Честитки за Баерн. Ако против Фиорентина и Манчестер поминаа килаво и малку со среќа, во овој двомеч беа 2 класи над Лион. Се гледаше дека ќе постигнат втор гол, едноставно премногу отворен простор имаше, а тоа искусни екипи не го простуваат.
Ќе беше поинтересно ако ја погодеше чистата шанса во прво полувреме Лион, не ми текнува како се викаше тој што промаши со волејот од 5 метри, а и во второ Гоми да погодеше исто така од волејот можеби ќе беше друго.
И судијата имаше мал удел, немаше старт за жолт картон од Крис, а и можеше да му погледа низ прсти за аплаудирањето за да не го уништи натпреварот. Како и да е заслужено финале.