За поздрав е иницијативата за збогатување на програмата и осовременување на телевизијата. Се надевам дека МТВ ќе се наметне како добар пример за бљувотините од типот на Шител и Кењал5, па можеби и тие ќе се обидат да воведат модерна програма и помалку политика.
Имам една замерка. Пред некој ден пуштив фудбал пренос Вардар играше со Дрита. Значи целиот пренос изгледа како да е сниман со една, максимум две камери. Па добро бе јас разбирам дека неможеме да правиме пренос во стил на Лига на Шампиони со толку многу камери и агли, ама пак цел натпревар да го гледаш од птичја перспектива без ниеден низок кадар од терен кон трибини (не дека имаше публика да се покаже но не е тоа поентата тука), или пак од повеќе агли... Едино што таа смрдлива камера од пред 30 години зумира на моменти па можеш да распознаеш фаци.

Средете го и ова, ситниците се битни!
П.С. Прочепкав по темава наназад неколку страни, каков ремет јадат МТВ на Facebook хаха, па уште тие 60 и кусур годишните што прв пат верувам се среќаваат со интернет ги седнале и даваа сериозни официјални одговори. Каков паблик рилејшан имаат врв!
