Летни Олимписки Игри - Лондон 2012 [генерална дискусија]

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Не би рекол дека Кина назадува.САД имаат 540 спортисти,Кина 350.

Со оглед на бројката Кина не ја сметам баш за уназадена.
--- надополнето: 11 август 2012 во 18:23 ---
Баш да видам колку медали ќе освои Бразил на следна олимпијада.
14 златни медали им фалат за 4 години , уназадени се и тоа како.
Кој им е крив на кинезите што немаат 540 спортисти.

САД се голема сила во Олимпијадите , одлични се во : фудбал , одбојка , ватерполо , кошарка , атлетика , пливање ...
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
14 златни медали им фалат за 4 години , уназадени се и тоа како.
Кој им е крив на кинезите што немаат 540 спортисти.
Тогаш беа домаќини бе, таму не се гледа реалната сила, спореди Кина во Синдеј и Кина во Лондон и види дали се уназадени и унапредени. Ти кажав Британија овде има 59 медали засега, на наредните нема ни 30 да има...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Од сега ќе бришам и ќе банирам од теми за одење оф-топик. Дарданија, аман на секоја тема навлекуваш оф-топици. Секој има право за кого сака да навива, побогу, доста више!

Најсериозно ќе почнам да банирам од теми. И тие што провоцираат и тие што враќаат на провокации.
Ае више, СПОРТ е ова, уживајте во него.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Како тргнаа 25-11 Американкиве во првиот сет , каква одбојка како пресврт на Бразилкиве 3-1 во сетови, знаев дека ќе биде тесно ама ги потценија обложувалнициве... Честито нека им е златото денеска, а утре со Русија ќе биде...:vozbud:
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.908
Поени од реакции
6.998
Ама како ми е прежал што Кореја изгуби во ракомет за трето место од една просечна Шпанија која во групите ја тепаја 6 разлика :place:. Абе како и во регуларен дел и во продолженијата се само нив им се паѓаше последниот напад. Па и два пенали при крајот промашија и не ги стигна казната :mad: Корејкиве изгореа во желбата, супер изиграја на турниров, штета што останаја без медал, да ти се плукнам во 4-то место, џабе пласман во 1/2 финале :place::place::place:
--- надополнето: 11 август 2012 во 21:22 ---
Денеска Русиве во атлетика :cuc:
 
R

Rigel Kent

Гостин
Ама како ми е прежал што Кореја изгуби во ракомет за трето место од една просечна Шпанија која во групите ја тепаја 6 разлика :place:. Абе како и во регуларен дел и во продолженијата се само нив им се паѓаше последниот напад. Па и два пенали при крајот промашија и не ги стигна казната :mad: Корејкиве изгореа во желбата, супер изиграја на турниров, штета што останаја без медал, да ти се плукнам во 4-то место, џабе пласман во 1/2 финале :place::place::place:
--- надополнето: 11 август 2012 во 21:22 ---
Денеска Русиве во атлетика :cuc:

Bas mi e zal za Korejkite , no premnogu penali promasija , toa bese klucno :(
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
14 златни медали им фалат за 4 години , уназадени се и тоа како.
Кој им е крив на кинезите што немаат 540 спортисти.

САД се голема сила во Олимпијадите , одлични се во : фудбал , одбојка , ватерполо , кошарка , атлетика , пливање ...
Сосема си во право Дарданиа.... Некои овде што ПОЈМА НЕМААТ во спорт мислат дека ако имаш највеќе спорти, ќе имаш највеќе медали! Македонија и Албанија да имаат и по 1000 спортисти, за жал нема да освојат медал! Значи квантитетот никако незначи и квалитет.....Кина има помалку спортисти од САД, затоа што САД се ВЕЛЕСИЛА во спортот веќе 30 Олимпијади и како што кажа имат и традиција но и исполнети олимписки норми и квалитетен спорт, во многу повеќе дисциплини отколку што има Кина да речеме. И во базичните и во тимските спортови, додека Кина скоро и да нема никаков успех во тимските спортови.... И сега зошто имале помалку спортисти од САД.... Натаму факт е дека САД победуваат во спортови кои имаат публика и кои се мега-популарни во целиот Свет, каде што има огромна конкуренција.... додека Кинезите победуват во спортови или кои ги негуваат тие и уште три - четири држави или сосема непопуларни спортови....Исто така многу е индикативно колку од другите држави учествуваат во поделбата на медалите каде што освојуваат Кинезите. На пример скокови во вода, од 20 медали 10 земаат Кинезите, Бадминтон од 17 за Кинезите 8.... Пинг-понг од 12 за Кинезите половина..... Трамполина (кој спорт човече) од вкупно 6 доделени медали дури 4 за Кинезите.... и тн.... Зошто го велам ова!? Иако овде на форумов некој обвини дека пливањето на пример со дисциплините е направено намерно Америте да жнеат што повеќе медали, што е сосема тешка глупост, бидејки овие правила во пливањето се поставени пред 100 години, кога победувал Џони Вајс Милер, те Тарзан!!! И друга работа, Американците на пример од 100 доделени медали ете во пливањето на пр. освојуваат само 31 (една третина).... што не ги освои другите Кина или Русија да речеме!? Во Атлетика исто така од стотина поделени САД освојуваат 30-тина медали! И Атлетиката ли е по нивна мера правена? ... мислам тешка глупост и за едното и за другото! За мене на пример ми е тешка глупост за бадмингтон дури 17 или за трамполина доделени 6 медали, бидејки овие спортови може човек да ги види само на некоја плажа или на филм... арно ама ако IOC решил така ОК... но јас имам 100 пати повеќе право да кажам дека тоа пак е направено за да Кина освојува што повеќе и парира на САД со медали, а не обратно како што беше овде кажано!
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Ха ха-хахаха.... а така ли? Сега сте за Русија и Јамајка? А на почетокот бевте за Кина... се додека не си дојдоа работите на место! :LOL: Навистина не ми е јасно дали навивате за или против!? Аааах политиката ви е хендикеп голем бе дечки! Што да правиш не сте додуша само вие... се нешто се навива против, а не за!
Табелава за медали нешто? А? http://www.london2012.com/
Ха-хахахахха.... ај некоја друга Олимпијада можеби - некој друг.... којзнае кој!? Можеби ќе стави ИОК по ваша мерка дисциплини, пливањето ќе го скрати, а ќе измислат на трамполина на пример уште 10-тина дисциплини: скокање у пар, скокање на една нога....у бадминтон играње со лева рака :P Ма се зезам се разбира! Уживај во Кошарка сега!.... ПС. Многу ми е мене помило за медалите на Јамајка, верувај!:)
 
R

Rigel Kent

Гостин
Kompleksen covek mi si :pos:
I edna od nizata gluposti , trampolina e edna disciplina vo maska i zenska konkurencija. Kina osvoi 1 zlato tamu.
Ne lupetaj :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom