Мака ми е!

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мака ми е што дозволив кретеноидни амеби со човечки лик да направат да се осеќам лошо за себе, да немам самодоверба и за денес секогаш кога ќе ми дадат комплимент прво нешто што ќе ми падне на памет е: А бе да, секако...
 
С

Сатори

Гостин
Мака ми е што дозволив кретеноидни амеби со човечки лик да направат да се осеќам лошо за себе, да немам самодоверба и за денес секогаш кога ќе ми дадат комплимент прво нешто што ќе ми падне на памет е: А бе да, секако...
Да се надоврзам ... мака ми е што морам упорно да се докажувам пред себе и сите останати само за да добијам одобрение и тапшање за секоја моја одлука, колку и да е погрешна или правилна. Но она што навистина ми е мака е тоа што никогаш не се откажувам, што сеуште верувам и се надевам, дека оваа антропоцентрична ера на егзистирање ќе донсе нешто добро, дури и љубов. Вистинска, лесна, некомплицирана љубов.
 
П

Пепси_

Гостин
мака ми е од сите....осет да се немало брееее....дај живејте малце европејски а не гејски толку е тешко бе ???

мака ми е од дегени шо замарат со нивната религија и од нив човек не може да живее нормално бе празник било не се перело,ова било не се правело она....
мака ми е шо идиш у дискотека и сите зјапат по нешто наместо да играат или да бркаат женски/машки абе така како тутурутки...како денс критичари бе мајката и ќе застане: еј види го оној како педер играе,види онаа пачавра како се мава....дај одеби чоек.....
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Од што ми е мака за свирка со шкотска гајда сум не за со наша :icon_lol:.
Еј црквиче ќе прават и тоа на кое место таму кај што....

Се заебаваме ама ова со вложувањето ми изгледа заебано ама имам добро чувство.

Не поентата во толку пати ќе паднеш туку колку бргу потоа има да станеш, него ајде турчинот да ме тажи малку :icon_lol:.

--- надополнето: 23 април 2012 во 22:34 ---
Од што ми е мака за свирка со шкотска гајда сум не за со наша :icon_lol:.
Еј црквиче ќе прават и тоа на кое место таму кај што....

Се заебаваме ама ова со вложувањето ми изгледа заебано ама имам добро чувство.

Не поентата во толку пати ќе паднеш туку колку бргу потоа има да станеш, него ајде турчинот да ме тажи малку :icon_lol:.

 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Мака ми е, е не ми е бе
Доста е кукање,сите имаме проблеми ама кога ке слушнам “ Ти не знаеш како ми е мене“ од персона што најголем проблем во животот и било што да облече вечер, не ми мака ама јајцава ми отекуваат.
Па добро бе до кога вака , мобилниот, пораките, кој што рекол за кого, каде да се оди вечер, кој со кого се ебел не се од животна важност, не се битни битни се други работи друго го движи светот.
Ај да не се сакалдисувам нек си ебат матер.
 
Член од
2 ноември 2011
Мислења
68
Поени од реакции
81
Мака ми е од дволични и покварени луѓе, кои за жал ги има многу кај нас. Мака ми е од оние што се прават дека знаат се, а не знаат г...т да си го избришат... Не можам веќе ни да се докажувам ни да се покажувам каков човек сум, а уште помалку да толерирам нечии фрустрации. Дајте бре луѓе живејте за себе, гледајте си се себе си.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Два дена од дома немам излезено, цигара неам запалено...
Времево во тешки мелахонии ме бутка... Омекнат сум ко шампита, ми фали девојка ми, ми фалат другари, другарки...
Факсов.. то ест, мојата мрза и неодговорност ми ствара притисоци, па све на куп ми се таложи...
Не се осеќам баш нај сјајно да ти кажам право..
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Колку ги мразам оние филантропи што секогаш дрдорат за пропаста на човештвото, кризата на индивидуалецот, историските неправди на модерното време врз обичниот човек. Ги има по социјални мрежи, форуми, блогови, невладини. Дрдорат за корумпирана власт, за човекови права, за глобални завери од масони, илуминати и гуштери, за штетата од глобализацијата, против дискримининацијата. Кога ќе решат да престанат да дрдорат и да превземат нешто, излегуваат на некој плоштад, собираат некои улични музичари и си пеат песнички од Pet Shop Boys. Доаѓаат цајкани, ги тепаат, овие си одат дома и гневни продолжуваат да дрдорат на интернет. Дрдорат како да го приватизирале поимот човештво. Како тие да се гласноговорници на размислувањата и чувствата на секој човек. Типични мрсулави левичари научени само да офкаат и лелекаат за неправдите, да организираат хипи концерти и да кркаат ќотек од цајкани.

Then again, потребата на секој свесен човек, без разлика на идеологијата, да осознава повеќе, да се информира и да учи, навистина води до очај при секое ново сознание за светските и регионалните текови. Вистински луциден човек не може да остане конзервативен и да ги поддржува опресиите и репресиите на мегаломаните кои раководат со нас. Колку повеќе знаеш -- толку повеќе боли. Можеш да се тешиш со паролите на филозофите од типот на Шопенхауер или научниците како Саган дека ионака не си нешто посебно битна универзална алка и твоето мислење има потенцијал да се прошири колку еден прдеж во пустина...па да живееш согласно заклучокот дека си никој и ништо. Но, можеш и да работиш ревносно за да ја пренесеш пораката дека ни го превземаа животот и не фрлија во заложништво на неколку светски олигархии кои се борат за превласт. За што повеќе луѓе да се исправат пред предизвикот и да пружат отпор на плакнењето очи и перењето мозоци.
Можеш, се разбира, и со тоа ти се гарантира неуспех, несреќен живот и суицидални тенденции. The system works. The system has perfected itself.

Ако гледаме дедуктивно, опресија се врши од лулката на глобализмот, па надолу. Американците се први на удар. FED(федералната резерва) е приватна банка која тенденциозно работи на кредитирање на сите други банки во Америка. Дава заеми и на државата. Циркуларно, парите ги добива назад директно од граѓаните, преку банките, со камата. Контролата во FED се врши интерно и државата нема увид(или има само популистички, пред народот). Со тоа, финансиската судбина на најголемата светска економија е во рацете на неколкумина. Кенеди бил на добар пат да ја укине и бил укинат. Рон Пол беше маргинализиран токму поради анимозитетот кој јавно го искажуваше кон FED. Секој американец е роб на банкарската олигархија која успеа да навлезе во секој сегмент на јавниот и приватниот живот на секој човек.

На европско тло ја имаме бирократската олигархија во Брисел. Илјадници политичари кои никој не ги одбрал на никакви избори, секој ден работат на штанцање закони и правилници со цел одземање на националните суверенитети и регулирање на индивидуалните права и слободи под плаштот на некаква си сеевропска интеграција. Сите земји членки пред да станат земји членки имале своја економска политика, свој извоз кој сами го определувале и свој пазар со сопствена регулатива. Со влезот во ЕУ тоа престанало да важи. Државите мораат да регулираат што и колку произведуваат и извезуваат по диктат на Брисел. Грубо симплифицирано, државите не смеат да садат јаболка ако на ЕУ не и' требаат јаболка, иако цела нивна економија пред интеграцијата се базирала на извоз на јаболка. Со тоа, се одзема слободата на секој човек да произведува што и колку сака, бидејќи така ги губи о-толку-потребните субвенции од европските фондови.
Брисел во интегративниот процес заговара и унифицирање на правата и слободите, преку оформување на еден супранационален Устав, кој ќе го замени националниот Устав на земјите членки. Европа, иако се темели на исти вредности, сепак има јасна дивезификација во правното уредување од држава до држава, соодветно на менталитетот, обичаите, судската пракса и внатрешното уредување. Таквото унифицирање ќе го отуѓи човекот од своите права, од своите навики и начин на живот. Ќе му наметне вештачки правен поредок, гротескно напумпан со обем и квантитет кој обичниот човек нема да може ни да го прочита, а не пак да го разбере. И самите европски парламентарци денес добиваат по илјадници страни нов материјал кој треба да го изгласаат наредниот ден, со директива дали да гласаат ЗА или ПРОТИВ без воопшто да им се даде можност да прочитаат за што гласаат. Ние не знаеме ништо за ова. Нема ни да знаеме кога во иднина, преку правната сила на некоја фуснота во новиот европски Устав, ќе се укинат придобивките од magna carta и habeas corpus, па ќе бидеме апсени затоа што сме отвориле сомнителен вебсајт, ќе ни се рушат куќите заради изградба на споменик на Шуман и нема да имаме право да се жалиме, оти државата се согласила на тие правила на игра.

Во Македонија пак, имаме диктатура. Власта го национализираше нашиот живот. Власта ни кажува кои сме, што сме и за што се залагаме. Без согласност, без референдум, без консензус, ги троши моите пари на златни коњи и лавови. Без да спомене во предизборна кампања дека тоа ќе биде единствената капитална инвестиција. Без да ме предупреди дека постои шанса да се потрошат милијарда евра на барокна реконструкција на главниот град. Дека за таа цел ќе се земаат кредити и ќе се задолжуваме сите ние дополнително. Дека за да се исплатат тие кредити ќе се измислуваат даноци за секакви идиотарии и дека тие даноци ќе бидат толку големи што ќе го фрлат народот во невидена досега сиромаштија и очај. Стварно немав поим дека тоа планирале.
Немав поим и дека ќе ја измрцварат слободата на говор на ваков начин, со ваков монструозен PR и говор на омраза, со вакво угнетување на секој кој ќе се осмели макар и да ги критикува. Со вакви етикети дека секој со поинаков став е предавник, комуњар, дисидент. Живеам во држава на едноумие, на купени медиуми, на корумпирани бизнисмени и на погубно уништување на старата олигархија и создавање на нова.

И еве зошто ми е мака. Целосно свесен за овие репресии и опресии, наеднаш сум фрлен во ситуација во која морам да ги поддржувам. Ни се случи една неверојатна трагедија во која без причина ни убија петмина недолжни македонци кои ете, згрешиле само со тоа што се идентификувале како македонци.
За такви злодела во далечното минато бил виновен и западниот свет. Денес барем не убиваат. Разликата е во тоа што западот и западните бирократии се противник кој го познавам. Противник кој ми е близу и сеуште има начин да се победи. Петмината невини жртви беа убиени од луѓе кои коленичат пред најопасниот противник од сите, противник кој ми е туѓ, не го познавам интимно и ме плаши. Џихадот. Исламистичкиот експанзионизам и шеријатската држава.
Иронијата на "помало" зло совршено се рефлектира кога човек со изградени ставови и идеологија мора да одбере страна во конфликт во кој не сака да учествува. Мора да одбере кој ќе му одземе помалку, а не кој ќе му даде повеќе. Таква војна ми објави шеријатот мене и на сите кои не му слугуваме, без провокација од наша страна, со цел да ни го одземе и тоа малку што сеуште го имаме, во име на нивниот пророк кој силувал 8 годишни девојчиња.
Каков е тој западњачки либерализам кој ќе се бори против златни статуи во време кога некој брадат Коџак пука по невини деца? Додека 10000 протестираат во одбрана на такво убиство на "неверници", моите левичарски "современици" продаваат ефтина иронија и сарказам на фејсбук, си твитаат и си "лајкаат", а повремено и се собираат на мост. Јас го сфаќам целосно општото разочарување на луѓето, ги разбирам кога тврдат дека се е ова игра и дека вака западот секогаш пронаоѓа непријатели за да не држи покорни. Дека на таа карта Буш двапати победи на избори и покрај тоа што е имбецил и лажго. Но и тие треба да разберат дека it goes both ways, а во случајот со муслиманите, индоктринацијата довела до степен сами да се разнесуваат во име на Алах. Таков фанатизам кај нас нема. Тој фанатизам е опасен по нашиот живот. Мораме сите заеднички да се бориме. На крај, ако ја добиеме таа војна, сигурен сум дека веќе ќе бидеме целосно инкорпорирани во пропагандата за која предупредуваше Орвел, ќе му робуваме на стравот и потребата од Голем Брат. The system works. The system has perfected itself.
Сега сме соочени со целосна цивилизациска регресија и приморани сме да се бориме за живот. Не за права или привилегии.
За живот.

 
M

Moon Child

Гостин
Доста ми е од главоболка и несоница! Има ли намера некогаш да престане да ме малтретира?
Доста ми е од низок и очен притисок, подочници и бледило! Аман 21 година имам! Цел живот ли вака ќе ми биде?:sick:
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Мака ми е од бесчуствителните хиени т.н. колеги.. Треба ли цело време да глумам лудило и за се да се согласувам за да ме прифатат?
Мака ми е од неизвесноста, мака ми е од времево..
Maка ми е што не можат со луѓето кои ги сакам, да разговарам за моите проблеми затоа што изгорена и оштетена.
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
Мака ми е што не може едноставно со некои луѓе да се договориш туку мора секогаш да ја прават циганската! :mad:
--- надополнето: 29 мај 2012 во 17:26 ---
Мака ми е што не може со некои луѓе едноставно да се договориш туку мора секогаш да ја прават циганската! :mad:
 
С

Сатори

Гостин
Мака ми е.
Нечувствителни кон свеченоста на било кој, рамнодушни кон божественото и презриви кон се што е човечко, ние бескорисно се предаваме на бесмисленото чувство, одгледано во пречистиот Епикуреанизам, онака како што им доликува на мозочните нерви.
Се е предмет на некакви судбонсни закони, се одрекуваме од секој напор, како немоќните што се одрекуваат од атлетски напори, и се наведнуваме над книгата на чувства како скрупулозни научници за чувствата.
И нашето најдубиозно естетско размислување ќе биде она чиј предмет е она што го пишуваме. Но, ништо не е совршено.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Едно време за се ми беше мака, сега веќе


Everything I do, I do it for me, and for my loved ones!
Животот може да е најубав, кога не се замараш со небитни ствари и луѓе! И не ми мака ... :cool:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom