МЛЕКАРИ идете у пм

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
29.01.2009 09:50
Млекарницата „Сведмилк“ соопшти дека е во финални преговори со потенцијален меѓународен купувач, кој е подготвен да ги преземе сите акции на компанијата.
Наместо на сточарите, парите на лична сметка

23.02.2009 15:54

Новиот газда на шведската млекарница бизнисменот Моше Баум, отворил нова лична сметка во НЛБ - Тутунска банка, преку која почна да профитира.
:helou:

немале друг избор верувај те.
Груевски плива на пари,сега ако не го превртат да им ги исплати средствата поради промашената инвестиција не се мажи.
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
На жалост таква е реалноста, да мора со тракторите и со истурање на млекото да си ги земат нивните пари, на кои чичко никола досега ако ништо друго земал дебела камата:helou:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
На жалост таква е реалноста, да мора со тракторите и со истурање на млекото да си ги земат нивните пари, на кои чичко никола досега ако ништо друго земал дебела камата:helou:
Всушност можеби тука е и главниот проблем.Не може да го раскине договорот со банката од каде треба да земе 10% камата или практично 400 000 евра за оваа година.:smir:
 
SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
ТАТ може вода да му носи на СВЕДМИЛК.Бум во економијата и инвестиции а?

Млеково е закон,ама да знаел дека ќе му скисни не го пиел.
 
Attachments

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
ТАТ може вода да му носи на СВЕДМИЛК.Бум во економијата и инвестиции а?

Млеково е закон,ама да знаел дека ќе му скисни не го пиел.
Резултатот е 1:1 бидејки и Киро Глигоров и честиташе на Соња Николовска како најуспешен бизнисмен...
 
Член од
23 февруари 2009
Мислења
83
Поени од реакции
6
Брзо ке падне владата на груевскии... Жалам што немаме други луге освен тие истите од СДСМ и ВМРО.. и зато тапкамеее во исто местоо.. да знаете дека тоа е нај големио проблем во нашата државаа.. :uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::toe:
 
delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Сведмилк утре стартува со исплатата
Скопје /24/02/ 12;46
Скопската млекарница Сведмилк од среда започнува со исплатата на вкупниот долг кој го има кон фармерите, заклучно со месец јануари, соопшти компанијата.

Млекарницата нагласи дека со утрешното започнување на исплата на фармерите, ќе биде одржано ветувањето пред фармерите дека исплата ќе започне до крајот на неделата.

Сигурни сме во иднината на фабриката, во нејзините капацитети. Веќе имаме направено договори за извоз, а остануваме силно присутни и на македонскиот пазар“, изјави Моше Баум, генералниот менаџер на Сведмилк Македонија

Тој воедно информира дека е поднесена тужба за наплата на долгот од бизнисменот Велија Рамковски, во износ од околу 300 илјади евра, а средствата кои ќе бидат добиени од судската разврска ќе се донираат на Детската клиника во Скопје.
 
Сега некој политичар ке ги буцне на млекарите за да им биде платено и истуреното млеко,поени се собираат батка...:baeh:
 
delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Рамковски нуди милион евра за сточарите

Коментари (1)
01.03.2009 18:31
В
Новиот газда на шведската млекарница Моше Баум ги пакува куферите за Мајами, а сточарите се уште се надеваат дека ќе го врати долгот.
Последниот изговор е блокираната сметка во „Комерцијална банка“. Пред две недели ја зема млекарата за само едно евро, млеко добиваше без пари, продаваше залихи и инкасираше 200 илјади евра на сметката на неговата фирма „Феникс Енерџи“.
Сето ова, пред очите на јавноста.
„Апелирам, многу лошо ќе биде, ќе си избега, меѓутоа ако избега, да не му дадеме парите да си оди. Тоа треба и државата да си види, односно тие што се грижат за законите, за криминалот, мора да видат, да не ни отиде со парите, тоа ќе не понижи“, вели Велија Рамковски, бизнисмен.

Рамковски смета дека сточарите со својот влог од 4 милиони евра, имаат повеќе право на млекарницата отколку сегашниот газда Моше Баум.
„Ако Моше станал со едно евро и не може да ги исплати, а сточарите имаат 4 милиона, фер е да им го предаде сопствеништвото на сточарите. Тоа е првото. Како ќе се организираат тие, сигурно со нивни претставници, да овозможат да работи млекарата“, рече Рамковски.
За да може млекарницата да работи, Рамковски предлага да им исплати на сточарите еден милион евра, односно да го врати долгот од 286 илјади евра и да авансира уште 714 илјади евра, се со цел, сточарите да закрепнат и да опстанат во овој преоден период, до новиот сериозен инвеститор.

Се јави супермен за спас на млекарите,изгледа малце пари му се од камати:pos2:
Ко не фаќаат млекарите стапот и по Моше и по Велија!
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Брзо ке падне владата на груевскии... Жалам што немаме други луге освен тие истите од СДСМ и ВМРО.. и зато тапкамеее во исто местоо.. да знаете дека тоа е нај големио проблем во нашата државаа.. :uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::toe:
Имаме бе како немаме,само што многумина не им веруваат.:toe:
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Резултатот е 1:1 бидејки и Киро Глигоров и честиташе на Соња Николовска како најуспешен бизнисмен...
не бе грешка си :)

свед милк си беше приватна фирма, отворена со ризик ко и во секој бизнис.
од сведмилк домументи не се изнесуваа со вреќи.

Безврска е споредбата на сведмилк со тат.

Млекарите поради застојот губат пари, да, ама сведмилк ќе продолжи со работа и пак ќе им се откупува млеко итн...

а заради тат луѓе се бесеа бееее ејјјјј!!!

Имаме бе како немаме,само што многумина не им веруваат.:toe:
кај се тие жити се, дај просветли ме.... во чиј караван се сраснати?
овде за сите избори има две коалиции....:toe:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
не бе грешка си :)
свед милк си беше приватна фирма, отворена со ризик ко и во секој бизнис.
од сведмилк домументи не се изнесуваа со вреќи.
Безврска е споредбата на сведмилк со тат.
Млекарите поради застојот губат пари, да, ама сведмилк ќе продолжи со работа и пак ќе им се откупува млеко итн...
а заради тат луѓе се бесеа бееее ејјјјј!!!
кај се тие жити се, дај просветли ме.... во чиј караван се сраснати?
овде за сите избори има две коалиции....:toe:
Млекара која вреди 15 милиони евра да чини 39 милиони со долговите направени само по една година од нејзиното отворање е малку “шашава“ работа,можеби и полоша од ТАТ кој исто така беше приватна фирма и од која многумина ќарија со високите камати,само што сакаа да земат уште,да си ги триплираат вложените средства,јебига алчен гас......се знае што прима.:toe:
Најчудно е тоа што некоја “будала“ купува фирма со долгови од 39 милиони евра истовремено кога може да изгради нова исто таква за 15 милиони евра.Кој ги потроши тие фамозни 24 милиони евра,разлика која се појавува во банкротирањето на млекарата?Цацко?Зошто никој од банкарите или финасиерите не кажува каде се 24те милиони евра?Кој се е замешан во оваа финансиска проневера на пари во оваа приватна фирма исто како ТАТ што беше приватна,па да не смее да му се спомне името?Или можеби и тука има некој фамозен министер во тренерки слично како во ТАТ,само што тренерките овојпат се со друга боја?И на крај зошто млекара вредна 15 милиони евра му се продава на Евреин од нигде-никаде за само 1 евро,без истиот да гарантира со сопствен капитал односно гаранции дека барем ќе ги исплати млекопроизводителите ако не и оние кој проневериле барем 20тина милиони евра?
Инаку луѓето што можат да ја средат работата,мора ли да се од некаков политички караван,за да ги слушаат нивните совети?
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Gi pdrzuvam ova ovcarive i vlada neka ide u p m ali nikako da razberam kako ova ovcarive ne im tekna da odat da ja blokiraat taa mocana mlekara i da opbesast tamu nekoj namesto da go davaat mlekoto za bez pari i ponataka,i da go maltretiraat narodot po ulicite, na kraj kraeva sepak se raboti za privatna firma
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
овој МОШЕ се повеке ми личи на оној МАРК (наводниот газда на Бучим) се секавате на него излезе дека е платен актер ,,,, основа за сомнеж е само една НЕМА НИКАКВА ЕКОНОМСКА ЛОГИКА да купам нешто со долг па макар било и едно евро а да треба да вратам 24 милиони ...изговор (смешен ) фабриката имала најсовремена опрема на блаканот ,,,, па цела фабрика ини 15 милиони .. МОЖЕ КЕ КАЛКУЛИРА ( ја игра улогата) До ЗАВРШУВАЊЕТО на ИЗБОРИТЕ за да после го снема.... секој оној кој се рабира во плакање знае дека ПРЕКУ КОНЦЕСИА МОЖЕ ДА СЕ ПЛАКА... за да еден ден потоа се премисли и ја обвини Комерцијална банка за блокирана сметка ,,,,, И ДРУГО владата си молчи како сето тоа да се случува некаде во друга држава наместо да прати ИНСПЕКЦИИ (како во ЕВН) не видовме ниту една служба да ја посети Млекарницата ,,а недостасуваат 24 милиони евра и тоа за една година,,,,,,,

кислеоооооо е ,ама нА млекарите ГОРКО Е МЛЕКОТО
 
delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
До петок да се исплатат фармерите!

04.03.2009 16:55
Спасеноски се обврза дека ќе го почитува договорот
Со лутина и нервоза пелагониските фармери синоќа го дочекаа министерот Ацо Спасеноски во просториите на битолската општина што претходно ги запоседнаа барајќи средба со претставници на Владата заради разрешување на проблемите со исплатата на млекото во шведската млекарница.
Фармерите не ја прифатија понудата на новиот инвеститор во „Сведмилк“ Моше Баум, кој испрати свој претставник со министерот Спасеноски, дека ќе ја одблокира сметката во „Комерцијална банка“ и дека за неколку дека ќе им исплати 40% од долгот.
Фармерите сметаа дека тоа е уште една шарена лага на израелскиот бизнисмен и затоа побараа гаранција од Владата дека парите ќе си ги земат.
По четиричасовни мачни преговори и усвитени телефони на релација Битола-Влада, Спасеноски потпиша договор со фармерите, кој бара целосна исплата на сите пари.
„Присутните претставници од Владата на РМ, министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, господинот Ацо Спасеноски, заменик министерот за земјоделие г-динот Кристијан Делев и претставникот на Собранието, г-динот Котевски Никола, пред претставниците на здруженијата на одгледувачи на говеда од Битола и другите градови од РМ, земаа обврска да ја информираат Владата да во рамките на нејзините законски надлежности помогне и посредува во решавање на спорот помеѓу фармерите и шведската млекара до петок 06.03.2009 година“, го прочита Спасеноски договорот.
На заминување еден час пред полноќ, министерот Спасеноски уште еднаш на фармерите им вети дека до петок ќе се реши нивниот проблем.
„Јас стојам зад сето тоа што како обврска го зедов тука“, рече Спасеноски.
Тие најавуваа жестоки протести доколку ова ветување не се исполни и парите за откупеното млеко не легнат на нивните сметки.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom