Мака ми е што сум заглавена во ваква држава каде се вложува само во еден град.Мака ми е што на факултет профеосрите ги боли **** за тебе,мака ми е што денес паднав на два испити а учев многу,мака ми е што на есејот кој го напишав на испитот вложив се од себе а скапаниот смрден професор ми рече дека не сум ја прочитала книгата,мака ми е што другарките не се веќе во мојот град заминаа на факултети во други градови,го имам само дечкото кој вечерва и неколку вечери претходно не излезе со мене туку со другарите,мака ми е што звучам љубоморно ама зошто преку зима можиме да се гледаме скоро секој ден а на лето излегува со кој му сака куро а јас седам дома и немам кој да го побарам и кога ќе му го кажам ова звучам себично и неблагодарно...мака ми е што мајка ми ќе оди утре на лекар на преглед за матката..мака ми е што немам пари да одпатувам барем неколку дена да се одморам далеку од сите кавги,мака ми е што не сум силна,што се си земам здраво за готово,што плачам како хистерична кога сум сама,мака ми е што мислам на убавите средношколски денови кога имав друштво,кога се пијанев кога сакам,кога одев кај сакам,кога ми беше гајле дали некој ќе повредам,мака ми е што немам храброст да им признаам дека се чувсвувам толку проклето изменета,како таа вистинската јас да ја потиснав некаде длабоко под земјата,мака ми е што почнав да станувам возрасна