Луѓе - пристап?

Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Сликата која си ја имаме за една личност е блиска до неговиот пристап, стилот на кој се изразува и се однесува во средината.
Кога сме веќе тука, какви луѓе ви се допаѓаат:
- Директни, брзи, искрени и без влакна на јазикот, кои многу не внимаваат на секој нивен потег иако располагаат со огромна интелигенција, меѓутоа нивното мото е "Нема потреба секаде да знаат колку сум паметен/а"

или пак
- Притаени, бавни, затворени и луѓе кои многу внимаваат на нивните културни гестикулации, насекаде се расфрлаат со рекламата "Колку се тие паметни" иако тоа е доста иритирачки бодеж во очите на прво опишаните..

Во која група спаѓате вие?

Подоцна ќе се надоврзам со друга дискусија на темава:wink:
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Па јас спаѓам во оваа втората група...позатворена личност од мене-не верувам дека има..А би сакала да сум барем малку отворена...но...што е тука-тука е :) И логично...штом не сакам да сум таква-значи сакам поотворени и директни луѓе.:)
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Можам да се ставам во првата група, бидејќи обично сум директна личност и не ме интересира што другите ке кажат за тоа што јас го мислам или правам, и секогаш сум искрена и го кажувам она што го мислам, но секако во одредени граници.

Затоа и ми се допаѓаат такви луѓе-отворени и кои не се замараат што другите мислат за нив!
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Ме нервираат таинствени, тивки луѓе, луѓе кои се флегми, мирни луѓе, луѓе на кои едноставно треба да им ги влечеш зборовите (глобално гледано).

Но, јас не би се сложил со класификацијата на Lady
некако првата категорија на луѓе: темпараменти, брзи, зборлести ми се луѓе кои напротив секогаш покажуваат дека се паметни, интелигентни и сл.
А втората: тиквите, мирни и повлечени се луѓе кои не се замараат со ништо и поради тоа немаат немаре на некого да докажуваат дека вредат и се паметни и на нив им е сеедно за мислењето на околината.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Ме нервираат таинствени, тивки луѓе, луѓе кои се флегми, мирни луѓе, луѓе на кои едноставно треба да им ги влечеш зборовите (глобално гледано).

Но, јас не би се сложил со класификацијата на Lady
некако првата категорија на луѓе: темпараменти, брзи, зборлести ми се луѓе кои напротив секогаш покажуваат дека се паметни, интелигентни и сл.
А втората: тиквите, мирни и повлечени се луѓе кои не се замараат со ништо и поради тоа немаат немаре на некого да докажуваат дека вредат и се паметни и на нив им е сеедно за мислењето на околината.
На првите, не им е битно дали во очите на другите ќе успеат да ја докажат својата интелигентност, сигурни се во неа...
Вторите се преоптоварени со неа..
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас сум многу зборлива дури претерано некогаш.Не ретко се случува јазикот да ми е побрз од мозокот и да треснам некоја глупост за која после долго време си ја тупам главата.
Кога правам муабет,не се замарам да докажуваам колку сум интелегентна.Едноставно се прилагодувам на муабетот и се внесувам во тоа што се збори и во муабетот или дискусијата.
Додуша кога се запознавам,знам да одам во две крајности: или многу да зборам или воопшто да не зборам.Некогаш ми е срам онака да зборам многу.Не знам зашто едноставно сум таква.По некое време се опуштам и се препуштам на зборењето.:pos:
 

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Па не знам баш во која група спаѓам.По природа сум тивка,барем на почетокот,со луѓе што не ги знам доволно.А со поблиски луѓе секогаш го кажувам тоа што го мислам,некогаш побрз ми е јазикот од мозокот,а некогаш сто саати ќе се мислам дали е правилно да го кажам то и то или не.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Не знам ни јас во која група спаѓам.Некогаш во првата некогаш во втората.Мене секогаш јазикот ми е побрз од мозокот затоа што мозокот по потреба го активирам ама се вадам од секоја ситуација за среќа. А и покрај тоа што можеби припаќам повеќе на втората група сепак повеќе ме привлекуваат оние од првата група и повеќе сакам да сум во нивно друштво.
 

Dzings

Premium
Член од
31 март 2007
Мислења
1.804
Поени од реакции
52
Ај јас како презентер малку постручно да објаснам:
Луѓе=PEOPLE на англиски! Така и се вика поставувањето према луѓето!
P.E.O.P.L.E. а значи:
P-Postures and gestures!
Сите движења со раце и глава се на прво место! Колкав размер зафаќате со рацете објаснуваќи. Имаше еден филм, само не се сеќавам како се викаше, кога дечкото го спреема да се кандидира за претседател и прво нешто што го учеа беше како да гестикулира со рацете на бина додека збори.....
Е-Eye Contact!
Поглед во очи, тоа е второто нешто на што треба да се обрни внимание! Кога пристапувате на некој, како го гледате и колку искреност давате!...
O-Orientation!
Како се снаоѓате во група, какво место завземате во група, дале сите на чело/се истакнувате или сте на крај/се прикривате!....
P-Proximity!
Колку блиску стоите до соговорникот, и дали му навлегувате во неговиот простор, минимум е пола метар!...
L-Look/Appearance!
Вашиот изглед и колку гордо изгледате!...
Е-Expressions of emotions!
Изразувањето емоции на лицето е последната работа, колку среќа/тага прикажувате!....
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Јас изгледа сум мешавина од двете групи.Понекогаш знаам да бидам зборлеста,и обавезно не мислам што кажувам,ми лета се,а понакогаш сум пак затворена,ретко зборам,набљудувам ситуација.
Во првата сум кога сум со луѓе што ги знам,што ги познавам,ретко кога се запознавам дрдорам,а во втората сум значи со луѓе што не ги познавам,што сум ги запознала тогаш.Зависи некогаш ако нешто не ми се свиѓа го кажувам и на тие што ги знам,и на тие што штотуку сум ги запознала.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Незнам од кој сум, но многу ме нервираат луѓе кои од една страна се флегми, се прават паметни, а од друга неможиш да извлечиш некоја корисна иформација кога ти е потребна. И капаче над се, кога му требаш ке те итка, ке ти посветува внимание... Се додека му свршиш работа и потоа за жив го нема!
 

shadows & smile

just a lost boy
Член од
10 февруари 2008
Мислења
291
Поени од реакции
7
Мене ми се допаѓаат и двете наведени групи...но ако го прават тоа во одреден степен бидејќи се си има граници.Некогаш е убаво да зборувате повеќе а некогаш да си преќутите.:smir: нели? Незнам за мене ама од луѓето што ме познаваат ќе ви кажат дека некогаш навистина претерано се занесувам во говорењето а некогаш едноставно си ќутам и размислувам да не кажам нешто што не е ок во таа ситуација.Ама претежно сум раздрдорен и низ тие дрдорења и смешки што ги кажувам секогаш има по нешто поучно ама само малце го сфакаат тоа...Никогаш не сум сакал да се правам ''некоја'' личност.Сметам за мене дека сум си доволно паметен а за другите нека мислат што сакаат...:toe:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
- Директни, брзи, искрени и без влакна на јазикот, кои многу не внимаваат на секој нивен потег иако располагаат со огромна интелигенција, меѓутоа нивното мото е "Нема потреба секаде да знаат колку сум паметен/а"
Може и со целост не сум во оваа група но дефинитивно ги сакам и се дружам со претставниците од оваа група. А мразам лицемери.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Сликата која си ја имаме за една личност е блиска до неговиот пристап, стилот на кој се изразува и се однесува во средината.
Кога сме веќе тука, какви луѓе ви се допаѓаат:
- Директни, брзи, искрени и без влакна на јазикот, кои многу не внимаваат на секој нивен потег иако располагаат со огромна интелигенција, меѓутоа нивното мото е "Нема потреба секаде да знаат колку сум паметен/а"

или пак
- Притаени, бавни, затворени и луѓе кои многу внимаваат на нивните културни гестикулации, насекаде се расфрлаат со рекламата "Колку се тие паметни" иако тоа е доста иритирачки бодеж во очите на прво опишаните..

Во која група спаѓате вие?

Подоцна ќе се надоврзам со друга дискусија на темава:wink:
Иако во принцип почитувам екстремни личности, кога станува збор за моите вистински пријатели, луѓе кои што ги сакам блиску до мене повеќе од час, два, три во една седмица, тогаш претежно тоа е некој микс од горе наведените две комбинации.

Понекогаш, едноставно ми е преку глава од некои персони што се што прават во животот им е за останатите да добијат одредена проекција и имиџ за нив и се нурнуваат во некои психолошки профил кој што мене ми е благо претеран и екцентричен, се разбира не сум љубител и на фикуси во зен-форма.

Додека јас сама, веројатно не спаѓам ни во едната, ни во другата, премногу сум гласна и организирана за да можам да бидам само едното.
:plet:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.653
Поени од реакции
13.130
100% не спаѓам во ниедна од овие групи. Имам некој процент на второто (флегма, внимавам што ќе речам, ги бирам зборовите...) но има и дел од првото... Обично со луѓето што повеќе ги знам, разговарам и тоа претерано некогаш. Но секогаш пазам на зборовите што ги избирам - да не ја повредам другата страна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom