Хахаххахах ИСТОТО СКРОЗ ми се деси
Исто скроз ко што објасни...само јас отидов еден чекор понатака, ги слушав звуците и ми го формирав сонот! Ме мрзи да го објаснувам али беше мрднат ЕПТЕН! (нон стоп слушав некои врескања у позадина ко да умира некоја жена од колење со тап нож) И на цел памет, ми текна дека имав прочитано за ако се погледнеш во огледало дека било многу страшно - И ГО ПРОБАВ (и се каам), у истиот момент кога ѕирнав во огледалото звуци на шкрипење врескање дерење сечење значи се таков хаос на мрднати звуци ми ја преплави главата, како да се борев со огледалото, тоа ги праќаше накај мене јас пробував да ги издржам, и на крај се натерав да се разбудам и не заспав цела вечер пошо ме фати страв пак да не ми се деси истото, а воедно и ми се активираше фобијата што си ја иам уше од мал, и си напраив проблем...
Си реков нема веќе, не го праам ова пак...али собрав храброст и пак пробував, после некое време успеав уше еднаш, по смирено и сталожено го формирав сонот и не гледав во огледало, ама чим приметив дека успевам, го земав сето здраво за готово и ми се урна сонот и се разбудив.
Од тогаш не сум пробал пак, ај вечерва баш ќе пробам да видам.