Лига на Шампиони 2012/2013

Статус
Затворена за нови мислења.
B

Borg_Drone

Гостин
Чекај сега со сила глуп се правиш? Ти ме праша нешто, јас ти одговорив, ти после побара пак објаснување и ти дадов објаснување. Ако ти одговорите ги нарекуваш правдања, тогаш си тераш некаква поинаква комуникација од нормалното.
Па добро де, ми даде објаснување и ти велам нема потреба да ми се правдаш што ти е проблемот, јас ти пишав само за тоа да не ми се правдаш.Знаеш да читаш? Ова што е:
Никој не е доволно луд да дава тврдење дека Вардар е подобар од Баерн.
Јас ли го напишав ова правдање?Ти реков нема потреба од правдање, ти по се изгледа човеку си тој кој има комплекси и си ја ишка мувата на капата.....
 

Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Па добро де, ми даде објаснување и ти велам нема потреба да ми се правдаш што ти е проблемот, јас ти пишав само за тоа да не ми се правдаш.Знаеш да читаш? Ова што е:

Јас ли го напишав ова правдање?Ти реков нема потреба од правдање, ти по се изгледа човеку си тој кој има комплекси и си ја ишка мувата на капата.....
Добро ај терај си работа и не замарај веќе.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
како ви се троши енергија на вакви дискусии?
 

Niggersinparis

добро вече
Член од
28 август 2012
Мислења
2.457
Поени од реакции
1.999
ајде кој ке победи во дискусијата ке добие ордевер, а за вториот утешна награда апетисан
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.120
Поени од реакции
84.808

Niggersinparis

добро вече
Член од
28 август 2012
Мислења
2.457
Поени од реакции
1.999
не бе вид на зелка е :icon_mrgr:
абе и јас прво помислив на тоа ама после ми текна дека под жардињерата имав насадено корнишони и глостер а измеѓу нив бостан ама нема везе се разбравме
--- надополнето: 11 мај 2013 во 22:35 ---
А што е тоа "бостан" ? Некој вид на костен?
не не тоа е жупански назив за бостон од америка што е, а ова костен што е уствари некој лек за артритис или?
 
G

Geezer

Гостин
Честитки и до двете екипи за добрата претстава што ни ја овозможија. Убав фудбал, со шанси и возбудувања.

Борусија за нијанса подобра, но штом Баерн победи, тогаш е заслужено. Само лани навивачите од Баерн ја оспоруваа победата на Челзи, затоа што Челзи бил послаб, сега тие беа послаби, па ме интересира што ќе зборуваат.

Криво ми е за Дортмунд, одлична екипа, компактна, со убава игра, висок пресинг, јаки индивидуалци, одличен тренер. Се надевам дека веќе од наредна сезона ќе се најдат повторно во финалето и дека ќе го освојат. Клоп и момците го заслужуваат тоа, кога тогаш тоа ќе се врати, исто како и за Бенфика.
Симпатиите мои ги придобија, верувам дека ги придобија симпатиите и од цел фудбалски свет.

Ете, на Баерн им се врати и тоа баш во последни минути. Сега малку им се тргна етикетата лузери, тоа што го зборував за нив, а ме правеа будала, е токму ова. Поентата ми беше баш за овие финалиња. Ама среќата им се насмевна.
Особено мило ми е за Јуп и Робен. Старово е одличен потценет тренер, заслужи да си замине со освоена титула во ЛШ. Робен пак, беше лузер, сите финалиња ги загуби и беше во нив трагичар, дојдоа и неговите пет минути, сега е херој со титула. Го тргна од него проклетството.

Дортмунд добро почна, првите 25 минути тотално доминираше, впрочем Клоп намерно почна толку остро и напаѓачки, ама очекуваше да постигне Борусија барем еден гол. Не ги искористија шансите, па во понатамошниот тек од натпреварот, се повеќе паѓаа и паѓаа. Хумелс и Суботиќ се губеа на моменти, не знам како дозволија да им се протне Робен за вториот гол. Гундоган одличен, Ројс исто така се истакнуваше, Куба и Гроскројц очајни, ме разочараа. Роман цар, мора да биде повикан за германска репрезентација, одлични одбрани и тоа неколкупати беше блокиран, а пак го спасуваше голот. Исто така пофалби и за Ноер, многу спаси првите 30 минути.

Рицоли, лош, многу. Скроз се изгуби. Штом за таков старт од Данте, свириш пенал, а не даваш жолт, мора да си луд. И те како имаше жолт картон, Дортмунд беше оштетен. Јас разбирам дека проба да го заштити, али Боже мој, правила си се правила. Имаше и други моменти каде што делуваше аматерски, ама не би да коментирам сега.

Драган и Тони ми идеа на живци. Абе како не се најде некој добар коментатор кај нас. Штета што немав ХРТ, да си ги слушав мајсторите. Се нешто изиграваа стручњаци, некои коментари што немаа врска со натпреварот, лоши проценки итн.

Тоа е тоа, накратко. Честитки уште еднаш до фановите на Баерн овде (инаку сите англиски фанови на Челзи вечерва беа за Баерн) па сега конечно ќе имаат можност да се одмаздат во СуперКупот во август. Трета среќа. Малку понебитен за да се залечат раните, но колку-толку. Ако биде и тоа де :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom