиве сите ко усрани се и губат концентрација. Имаме сјебан менталитет и тоа не само во овој спорт.
 
Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
и заборавив...

Како се викаше човекот кој го донесе Бо во Македонија !? Да потпишеме петиција веднаш да го стават за министер за странски инвестиции. :)
ВРБИЦА СТЕФАНОВ го донесе !:vozbud:

Инаку добро му е местото како спортски директор на кошаркарската репрезентација !
 
S

Stivie G

Гостин
Супер победа за нашиот 20 роденден, е сега треба да се мисли за 4-финалето, а најтежок противник мислам дека е Литванија пред се поради пеколната атмосфера што ја прават нивните навивачи и не би сакал да играме против нив во ниеден случај
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.717
Поени од реакции
11.977
Ако некако се пласираме на ОИ ќе треба да го подмладат Стефанов и да го вратат во игра. Друго чаре нема :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom