Лига на шампиони 2011/12

Статус
Затворена за нови мислења.

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Кое искуство бе сите се над 28 години и поише се..... Сите зад себе имаат силни натпревари, и важни што ги изиграле. Може играат прв пат во 1/8 финале али не се неискусни....
Не може на 2-3 пати топката од раце да им испаѓа у контра....
Загреб беше подобар противник, изиграа одлична одбрана и имаа доста разновиден напад и чисти шутеви од 6 метра. Металург скоро и да немаше некоја добра акција или некој влез на 6. Со играч повеќе повторно лошо играа и не ја користеа таквата предноста.По мене сосема заслужена победа на Загреб.

п.с Што ли само мислеше лино на почетокот на натпреварот кога го извади Станиќ и стави играч со маркер ?:facepalm:
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Ептен ми е криво што испаднавме вечерва, ама тоа е тоа одиме понатаму чекор по чекор не брзаме, па дури и да поминевме во четврт-финале ќе не растуреа не оти е вака подобро ама примарната цел е остварена за годинава а тоа беше влез во втората фаза од ЛШ. Значи стварно судиите ја претераа со тоа исклучување на Филип и пеналот кога се кршеше резултатот, но никој не ни е крив што 3-4 пати кога тргнувавме во контра ги губевме топките и одма преку нивната контра ние примавме голови, тоа значи вкупно се 6-7 гола ете каде Загреб ја направи разликата....
ДАЛИ СТАНИЧ ЗА ВГОДИНА Е СИГУРЕН ОТИ ЌЕ СИ ОДИ? ДАЛИ СЕ ИМА ДОГОВОРЕНО СО НЕКОЈА ЕКИПА?
ДАЛИ МЕТАЛУРГ ЗА ВГОДИНА Е ПЛАСИРАН ВО ЛШ???
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Нема што да жалиме, многу подобро изиграа на гости отколку дома, срамота беше во Скопје така запалени да одиме само со 1 гол разлика, тогаш и тие немаше да им оди така подмачкано. Мојсо фантастичен вчера:cuc:, Станиќ во второ полувреме фати доста топки, Марковиќ од време на време, Алушовски две топки од рака му паднаа.:facepalm: Јбг и судиите со пеналот и исклучувањето на Миркуловски ставија печат. Како и да е, кај нас да се бара грешката и да се поправат грешките за Сеха и за наредната година. Браво уште еднаш.:)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Убаво рече Мојсо после мечот во Скопје ваква шанса не се пропушташе сепак се работеше за 1/4 финале. Загреб никогаш послаб, далеку од тоа дека се просечна екипа меѓутоа и тоа како можеа да ги клекнат на колена. Делумно играчите беа едногласни дека можеа и мораа да одиграат подобро и доколку стигнеа 3-4 гола разлика во Скопје, на вториот меч Загреб лесно ќе се изгубеше тоа се виде вчера. Лошата ротација во Скопје го измеша нападот, повредите и долгите отсуствувања на Мојсо, Маркович, Козлина... Ама што би било кога би било, едно е сигурно Металург вчера се надмина во Загреб. Такви падови во играта на една екипа како Загреб, успешно беа искористени, ама па повторно рана техничките грешки кои можеби го решија мечот. Влегоа во мечот без притисок, дури на моменти кога ги стигаше пад во играта искусно се враќаа назад, Загреб во два моменти на крајот на прво и средина на второ целосно се губеше и со малку поконцентрирана игра, да не се случеа оние смешни изгубени проигрувања на контри и да се искористеше играч повеќе, Металург ќе беше тој што ќе се радува... Може да се каже дека реално Загреб е поискусна екипа и на крајот сталожено влезе во финишот (на страна судиските одлуки) сепак тие ја диктираа играта во второ ама дека Металург треба да биде горд тоа е сигурно. Ова е најголем успех во машкиот клубски ракомет ако продолжат вака да ја градат екипата следната година со среќа во расоредот и тоа како можат во 8 најдобри.
 
M

MrzaRules

Гостин
од неофицијални извори дознав дека ќе биде покрената истрага против Лино Червар за наводно местење на првиот натпревар против Загреб...
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
од неофицијални извори дознав дека ќе биде покрената истрага против Лино Червар за наводно местење на првиот натпревар против Загреб...
Онда треба да биде покрената истрага за сите изгубени утакмици на Хрватска од 2003 наваму....
Исти грешки,исти губења за време на утакмица,исти блесави ротации,само таму кога ќе го извадиш Марковиќ не влага Левов,туку место Метличиќ влегува Бунтиќ и сл. па не се спушташе Хрватска од коњ на магаре како Металург........
 
M

MrzaRules

Гостин
значи реков од неофицијални извори...човекот од кого го слушнав овоа е поврзан со ракометот а истото го дознал од некој од Металург....колку е и дали е точно незнам...
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.963
Поени од реакции
9.602
Hm, Cervar vikal igraci na Zagreb u Metalurg?? Moguce e da lapa nekoe od krilava na Zagreb( Strlek -Horvat) so ogled na toa deka finansiskata situacija na Zagreb i ne e bas najsjajna??
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
од неофицијални извори дознав дека ќе биде покрената истрага против Лино Червар за наводно местење на првиот натпревар против Загреб...

искрено и мене ова сумњиво ми стана на првиот натпревар, ама не сакав да пишувам да не бидам погрешно сватен, ама хрватите се број еден како народ кој има најголеми патриотски чуства и изјавите на червар после натпреварот само го издигаа и му се додвроуваше на загреб.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Гледам оти има шанса Станич да остани вгодина во Металург, само ако Металург го откупи неговиот договор, тоа би било најголемото засилување на лето, мислам оти ако остани Лино околу него ќе ја гради екипата....Дефинитивно му требаат на Металург две крила, лев/централен бек за да има можност Лино за ротации на пример вчера Миркуловски беше катастрофа ама нема со кого адекватно да го замени.....
Никој не ми одговори дали Металург има обезбедено настап во ЛШ и вгодина???
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom