Мака ми е што веќе година и пол доживувам страшна стагнација и не сум се мрднала од мртва точка, а и нема да можам да се мрднам, бар не некое време, освен ако нејќам радикално да ги растресам животите на неколку луѓиња.
Мака ми е што немам некој да ме следи во чекор, ми треба малку поддршка - не мора разговор или било што, само некој со кој би се разбрала со поглед и животот ќе биде сончев пак.
Мака ми е што не сум доволно кучка и не ги буткам сите кои ме буткаат мене...
Мака ми е што сум преполна негативна енергија и не можам да се излечам...осеќам ќе треба да одам на еким
))
Мака ми е што имам врска без врска и секогаш кога ќе кажам дека нешто ми смета во истата, излегува дека сум лутка, дека сум вечен незадоволник...До кога вака?
Мака ми е што имам пријателки на кои им е полесно да си изоговараат меѓу нив работи во врска со мене, а потешко им оди да ми понудат помош кога ми треба.
Мака ми е што не си го барам своето кога си го заслужувам.
Мака ми е што мама нон-стоп ми праќа од оние вргањ печуркине што ич не ме бендисваат?
Мака ми е што ми е олку мака!
Уф, мачен пост, ама полесно на душичкава :kesa: