Лифт во зграда, заеднички проблем

Schmetterling ʚїɞ

Ein Leben ohne dich ist wie eine Reise ohne Ziel.
Член од
14 февруари 2024
Мислења
76
Поени од реакции
171
На секој што оваа порака би му служела како искуство со ДАКА Карпош и сопственикот на ДАКА КАРПОШ - Марко.

Ние сме станари од бул: Јане Сандански 76, Скопје, Аеродром.

ДАКА Карпош не сервисираше со години(сигурно повеќе од 10-15 години).

Имавме ситуација каде што требаше да се заменат сајлите и јажницата. Добивме понуда од ДАКА Карпош, но побаравме и понуди и од други компании. Собравме четири понуди и одлучивме да одиме со друга компанија бидејќи по увид(вклучувајќи и инспекциско тело) утврдивме дека лифтовите не се сервисираат и одржуваат иако плаќаме месечен паушал за услугата.

Учтиво им најавивме дека од следен месец ќе дојде друга компанија која ќе не одржува и која ќе го сервисира тековниот квар.
Фирмата почна, замени јажниза и кабли и при кога го пушти лифтот, одеше неколку ката и фрлаше грешка на која што мајсторите укажаа дека е потребно калибрација.

Кога пробаа да го калибираат увудоа дека системот е заклучен со шифра. При комуникација со сопственикот на ДАКА Карпош - Марко, прво велеше дека нема шифра, за после да почне да пцуе и да кажува дека нема ништо со зградата штом други компаниии дале понуда.

Ние ќе го решиме проблемот правно, но за сите кои размислувате да ги ангажирате, ова е една топла препорака да бегате од оваа компанија.
Доколку сте корисници на нивните услуги, подобро проверете или ангажирајте инспекцискио тело за да видите дали навистина се грижат за ваквите лифтови.
Многу слично искуство со вашето имаме и ние со гореспоменатата компанија :(
Два лифта вечно полуфункционални, влегуваш и цупкаш додека те донесе а зградата е изградена пред 12 години, во строг Центар.
Ужасно лоша услуга, среќа или не, не живеам во Македонија па гледам кога сум овде користењето на лифтовите да го сведам на минимум.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.725
Поени од реакции
12.156
Нема свесни/несвесни и совесни/несовесни граѓани. Постојат само казни, кои ги нема.
Има само нефункационални институции почнувајќи од полиција, инспектори до Комисија за домување.
И соодветни измени во законите домување со поконкретни постапки и мерки. Пример она 51% од станарите (за разни прашања за одредени станови) или инспектор за домување за раскин на договор ...треба да се сменат оти се нефункционални.
Кога ќе земеш предвид и дека за замена на адреса ти требаат најмалку пола година, станува интересно кој све е учесник како сопственик на стан, т.е. повторно нефункционално.
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.719
Поени од реакции
21.727
Мене отсекогаш ми било енигма како може некој да нема срам и да биде до толку аморален. Да почнам од политичариве, кога доаѓаат делегации или колеги од странство не ли ги фаќа резил кога ги шетаат по искршени тротоари со ѓубре и џукели насекаде? Или пак обичниот плебс, што е тоа што го тера да плука шлајмови на сред тротоар или од тераса да фрла ѓубре на улица? Што сакам ќе правам, кур ми е двор ми менталитет. И после чорба, епа чорба Македонче.
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
543
Поени од реакции
818
И замисли сега ти купуваш стан во зграда ваква платен 2000 евра квадрат, лифтот внатре не работи, смрди на мувла, но старите и луѓе што немаат познавање со градежништво викаат " купете си во стара зграда подобро е", доколку било подобро тој на времето што не купил во зграда од кал, туку купил од тито зграда градена со нови стандарди. Сакам да кажам да не се купува стари станови ќе си имате проблем со станарите заостанати што не сакаат да си го сервираат лифтот и влезот во зградата..
Do narodo e, I vo novite zgradi zivee istiot narod I istite problemi ke gi imas
 

Kajgana Shop

На врв Bottom