@theMac3donian: друже, и јас тоа го најдов одамна од ФБ, ама тоа е слика од дресот, не е амблем.
Инаку вчера бев на „турнеја“ низ североисточна Македонија, поточно околините на Велес, Штип, Пробиштип и Кочани. Пленот најден е следниот:
Работник (Лозово)
Кежовица (Штип) - го сликав од табла поставена до теренот на клубот.
Слога (Подлог) - го најдов на ѕидот на клупските простории. Ѕидот беше обраснат со треви и грмушки, доста труд требаше за да се „открие“ и слика амблемот. Но вредеше, бидејќи амблемот е прекрасен.
Младост (Оризари) - стариот амблем, од кога играа во Втора Лига.
Осогово (Кочани) - стар амблем
Победа (Прилеп) - три стари амблеми од периодот 1950-60, од книга која ја најдов во Пробиштип, во седиштето на ФК Рудар. Книгата е издадена по повод 30 години од формирање на Победа. Едниот амблем се гледа многу убаво, другите 2 не се премногу препознатливи.
Слики од амблемиве ќе постирам во текот на следните денови.
Денеска најдов уште неколку амблеми на ФБ, одамна немав проверено па во меѓувреме неколку клубови имаа ставено амблем.
Во Штип не успеав да најдам амблем од Бело Брдо, седиштето на клубот е одамна напуштено и запуштено.
Истотака, во Злетово за жал не успеав да најдам амблем од Злетовица, локалците беа неупатени, незаинтересирани, и единствениот човек кој веруваа дека може да ми помогне дента бил на свадба во Виница
Ми фалат следните амблеми од клубови кои барем еднаш играле во Втора Лига:
Бело Брдо (Штип)
Битола (порано се викал и Мариово)
Металург (Велес)
Пролетер (Македонски Брод)
Сувенир (Самоков)
Светлост (Кукуречани)
Ударник (Пирава)
Злетовица (Злетово)
од останатите клубови кои играле во 3тите лиги, би сакал да ги најдам уште и:
Полин (Стар Дојран) - амблемот што го имаат на ФБ е крадено лого, нема врска со клубот
Работник (Битола) - сега е 3та лига, но на времето има играно во Прва Републиканска Лига
Динамо (Скопје), подоцна преименуван во Милиционер (Скопје) - ова тешко дека ќе го најдам, ама сепак се надевам дека има шанса. Клубот има играно во Втора Сојузна Лига во СФРЈ во 40тите.