Лифт во зграда, заеднички проблем

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.541
Поени од реакции
34.708
... еден од заедничките проблеми во згради (повеќекатници) претставува и лифтот, неговото одржување, поправка го исцедува и онака слабиот домашен буџет на станарите, како се справувате доколку се расипе, дали ги спроведувате законските нормативи за исправноста, дали го спроведувате правилникот за лифтови? како би требало да функционира еден лифт, дали имате посета од техничка инспекција за лифтови и какви искуства имате околу тоа? колкава е моќта на куќниот совет да одговори на одржување на лифтовите, што со лифтовите во старите згради?
... дали Владата може да направи напор да даде субвенции за лифтови на регистрирани куќни совети, барем дел да помогне за реновирање на лифтовите низ МКД, дали некој од политичарите живеат во зграда, па да знаат што мака мачат станарите со неопходните, а застарени лифтови, дали знаат дека постојат хендикепирани и инвалиди кои не можат да користат скали и лифтот преставува дел од неговиот живот?
...дали има некој пратеник доблест да ги предложи субвенции за лифтови во тие собраниски седници во името на народот што ги гласаше?
2.jpg 4.jpg images.jpg

lift-katna-528x700.jpg LIFT-ISKLUCEN-MJI-01.jpg

Pg201112015.jpg rasipan-lift-D-Andonovski.jpg

lift.jpg

mkd-370177.jpg lift-hodnik.JPG

350196-0.Basic-LIft.jpg thumbnail_Dalibor-Stankovski.png

dali.png
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Општини Центар и Карпош гледам давале субвенции за поправка на лифтови.
центар за 2019
Газибаба во 2017

За ова веројатно знае Куќен совет, но ако случајно не знае, ќе треба да праша во конкретната општина дали има таква помош и колкава сума.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.336
Поени од реакции
4.926
Имате фирми за управување со згради. Си иде на сметка секој месец за одржување на лифт.
Кај нас се расипа лифт - 15.000ден. поправка. Тоа што го плаќаме на сметка? Не важело тоа е за редовен сервис.
Тие 15.000 ги поделија на сите станови во влезот во сметката од наредниот месец.
Е тоа е стан

Плаќаш за чистачка
Плаќаш за струја/осветлување
Плаќаш за лифт
Плаќаш за дефекти
Плаќаш за заеднички фонд
Плаќаш надоместок за фирмата која води сето тоа.
Плаќаш паркинг
Плаќаш сеф за зимски/летни гуми пошто на ку**в ќе ги ставиш пневматиците ако немаш подрум.
Домофон прва година искршен.
Сандачиња пола брави не функционираат зјаат отворени и им ебаваат мајката оние што бутаат флаери
Стапалки на ѕид до пет метри во висина.
Гомна од керови
Плуканици и тешки зелени секнења на ноздрални шуплини
Мастики по скали
10год неочистени светларници
Два-три дена ѓубре стои пред влезна врата смрди најлончето тече по плочки. Се чека чистачката да им го фрли. Јер ПСИХОПАТИ!
Се помируваш со фактот дека живееш во зграда. Вртиш клучот три пати и се одаваш на криците од жената над тебе која веќе втор пат оваа недела мажот и ја влече по паркет. Очекуваш секој момент крвава дамка да се појави на таван.

Благодетите од 1200€/m2
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836

Решение: К У Ќ А
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Интересна тема.....точно заднички проблем и тоа голем кај мене во зграда.....кај мене за жал нерешлив.
Живеам во општина Аеродром во 10 катница каде што има само еден лифт.
Законот за лифтови и куќен совет го имав читано уште кога се доселив тука од Центар и го увидов проблемот.
Проблемот е константен.....се случува лифтот да не работи и по месец дена....а јас сум најгоре.
Во врвот на кабината слободно влегуваат тројца станари (членови на куќен совет -неовластено) и кога треба да се напише некоја фиктивна фактура едноставно го гасат лифтот и тој останува така неколку дена (околу една недела).....додека наводно дојде сервис и го поправи. Јас и соседите на катот најдобро знаеме дали доаѓа сервис бидејќи сум на последен кат, а поради безбедност имам поставено камера (законски) над мојата влезна врата.....така да сум ги прегледувал снимките......сервис не доаѓа едноставно истите станари го пуштаат лифтот.
На тие состаноци на станари сум дебатирал каде се фактурите за лифтот и што е извршено, каде е месечен извештај приходи/расходи/состојба да видам, колку пари има на резервен фонд итн.....Се им е покриено со фиктивни ф-ри за што ништо не е извршено.
Еднаш конкретно за лифтот кога не работеше три недели, со образложение дека моторот рикнал.....го прашав претседателот на куќен совет, може ли да повикам јас друг сервис со тоа што ништо нема да ти се наплати да дадат второ мислење, рече ОК изгледа мислеше дека блефирам. Бидејќи се познавам со сопственикот на Сезал.....дојдоа сервисери и во присуство на претседателот на куќен совет темелно го проверија лифтот. Се докажа дека на лифтот не му е ништо, моторот е исправен, целиот систем е добар сем некој водилици било пожелно да се променат кој чинеа ако не се лажам 4000 денари. Лагите излегоа на површина.
После со неколку соседи (другите не сакаа да се мешаат) пријавивме во општина, односно инспекција. Никој не реагира.....никој не го интересира.
Месечно плаќаме 550 денари а сме 56 стана.....додека живеев во Центар плаќав 350 ден. на 10 стана (Градски зид блоковите) и се функционираше беспрекорно.
Овде е хаос.....трагично е што никој не сака да го реши проблемот со овие лопови, едноставно 90% од соседите спремни се да се пентарат по скали рандом периоди и да се мачат, само да не се замерат со господата кучни савет.....се изнервирав. Па има луѓе во години, едвај одат им треба пола саат додека се искачат по скали до горните катови.....луда работа.
Нема доволно потписи (90% се за да се мачат и да молчат) за да се промени куќниот совет, општина/инспекција не реагира....си го имаат изгледа муабетот со куќниот совет.
Е тоа е ситуацијата кај мене во влез.......
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.600
Поени од реакции
18.021

Не плаќате многу. Кај мене е 750 ден а сме 120 стана во два влеза. Плаќаме на фирмата управител, плаќаме на претседател на куќен совет (ова уште не ми е јасно кој кур ќе ми е претеседател на куќен совет кој не се ни одржува кога веќе имаме управител фирма), плаќаме за одржување, плаќаме за чистачка, плаќаме за лифт.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Не плаќате многу. Кај мене е 750 ден а сме 120 стана во два влеза. Плаќаме на фирмата управител, плаќаме на претседател на куќен совет (ова уште не ми е јасно кој кур ќе ми е претеседател на куќен совет кој не се ни одржува кога веќе имаме управител фирма), плаќаме за одржување, плаќаме за чистачка, плаќаме за лифт.
Стварно многу плаќате. По проста логика мислам дека би требало да плаќате само на фирмата управител.....зошто и на претседател на куќен совет....сем ако нема некоја дупка во законот па ја злоупотребуваат.
Кај мене овие лопови си купија половни коли од по 5-6000 евра за две ипол години владеење.....а невработени се.
Јас и покрај сето ова што се случува кај мене плаќам.....неколку соседи што не плаќаа ги шибнаа на извршител. А за што плаќам.....само за чистачка (стварно нема збор, жената си доаѓа два пати неделно и чисти како што треба) и струја. За лифтот кажав, каде им е кречењето што го фактурираа, па за светло сензори и лед сијалици (на кат 3, меѓу-кат 1 =40...во Бриколаж истите се по 350 ден/парче =14,000 ден.) фактурираа 38,000 денари, токен читач за врата 45,000 ден.......очајно. Али ете им штанцаат ф-ри си делат пари.....хаос.
Влезов не е искречен од кога е изградна зградава, сандачињата за пошта попара.
 
  • Гнев
Reactions: MSE

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
За проблемите во објектите за заедничко домување, секогаш, без исклучок - се виновни самите станарите.
Не дај боже да сте собрани лош склоп на луѓе, ќе имате проблеми се додека не се исела или умрат проблематичните.
Ниту се фирмите за одржување виновни, ниту пак претседателот на заедницата на станари. И едните и другите ги бираат СТАНАРИТЕ. И едните и другите функционираат КАКО ШТО СТАНАРИТЕ ЌЕ ОДЛУЧАТ САМИ.

Имате фирми за управување со згради. Си иде на сметка секој месец за одржување на лифт.
Кај нас се расипа лифт - 15.000ден. поправка. Тоа што го плаќаме на сметка? Не важело тоа е за редовен сервис.
Тие 15.000 ги поделија на сите станови во влезот во сметката од наредниот месец.
Е тоа е стан

Плаќаш за чистачка
Плаќаш за струја/осветлување
Плаќаш за лифт
Плаќаш за дефекти
Плаќаш за заеднички фонд
Плаќаш надоместок за фирмата која води сето тоа.
Плаќаш паркинг
Плаќаш сеф за зимски/летни гуми пошто на ку**в ќе ги ставиш пневматиците ако немаш подрум.
Домофон прва година искршен.
Сандачиња пола брави не функционираат зјаат отворени и им ебаваат мајката оние што бутаат флаери
Стапалки на ѕид до пет метри во висина.
Гомна од керови
Плуканици и тешки зелени секнења на ноздрални шуплини
Мастики по скали
10год неочистени светларници
Два-три дена ѓубре стои пред влезна врата смрди најлончето тече по плочки. Се чека чистачката да им го фрли. Јер ПСИХОПАТИ!
Се помируваш со фактот дека живееш во зграда. Вртиш клучот три пати и се одаваш на криците од жената над тебе која веќе втор пат оваа недела мажот и ја влече по паркет. Очекуваш секој момент крвава дамка да се појави на таван.

Благодетите од 1200€/m2
- Нашата заедница (влез) има 56 стана.
- Имаме лифт од ДАКА.
- Станбен управител ни е УРБАН КОМФОРТ.
- Месечните трошоци за одржување се движат од 500-620 денари, во зависност од тоа какви трошоци имало претходниот месец од типот на менување плафонерки, неонки во гаража, колку дезинфекции се извршени и тн. Да, покрај редовното чистење се врши и целосна дезинфекција на влезот и лифтот 2 пати неделно.
- Со секоја уплата, 100 денари одат во резервниот фонд со кој управува станбениот управител. Овој буџет постојано се зголемува, но повремено го трошиме за набавка на некои работи од типот на косилка, црево, хортикултурно уредување и тн. Секако, внимаваме да не „падне“ под некој минимум од 40-50.000 денари за да имаме фин старт доколку се соочиме со непредвидени трошоци кои не ги опфаќа месечниот паушал кој го плаќаме на ДАКА за одржување на лифтот (имавме еднаш таков случај).
- Минимум еднаш месечно доаѓаат да извршат контрола од ДАКА, а при контролата, секогаш има присутен и некој од станарите.

За сега, се функционира без некакви потешкотии и ги држиме работите под контрола.

Зошто не е вака кај сите? Па тоа е лесно - СТАНАРИТЕ СЕ ДЕБИЛИ!

Кога би одбирал помеѓу сметка од 350 денари месечно и сопствено одржување (во кое ништо не функционира, се давиш во ѓубре, се молиш лифтот да не се расипе и сам менуваш светилки) и сметка од 500-600 денари месечно (во кое се функционира глатко и без главоболки) - секогаш би ја одбрал втората варијанта. Впрочем, сум бил дел и од таква и од ваква заедница, па со сигурно ти тврдам дека втората варијанта, иако незначително поскапа, е далеку поисплатлива.
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.255
Поени од реакции
2.241
И јас имам сличен проблем. Кога била изградана зградата инвеститорот останал долг 4000 евра на фирмата за лифт. Никогаш не го пуштиле лифтот, а буквално се е наместно. Т.е. еднаш го пуштиле за да помине технички преглед зградата, го изгасиле и така стои 15 години. Во меѓувреме се сменивме сопствениците на горните станови (3 и 4 кат), на долните 2 ката се исти. Ако сакаме да се пушти лифтот треба да ги платиме тие 4000 евра и плус уште нешто за да се санира од многуте години што нанеле штета. Како и да е станарите од 1ви и 2ри не сакаат да даваат пари зашто кога ги купувале становите наводно платиле и за лифт. А лифтот е поврзан и со теретен лифт, па така во сред Центар, имаме 6 подземни паркинг места, а колите ни седат на тротоар пред зграда. Нема да се реши дури овие од 1ви и 2ри не ги продадат становите.

А да се надоврзам на @Acid. Не е толку сјајно се со фирма за управување. Кај нас управува New Way Management (или по старо City Investment) и се тешки лопови. Никој да не ги најмил. Чистачка доаѓа едвај еднаш на 2 недели и ќе помине за 5 минути ко мачка со опашка. Сметки не плаќаат ниту за подстаница, ниту за струја, лани ни изгасија стуја, морав од џеб јас сам да платам 7500 денари за да ни пуштат пак струја во подстаница. Резервен фонд имаме не сакаат да ни го дадат. Сакам да го раскинам договорот откако ќе ги подмират сите сметки (~10 000 денари) и откако ќе го вратиме резервниот фонд. Не успевам. Ги пријавив во пазарен инспекторат и ништо не се смени, не ме ни известија од таму што се случило. Ама не застанувам тука, следно ќе ги пријавам во Регулаторна комисија за домување, а на крај лично јас ќе ги дадам на суд во име на сите станари.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.541
Поени од реакции
34.708
Општини Центар и Карпош гледам давале субвенции за поправка на лифтови. центар за 2019[URLunfurl="true"]http://www.centar.gov.mk/?p=8508Газибаба[/URL] во 2017 За ова веројатно знае Куќен совет, но ако случајно не знае, ќе треба да праша во конкретната општина дали има таква помош и колкава сума.
... зашто не би било субвенците на ниво на држава, а не на општина и тоа тие две, три општини не ја прават државата, зашто Владата не го реши овој проблем го имаат препуштено на општините, а тие не решаваат уште поважни проблеми на општината, а не пак за лифтовите се загрижиле,
... еден не се најде за предлог во тие собраниски седници да се решат сите лифтови во цела МКД тоа нема да биде голема сума, како што се трошат за други работи или барем да бидат ослободени куќните совети при купување делови за лифтовите кои богами не се баш ефтини, за реновирање онака не целосно се врти сума до 5000 Е + 18% ддв, т.е. 900 Е одат во „воздух“ само што куќните совети се регистрирани како фирма, иако тоа не е исто, му се мислам дали ќе има ефект да се напише нешто до министерство за финансии или пак до министерство за економија за проблемите на станарите околу лифтовите?
 
Член од
16 март 2019
Мислења
3.120
Поени од реакции
4.908
Iako temava e za livtovi vo stanovi jas sakam da prasam zosto vo zdravstvenite domovi poliklinikite i centrite za javno zdravje koj sto se na 1 ili poveke spratovi nema liftovi ovaa drzava treba prvo da izgradi instalira livtovi vo tie zdravstveni ustanovi zatoa sto tamu imaat potreba od medicinska pomos i luge koj od razlicni zdravstveni problemi nemozat da se kacat po skapi i cestopati nemozad da izvrsat pregled vo poliklinikite Cair Jane Sandaski Cento Centar Za Javno Zdravje Prolet zosto vo ovie i drugi zdravstveni ustanovi nema livtovi koga drzavata i Ministerstvoto za zdravstvo ke se svesti i ke postavi livtovi vo ovie zdravstveni ustanovi ? ? ?
Isto taka Livtot vo poliklinika Bit Pazar e vo ocajna sostojba drma trese ne se znae do koga taka ke funkcionira zarem treba da se sluci nekoj nemil nastan za da se osvestat i da go servisiraat.
Sramno i zalno e vo zdravstvenite ustanovi da nema livtovi ili da ima a da ne se funkcionalni
 
... поинаква ситуација е околу лифтовите во здравствените институции сите добиваат буџет ОПШТО за све според приложената потрошувачка и побарувачка, болниците и клиниките од министерство за здравство, а Здравствениот дом мислам дека е под ингиренции на Влада, а тоа како ќе го распределат тој буџет , дали воопшто предвидил некој износ за поправка на лифт, тоа е одговорност на директорот на таа институција,
 
Vo red seto toa go razbiram no vo normalna drzava treba da ima lift vo sekoja poliklinika zdravstven dom site sto se poveke od 1 sprat
E sega kaj nas prasaneto za mnogu raboti ne samo za liftovite e Kolku sme normalna drzava ? ? ?
 
Последно уредено:

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.419
Поени од реакции
3.642
Лифтот е луксуз не ви е потребен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom