Логоа од Македонски фудбалски клубови

deko82

Македонец
Член од
7 септември 2009
Мислења
115
Поени од реакции
4
убаво е логото.

Нема врска што клубот е од сопиште а игра на цементара.

И ренова е од џепчиште па игра во тетово, Тетекс порано како домаќин играше на стадионот во Брвеница, ФК Љуботен дома игра на стадионот во с.Пирок.
 

deko82

Македонец
Член од
7 септември 2009
Мислења
115
Поени од реакции
4
еве неколку логоа сликани од значки
 

Attachments

deko82

Македонец
Член од
7 септември 2009
Мислења
115
Поени од реакции
4
deko82 ја примив пораката, биди малце стрплив :wink:

ФК Единство Скопје



(Наводно) формиран 1919 година, играа на стадионот во Чаир, последен пат пред 3-4 сезони, во градска лига.

ФК Лепенец Бардовци



Формиран 1964 година, играа во бараж за втора лига.

МФК Демир Хисар



има играно во втора лига во 1998/99. Некои ми рекоа дека најверојатно не е овој клуб тој што бил второлигаш туку ФК Демир Хисар, ама од следнава екипна фотографија се гледа дека клупските бои на тогашниот второлигаш се исти како боите на логово.


МФК Демир Хисар и ФК Демир хисар се различни клубови , и двете играат во општинската лига Демир Хисар
 
Член од
12 септември 2009
Мислења
71
Поени од реакции
5
МФК Демир Хисар и ФК Демир хисар се различни клубови , и двете играат во општинската лига Демир Хисар
Точно, тоа не го спорам. Само велам дека клубот што играл во Втора Лига е МФК, а не ФК.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499


Пробав да го прецртам амблемов, иако го имам само црно бел, со помош на општинскиот амблем од кој е фактички копија (фала Мујо!), и еве како излезе:

Mnogu mi se dopadna logovo na Sopiste :)

Ova Sun City e onoj Sonceviot Grad koj trebase da se izgradi? :)

Да, ги имам. Само ќе почекате за тие, бидејќи ми се дел од ексклузивниот материјал што планирам да го објавам наскоро, здравје боже.

Можам само да ти кажам дека Победа е зелено-жолта, со петокрака и железничкиот симбол, а македонија е црвен со бело м во средина.

Засега толку ;)

Поз

Супер, вреди да се почека.

Тоа се двата клуба од кои подоцна со спојување е формиран ФК Вардар.

Прилично се важни.


Дали постојат официјални податоци кога се основани овие два спортски клуба?

И дали постојат официјални податоци кој е најстариот фудбалски клуб основан во Македонија.

Доколку имате некои интересни стории, анегдоти за одредени македонски клубови, нешто оригинално, тогаш имате загарантирано артикл во еден странски (Полски) дневен весник, кој подоцна ќе биде искористен како референца во други извори и интернет страни.

Сакам малце да ја промовираме македонската клупска историја.
 
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.775
Поени од реакции
23
Mnogu mi se dopadna logovo na Sopiste :)

Ova Sun City e onoj Sonceviot Grad koj trebase da se izgradi? :)




Супер, вреди да се почека.

Тоа се двата клуба од кои подоцна со спојување е формиран ФК Вардар.

Прилично се важни.


Дали постојат официјални податоци кога се основани овие два спортски клуба?

И дали постојат официјални податоци кој е најстариот фудбалски клуб основан во Македонија.

Доколку имате некои интересни стории, анегдоти за одредени македонски клубови, нешто оригинално, тогаш имате загарантирано артикл во еден странски (Полски) дневен весник, кој подоцна ќе биде искористен како референца во други извори и интернет страни.

Сакам малце да ја промовираме македонската клупска историја.
za san siti, da, toa e soncev grad sto trebase da se gradi.

za istorijava na klubovi za koi prasa, bas u momentov ja citam "skopski fudbalski nezaboravi" od ivko pangovki kade imas za site klubovi koga i kako se formirani. vredi da se procita knigata, iako voglavno se e vo kratki crti, a knigata ima samo 160 strani, a dokolku se detalno bi se pisuvalo sigurno preku 500 strani bi imala knigata.
 
Член од
12 септември 2009
Мислења
71
Поени од реакции
5
ФК Вардар е оформен на 22 Јули 1947 на состанок во салата на кино „Вардар“, со фузија на Македонија и Победа.

Победа е оформена по завршетокот на 2СВ, и по триумфот во македонските квалификации станува првиот македонски прволигаш во СФРЈ, во првата повоена сезона. Клубот се смета за продолжение на предвоениот ЖСК-Победа, иако токму овој клуб е еден од петте кои го формираат Македонија во 1941.

Македонија, како што напишав, е формирана со фузија на пет клуба, на 10 Август 1941, во салата на кино „Уранија“ (денешно кино „Култура“). Петте клуба се: ЖСК-Победа, Граѓански, ССК, Југ и ССК Славија. Македонија во окупацијата игра во првата бугарска лига, каде што стигнала еднаш и до финалето, губејќи од Левски (поради службено изгубен натпревар, само да не стане македонски клуб шампион на Бугарија).

Имам детални информации и за овие пет клуба, сосе амблеми (освен ЖСК-Победа, но имам од повоената Победа).

Како и да е, иако под името „Вардар“ клубот постои од 1947 (затоа легитимно стои на амблемот оваа година), клубот исто така легитимно може да ја земе годината на основање 1919. Зошто? Бидејќи од сите горенаведени клубови, со фузии и промени на имиња, се доаѓа повторно до најстариот клуб кој исто се викал „Вардар“, а бил формиран во 1919 со издвојување на играчи од тогашниот клуб „Напредок“. А за „Напредок“, односно „Напредак“ (под српска окупација) знаеме дека го одиграл првиот официјален натпревар во Скопје, на 20 Април 1919 против екипа на англиски офицери, каде победил со 2:0.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Супер дечки.

Доколку имате желба можеме да се договориме да пуштиме нешто, ќе преведам јас, ако наидете на нешто интересно и невообичаено ве молам сејвувајте и ќе ги учиме други за нашата клупска историја, која ете не е така млада.

Дали постоеле и други клубови кои биле формирани пред 2 С.В. или 41 година?
 
Член од
12 септември 2009
Мислења
71
Поени од реакции
5
Па, имам информации за можеби стотина клубови кои дејствувале пред 2СВ. Повеќето се оскудни, најголемиот дел само регистрирани имиња на клубови, меѓутоа и тоа е доказ, колку-толку.
 

deko82

Македонец
Член од
7 септември 2009
Мислења
115
Поени од реакции
4
Најстар клуб во Македонија кој секогаш бил во натпреварувачка форма низ нашите лиги од формирање па до ден денес е ФК Љуботен формиран 1919. Овој клуб од формирање па до ден денес постои и никогаш не се фузирал со некого.
 

Mandar_80

е сеуште без репутација
Член од
3 август 2009
Мислења
217
Поени од реакции
11
Сопиште тие е после припор, а припор ти е после последна 24 во к.вода :):) Иначе не знам зашто тимот се води како од сопиште пошто таму не ни има терен па така лани играа на Цементара а сега кај мене во Пржино

Ke igraat cela sezona na stadionot vo przino zosto opstinata go renovira nivniot stadion.Da ne zaboravime deka ni se prijateli.taka?:kesa::kesa:

Најстар клуб во Македонија кој секогаш бил во натпреварувачка форма низ нашите лиги од формирање па до ден денес е ФК Љуботен формиран 1919. Овој клуб од формирање па до ден денес постои и никогаш не се фузирал со некого.

FK Slavija 1919 :vozbud::vozbud:pa do den denes se natprevaruva ,...Pozdrav SUMARI.
 
Член од
12 септември 2009
Мислења
71
Поени од реакции
5
FK Slavija 1919 :vozbud::vozbud:pa do den denes se natprevaruva ,...Pozdrav SUMARI.
Незнам од кај е податоков, но Славија во никој случај не е од 1919. Најстариот познат скопски клуб со тоа име е ССК Славија, а дури и тој е формиран во 1929, и подоцна се фузира во Македонија.

Иако логото што го имаш за аватар јас го прецртав од дрес (мујо ми ја даде сликата), не се согласувам со годината на формирање што стои...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.000
Поени од реакции
74.204
Незнам од кај е податоков, но Славија во никој случај не е од 1919. Најстариот познат скопски клуб со тоа име е ССК Славија, а дури и тој е формиран во 1929, и подоцна се фузира во Македонија.

Иако логото што го имаш за аватар јас го прецртав од дрес (мујо ми ја даде сликата), не се согласувам со годината на формирање што стои...
Грешка си!!!! Значи Славија е формирана во 1919 и играла на игралиштето што било кај сегашно мвр. Ти што збориш за таа славија, милсам дека играла на некој терен во аеродром
 

Kajgana Shop

На врв Bottom