Лифт во зграда, заеднички проблем

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.682
Поени од реакции
11.056
Јас имам проблем со стока која пуши цигари во лифт и се надевам прва прилика кога ќе ја фатам има да ја тепам толку многу што ќе се откаже од пушење.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.538
Поени од реакции
36.112

... има разни таленти кои во лифт свешто прават, посебно кога ќе ја наведнат главата од досада па од уста ќе пушти пљукајнца како езеро, да се згади човек да влезе во лифт,

ice_screenshot_20210920-142005.jpeg

... затоа ќе си поставите камера за надзор, една пред влез, една во ходникот кај лифтот и една во самиот лифт од тие најпрости преку Нет што можеш да ги следи куќниот совет, ќе залепите налепница дека има контролиран видео надзор од куќен совет и тоа,

не дека нема тој да не пуши, тој просто ја „чува цигарата“ за во лифт, само ќе се засрами од сите станари ако му замерат јавно!

ice_screenshot_20210920-142301.jpeg
ice_screenshot_20210920-142336.jpeg

што ќутек добила жената со дете во лифт што го замолила човекот да не пуши во лифт,
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.728
Поени од реакции
12.161
Проблем е што според дирекција за заштита на лични податоци, забрането било снимање во лифт, соблекувална, санитарен објект и слично. Плус треба некој елаборат/акт. Веројатно може да те тужи.

Sent from my 4047X using Tapatalk
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.538
Поени од реакции
36.112
Проблем е што според дирекција за заштита на лични податоци, забрането било снимање во лифт, соблекувална, санитарен објект и слично. Плус треба некој елаборат/акт. Веројатно може да те тужи.
...јас мислам дека не е проблем, куќен совет побарува и добива дозвола соодветното лице лиценциран за активностите на тој куќен совет т.е.председателот на куќен совет да го врши тој видео надзор кој по потреба се снима и се чува во архива доколку има некоја ситуација!
 
Член од
16 ноември 2020
Мислења
1
Поени од реакции
9
На секој што оваа порака би му служела како искуство со ДАКА Карпош и сопственикот на ДАКА КАРПОШ - Марко.

Ние сме станари од бул: Јане Сандански 76, Скопје, Аеродром.

ДАКА Карпош не сервисираше со години(сигурно повеќе од 10-15 години).

Имавме ситуација каде што требаше да се заменат сајлите и јажницата. Добивме понуда од ДАКА Карпош, но побаравме и понуди и од други компании. Собравме четири понуди и одлучивме да одиме со друга компанија бидејќи по увид(вклучувајќи и инспекциско тело) утврдивме дека лифтовите не се сервисираат и одржуваат иако плаќаме месечен паушал за услугата.

Учтиво им најавивме дека од следен месец ќе дојде друга компанија која ќе не одржува и која ќе го сервисира тековниот квар.
Фирмата почна, замени јажниза и кабли и при кога го пушти лифтот, одеше неколку ката и фрлаше грешка на која што мајсторите укажаа дека е потребно калибрација.

Кога пробаа да го калибираат увудоа дека системот е заклучен со шифра. При комуникација со сопственикот на ДАКА Карпош - Марко, прво велеше дека нема шифра, за после да почне да пцуе и да кажува дека нема ништо со зградата штом други компаниии дале понуда.

Ние ќе го решиме проблемот правно, но за сите кои размислувате да ги ангажирате, ова е една топла препорака да бегате од оваа компанија.
Доколку сте корисници на нивните услуги, подобро проверете или ангажирајте инспекцискио тело за да видите дали навистина се грижат за ваквите лифтови.
 
Член од
2 октомври 2018
Мислења
14
Поени од реакции
19
Доколку некој знае, би замолил да ми даде некоја информација плус или да ме упати на одредби од Законот за домување, други закони или подзаконски акти.

Имено, во случајов се работи за лифт (дограден 2005 година во зграда од 1965 год. , на барање на станари од погорните катови) кој не е во функција подолго време. За негово ставање повторно во функција, потребни се околу 5-6 илјади евра. Дали тој износ мора согласно ЗД да се дели еднакво по секој стан за плаќање или има друг начин за распределба на деловите од износот за наплата?
 
McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.972
Поени од реакции
11.621

Според мене станарите на пониските катови плаќаат помал процент
 
Член од
2 март 2016
Мислења
488
Поени од реакции
482
Доколку некој знае, би замолил да ми даде некоја информација плус или да ме упати на одредби од Законот за домување, други закони или подзаконски акти.

Имено, во случајов се работи за лифт (дограден 2005 година во зграда од 1965 год. , на барање на станари од погорните катови) кој не е во функција подолго време. За негово ставање повторно во функција, потребни се околу 5-6 илјади евра. Дали тој износ мора согласно ЗД да се дели еднакво по секој стан за плаќање или има друг начин за распределба на деловите од износот за наплата?
Износот се дели еднакво на сите станари, прочитај повеќе за етажна сопственост.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.538
Поени од реакции
36.112
...како за кратко време се решава вградување на лифт на стари резидентни згради!

Член од
7 септември 2016
Мислења
20.538
Поени од реакции
36.112
...има многу стари згради со стари лифтови, за чие сервисирање понекогаш се потребни многу големи суми пари, бидејќи е неопходна замена на важни и скапи делови од лифтот.

...од Регулаторната комисија за домување велат дека знаат за вакви примери, а бидејќи станарите не се согласуваат да платат за скапите делови, инспекциските служби го забрануваат лифтот за употреба, но станарите го користат и натаму на сопствен ризик, а нема законска рамка да ги натера граѓаните да не го користат лифтот.

... од Стопанската комора на Македонија велат дека целата одговорност ја има Техничката инспекција, чии инспекциските служби при Министерството за економија ( контакт тел 3118-289),ќе можат и да го пломбираат лифтот што не е за употреба, бидејќи тој сега е сопственост на станарите и тие решаваат што ќе прават со него, но има „дупка во законот“ и никој не сака да го реши овој проблем.

...инспекторите не сакаат да прават контроли во зградите каде што има заедници на станари, бидејќи таму нема кого да казнат, додека пак во зградите каде што има управители можат да ги казнат управителите, кои во случајов се само домаќини на зградата.

...сервисерите за лифтови кај нас не се лиценцирани, барем поголемиот број, што треба законски да се реши.

... надлежна институција да врши контрола на законското регулирање е Државната техничка инспекција преку групацијата на лифтаџии, која функционира во рамките на Стопанската комора на Македонија, па лифтовите треба да се одржуваат редовно, што е регулирано со закон, постои редовен технички сервис и задолжителен годишен преглед на лифтот.

... поради големиот број недоречености во законот, како и поради тоа што се појавуваат ситуации во кои граѓаните не можат да платат за обновата на лифтот, се вклучуваат надлежните од локалните самоуправи за да им помогнат на граѓаните, таков е сега и примерот со општината Центар, која ќе субвенционира не повеќе од 300.000 денари за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација, а преостанатите 70% ќе ги обезбедат сопствениците на посебни делови преку кредитирање или во готово.

...постои законска обврска лифтовите да се сервисираат еднаш месечно, а еднаш годишно да им се врши технички преглед, во старите згради треба почесто да се контролираат лифтовите, бидејќи тие се многу стари и најчесто станарите немаат пари да ги заменат скапите делови, како на пример една сонда за лифт чини околу 50 илјади денари, а можеби би требало да се заменат сите, тоа е скапа инвестиција што треба да ја платат, а најчесто не се во можност, па затоа треба да им се овозможи тоа да го направат на рати.

Во земјава се вградени 12.000 лифтови кои ги сервисираат и монтираат вкупно 90 фирми.

Член од
22 декември 2018
Мислења
429
Поени од реакции
611

И замисли сега ти купуваш стан во зграда ваква платен 2000 евра квадрат, лифтот внатре не работи, смрди на мувла, но старите и луѓе што немаат познавање со градежништво викаат " купете си во стара зграда подобро е", доколку било подобро тој на времето што не купил во зграда од кал, туку купил од тито зграда градена со нови стандарди. Сакам да кажам да не се купува стари станови ќе си имате проблем со станарите заостанати што не сакаат да си го сервираат лифтот и влезот во зградата..
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.847
Поени од реакции
10.537
Сакам да кажам да не се купува стари станови ќе си имате проблем со станарите заостанати што не сакаат да си го сервираат лифтот и влезот во зградата..
Вакви луѓе не можам да разберам, без разлика стари - млади.
Абре си купил стан или нема везе живееш тука 100 години, како не ти е глупо сам себе да не си поможиш и да не даваш пари за чистачка, за сијалици промена, за уредување на двор, недај Боже вака нешто покрупно од тип на лифт или ако има некое стакло кое се скршило, врата и слично.

Па има еден куп згради со преебани врати за влез во гаража, сите возила така стојат на изволте + визби. Навистина посебна сорта на луѓе се ваквите.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.388
Поени од реакции
5.230

Затоа што народот е прост и клет.
Пред некоја година кога стасаа со линијата за оптички интернет. Наместо да монтираат во нашиот влез, екипава ја гледам се збира.
Им викам - Што правите?
Не не пушта тој од втори да копаме....
ШТО?!?! Од татко му да не е зградата?!?!
Назад да се вратите и да пуштите и линија и сандачиња и све.
Па кога сум го подбрал..... 65годишно смрдено магаре што пола година не ни живее тука ќе кажува кој да копа кој не. Ќе ти саботира и работа и квалитет на живот и све.

Е тоа е колектив. Ќе се расправаш со секакви будали.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.678
Поени од реакции
11.903

Доколку куќниот совет на тој влез или фирмата управител која го одржува тој влез дале/дала согласност за спроведување на доводни оптички кабли, тогаш 65 годишното смрдено магаре нема материјал за кревање на галама, освен ако е предвидено трасата за доводните кабли да поминува низ негов/нејзин приватен имот, се разбира.

Инаку и кај мене едниот лифт постојано се расипува, а другиот - поголемиот, се оштети во земјотресот во 2016 година, поради што од инспекција го прогласија за небезбеден и го исклучија.

Пристигна понуда не за поправка или ремонт на лифтот, туку за целосна демонтажа и отстранување на постоечкиот механизам и кабината, и нивно заменување со целосно нов механизам и нова кабина. Можеби грешам, но мислам дека понудата изнесуваше околу 8000 (ОСУМ ИЛЈАДИ) евра, сепак поминаа речиси 8 (ОСУМ) години од тогаш и не помнам точно која беше сумата.

Нормално простите и клетите ја одбија понудата бидејќи помалиот лифт и понатаму работеше - со постојани дефекти, но не беше оштетен од земјотресот за да биде прогласен за небезбеден, поради што остана во употреба.

На мене лично не ми претставува проблем качување по скали бидејќи не живеам многу високо, но затоа тие кои живеат над 5-от кат во станбена зграда од над 10 (ДЕСЕТ) катови, си имаа маки со вежбање на ножни мускули по скалите, па кон крајот на 2016 година собраа пари за поправка - не за нов лифт, туку за поправка на постоечкиот лифт. Не бидејќи им дојде до давање на пари, туку бидејќи им се стемни од качувањето по скалите, бидејќи малиот лифт иако сеуште во употреба, сепак и понатаму се расипува одвреме навреме.

Дури минатата 2023 година имаше промена на управниот одбор на зградата, па зимата 2023/2024 ја демонтираа старата кабина од лифтот и направија нова кабина, механизмот делумно го заменија, но ако не грешам и понатаму лифтот ги користи истиот мотор и истите сајли. Севкупно демонтажата на старата кабина и монтажата на новата кабина чинеше околу 6000 евра, судејќи според сумите кои секој стан ги плаќаше на рати во временски период од 5 месеци. Побавен е од претходниот лифт, помалиот со сите негови дефекти и понатаму е побрз, но секако дека промената беше повеќе од добредојдена.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.538
Поени од реакции
36.112
...ако вака мали лифтови за реновирање и замена на делови толку се скапи, тогаш што ќе речат тие згради кои имаат подземен паркинг при што се колите се транспортираат со голем отворен товарен лифт?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom