Мислам дека во Македонија остана само желбата за инвестирање. Кога се случи економскиот удар сите се преорентираа кон инвестиции и зголемување на капацитетите. Но што се случи? Економската линија се дигна степен нагоре, продолжи праволински и повторно доби пад. Така тие инвестиции ја лапнаа ликвидноста. Јас не би препорачала инвестирање додека не се појават јасни сигнали дека заживува економијата. Ние и влагаме во рецесија, треба да се почека за инвестиции.
Во врска со лизингот добив некоја понуда за работа, па чисто ја разгледувам дали вреди да се прифати или не вреди. Кај нас документацијата е слична како кредитирањето, така да добро се заштитени при давање лизинг. Туку мене ме буни просторот за работа е многу затворен. Возилата се на лизинг од самите произведители - тука неможеш да влезеш и да земеш работа. Машини нема некоја голема побарувачка, бидејќи моментално работат со 50% од капацитетите. Пловила - не сме некоја земја на море незнам дали им побарувачка. Е сега останува простор во недвижнини, неразработен дел од нашите лизинг компании. И нешто што не ми текнува, а мора да се продава