- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.478
- Поени од реакции
- 5.932
15.07.2008 18:18
Косово се отцепи од Србија и сега е независна држава, се оценува во заклучокот на Меѓународниот монетарен фонд во врска со барањето на Приштина за прием во оваа глобална финансиска институција.
На состанокот на извршните директори на ММФ е прифатен извештајот, во кој се наведува дека според истражувањето меѓу членките на организацијата, а пред се врз основа на мислењето на земјите што имаат мнозинство гласови во Фондот, констатирано е оти Косово се отцепило од Србија и дека сега е нова независна држава.
Србија се спротивстави на ваквиот заклучок со оценка дека Косово „еднострано прогласило независност со што е прекршена Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН“.
Според српските претставници, самото разгледување на барањето на Косово за прием во ММФ, претставува обид „да се наметне решение на свршен чин“.
Освен Србија, резерви кон ваквиот заклучок изнесе и Аргентина, чиј претставник оцени дека ММФ не може да носи одлука дали Косово е нова држава или не врз основа на гласачката моќ на земјите, туку дека за тоа треба да се решава во рамките на ОН.
Правниот оддел на ММФ оцени дека Фондот е независна меѓународна институција, која има право да носи одлуки за тоа дали некоја територија е држава.
Според овој оддел, одлуките на ОН не се предуслов за членство во Фондот и организацијата може да носи решение за прием што нема да претставува преседан.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=95326