Летечки автомобили

Член од
24 февруари 2012
Мислења
4
Поени од реакции
1
За да се претвори од автомобил во летачко возило мора првин возилото да се запре, нема трансформација додека возите како по филомовите за жал : ) .



via: techhub.mk
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
ЈАс мислам дека светот не е спремен за кола со летечки предизпозиции, треба да поминат уште едно добри 2-3 години за да почнат луѓето да размилусватт за употреба во секојдневните обаврзски таков автобомил
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.715
Поени од реакции
13.422
да, кај нас реално така е...
но факт е дека:

улиците стануваат преполни (странство)
воздухот ни е неискористен простор
дека до 2020 година 15% од светот ке користи соло џет-пек
дека до 2050 година 90% од светот ке користи соло џет-пек
Со све би се сложил но ова некако не ми иде. Со порастот на цената горивото итекако ќе имаме проблем се справиме со - транспортот. Алтернатива - или друг тип на гориво, или точак/градски сообраќај. Зборам за следниве 10 години. Не знам за 35.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Доколку не се способни да лебдат (како хеликоптер) не вршат работа.Како ќе застаниш во густ сообраќај?
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
hmmmm, ova e za BUDALI SO MNOGU PARI......tie ne se kako Trpe...od slucajniot izbor...:)
Трпе со многу пари, не значи Трпе со многу памет.
Сега за сега, сеуште не сме психички и технолошки спремни за ваков тип на транспорт.
Пров треба уште многу да го усовршиме земјениот, за да прејдеме на воздушниот, зборам за масовно користење од страна на секоја фамилија, не за авиокомпаниите денес и авионската индустрија.
Пилето за да научи да лета прво треба да научи да оди.
Нашите коли се технолошки далеку назад од колите во футуристичките филмова каде колите летаат.
Ние уште немаме систем кој целосно ке спречи сообраќајна несреќа, а замисли со оваа неусовршеност да можаат колите уште да летаат.
Па замисли кога ке се направи сообраќајка во воздух, каде ке паднат деловите од леталата, колку ке направат штета и жртви?
Инаку добро е во таа насока да се движиме, а јас мислам дека во брза иднина ке се произведе технологија за антигравитирачки летала (инаку постои од пред 100ина години) и од тогаш ке почнат обиди да се направи вакво возило. Возилото нема да лета со мотор со внатрешно согорување, туку по принцип на магнетни полиња и суперспроводници.
Според мене за едно 50-100 години би можело да се реализира и искомерцијализира оваа идеја, сега за сега, немаме доволно усовршена технологија, пред се од безбедносна гледна точка.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.431
Поени од реакции
5.127
Нема потреба од летечки автомобили.
Да имаше потреба, одамна ќе беа реалност.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Нема потреба од летечки автомобили.
Да имаше потреба, одамна ќе беа реалност.
Да, на нас ни треба безбеден и брз транспорт, а тоа дали е воздушен, земјен, воден не е толку важно.
Значи битни се безбедноста и брзината.
Кој сака да патува до Германија со Југо?
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
Едноставно не ја гледам причината зашто би имало летачки автомобили.Зарем со жените не ни е доволно загрозен сообраќајниот живот ?!
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Летечки автомобили...најголемиот недостаток е...
ШТО КОГА ЌЕ СНЕМА ГОРИВО.
ШТО КОГА ЌЕ СЕ РАСИПЕ.
ШТО КОГА АЛКАЕДА ЌЕ НАБАВИ 100 000 Л.Возила :):):)

Летакиот автомобил е неостварлива идеа.Неможе да се реализира поради еден куп сигурносни мерки.
За во иднина многу поверојатно е да се направи мрежа од јавен превоз кој би бил координиран преку компјутер.
Но и тоа не би било толку неопоходно бидејќи во иднината човекот би патувал многу помалце па така и улиците што ги имаме ќе бидат преголеми.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Летачкиот автомобил , ако било кога се смисли сигурно нема да личи на автомобил..:)
Повеќе на нешто вакво

..кое те носи од врата до врата...и фазата тркалање по улица воопшто не е потребна.
Управувањето со него во никој случај нема да биде оставено на човекот кој ќе го користи.
Интересно е дека зародишот на системот за управување веќе постои и се развива со прилично голема брзина. Денес е ТЕХНИЧКИ веќе можно да влезеш во авионот и да му кажеш каде сакаш да стигнеш. Да се оптегнеш у фотеља и да дремеш или праиш некоја друга работа...додека , милозвучниот синтетички глас не те извести дека сте стигнале. При тоа леталото цело време е следено од СВЕТСКИОТ СИСТЕМ за навигација кој следи се што лета од мала беспилотна до орбитален шатл.., и се грижи ниеден од нив да не дојде во колизија..со максимално користење на слободниот тродимензионален простор.:)
Останува само стариот добар проблем кој цело време ви го подбутнувам под нос...доволно многу, доволно евтина и доволно концентрирана енергија...100 MW у кутија за кибрит би била права мерка. Друг проблем нема...:)
 
Член од
2 февруари 2006
Мислења
1.500
Поени од реакции
160
Ние уште немаме систем кој целосно ке спречи сообраќајна несреќа, а замисли со оваа неусовршеност да можаат колите уште да летаат.
Google има коли кои возат целосно автономно по патишта по германија или со минимален инпут од човек. Не го знам точниот број на километри поминати ама беше неколку десетици илјади километри мислам. Работата би била многу полесна коа сите возила би биле управувани од компјутер и со меѓусебна комуникација него да пуштит неколку автономни возила во сообраќај пун со идиоти. 100% сигурен систем не постои за ништо, се стремиш за 99.1-9% (во зависност од системот и колку кошта) и секој промил ја зголемува цената експоненцијално.

Па замисли кога ке се направи сообраќајка во воздух, каде ке паднат деловите од леталата, колку ке направат штета и жртви?
Инаку добро е во таа насока да се движиме, а јас мислам дека во брза иднина ке се произведе технологија за антигравитирачки летала (инаку постои од пред 100ина години) и од тогаш ке почнат обиди да се направи вакво возило. Возилото нема да лета со мотор со внатрешно согорување, туку по принцип на магнетни полиња и суперспроводници.
Се знае кај ќе паднат деловите, гравитацијата делува во една насока :) Магнети и супер проводници немаат везе со антигравитација. Да се најдеше „честицата“ со ја предизвикува гравитацијата и нејзината анти-честица, авиони, ракети, балони итн немаше да бидат потребни и лансирање ракета во орбита немаше да кошта милиони а мисија на марс билиони.

Летачкиот автомобил , ако било кога се смисли сигурно нема да личи на автомобил..:)
..кое те носи од врата до врата...и фазата тркалање по улица воопшто не е потребна.
Управувањето со него во никој случај нема да биде оставено на човекот кој ќе го користи.
Интересно е дека зародишот на системот за управување веќе постои и се развива со прилично голема брзина. Денес е ТЕХНИЧКИ веќе можно да влезеш во авионот и да му кажеш каде сакаш да стигнеш. Да се оптегнеш у фотеља и да дремеш или праиш некоја друга работа...додека , милозвучниот синтетички глас не те извести дека сте стигнале. При тоа леталото цело време е следено од СВЕТСКИОТ СИСТЕМ за навигација кој следи се што лета од мала беспилотна до орбитален шатл.., и се грижи ниеден од нив да не дојде во колизија..со максимално користење на слободниот тродимензионален простор.:)
Останува само стариот добар проблем кој цело време ви го подбутнувам под нос...доволно многу, доволно евтина и доволно концентрирана енергија...100 MW у кутија за кибрит би била права мерка. Друг проблем нема...:)
Ако постои (или технички е возможно) да се направи таков систем денес на глобална база, зашто е тогаш толкав проблем да се инкорпорира само автоматициран CDA на локално ниво на еден аеродром (пр. Амстердам) и да се оптимизира процесот така да нема загуби на капацитет од 50%. А за последното се сложувам, основата на денешните мотори е стара 100 години и затоа моментално се вложува толку на аеродинамика, лесни материјали, а во авијацијата дури и гледаат концепти како летање во формација за да заштедат на гориво.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom