Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.372
Поени од реакции
19.956
Вистината за Димитар Апасиев според Васко Ефтов.

 
M

Macedon1um

Гостин
Вистината за Димитар Апасиев според Васко Ефтов.

Подобро на Апасиев да му верувам и да ме „издаде“ под знак прашање, отколку да им давам глас на овие што 30 години не лажат и издаваат веќе потврдено

Левица преку Апасиев ја уништувале шансата за трета опција :ROFLMAO: баш ме интересира која е таа трета опција што ја очекуваше Ефтов дали Бачев, Интегра или Македонски концепт можеби ? Тече низ ногавици Васко, не знам сега кој те спонзорира дали Мијалков или некој друг ама се гледа дека е нервозен
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.960
Поени од реакции
17.755
Вистината за Димитар Апасиев според Васко Ефтов.

Не го подржувам Ефтов никако, манипулатор е, пренесува фејк њуз, не почитува гости, многу пати изнесувал некои порачани работи. Но ако има некој мал сомнеж за Апасиев е тоа е токму тој за кој зборува. Значи не велам дека е ова вистина, но ако не е тој кој се преставува тогаш единствената причина за која постои е токму оваа за која вели Васко. Како и да е времето ќе покаже, нема вечно да може да се дистанцира.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.467
Поени од реакции
2.498
Кој бот е овај Ефтов господе , малку чудно и иронично што комуњарска страна го ставила видеово. Аргументите против Апасиев од комуњарската страна се дека е фашист , нацист и слично. А од вморонската е таа специфична што ја јадеа Подемос во Шпанија од десничарите дека ќе биде истото фијаско како и со Сириза( ма да си има вистина тука реално ) , ма да мислам дека сега вмороните си ќутат за него бидејќи им ја врши нивната работа , ама да беа на власт сигурно директно ќе го напаѓаа како шпанските десничари што ја напаѓаа Подемос.

Вистина , најверојатно Апасиев нема да поништи ни преспански ни рамковен , Апасиев и Левица се добри за Македонија бидејќи ја шифтнаа малце МЕТАТА( Тие што играле ДОТА или МОБА игри ќе знаат за што правам муабет) преку кур 30 години од личности ко Бонева , Милошоски , Шеќерка и Мира Дизел. 30 години се верглаат истите глупости , Левица донесоа некој свеж воздух во политикава. Прашањето е ако дојдат Левица на власт , дали ќе ги средат клучните проблеми како корупција , образование , здраство , иселување или ќе се шитнат како претходните партии? За преспанскиот и за рамковниот треба ептен да не си токму да мислиш дека ќе сменат нешто таму.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.664
Поени од реакции
7.569
Не го подржувам Ефтов никако, манипулатор е, пренесува фејк њуз, не почитува гости, многу пати изнесувал некои порачани работи. Но ако има некој мал сомнеж за Апасиев е тоа е токму тој за кој зборува. Значи не велам дека е ова вистина, но ако не е тој кој се преставува тогаш единствената причина за која постои е токму оваа за која вели Васко. Како и да е времето ќе покаже, нема вечно да може да се дистанцира.
Првиот мој аргумент контра тезата на Ефтов е што Апасиев е бар јас колку што знам, единтвениот политичар кој во државата го имам слушнато да кажe, и тука ептен ќе парафразирам "Oк не ви се допаѓаме направете ваши партии и од таму делувајте. Важно е само не прекинувајте со борба" и "Јас нема да ве спасам туку дојдете и земете спасете си се самите".

Другите фактори по мене се. Прво јас кај тие другите што им се во повисокиот круг не гледам некаква умереност, туку напротив гледам уште поголем радикализам. Второ на нив штабовите сега ќе им се полнат со во 90% членови од убедување и радикали. Некој ако сака да биде вработен сигурно нема во левица да оди. Апасиев дека некако успева и тие во врвот да ги влече за нос цело време и дека ќе успее некако да ги изменаџира овие по штабовите во иднина со замајувања мене малку тешко ми се верува.

И за крај ако опцијата ти е "Овој може да те предаде" и "Овој 102.5% ќе те предаде", изборот не е баш тежок. Ефтов повеќе ми изгледа нервозен дека си ја закачи приколката за Сашо албанец и Муртинецот па сега малку кризира кога гледа со какви ретарди си има работа и чива политика треба да бутка.

Јас ќе му признаам на Муртинецот дека ова он што го направи до сега во однос на освојување и одржување на власт е рамно на чудо ( иако и противниците му беа малку интелектуално хендикепирани) али не ми изгледа дека среќата ќе го служи уште долго зошто едноставно ѕидовите се доближуваат околу него и има се помалку простор за маневар.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Ефтов изгледа моментално е на платен список на Саша и Груки. Збор нема писнато против нив веќе долго време.
Во секој случај повеќе од одлично го манипулира јавното мнение и си ја заработува парата. Камелеонски се прешалтува од една на друга страна и ги влече ,,независните" кои го пратат и слушаат кон еданата или другата партија/фракција.
 

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.129
Поени од реакции
453
Треба да си луд да не гласаш за Левица, потплатен за да гласаш за сдс вмро.

Левица е новата прва опција во Македонија.

Нити Ефтов нити Миленков и остала буржоазија може да ја спречи левичарскава пандемија. Се гледа сега јасно колку ситни души се и продадени.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.489
Поени од реакции
16.136
Треба да си луд да не гласаш за Левица, потплатен за да гласаш за сдс вмро.

Левица е новата прва опција во Македонија.

Нити Ефтов нити Миленков и остала буржоазија може да ја спречи левичарскава пандемија. Се гледа сега јасно колку ситни души се и продадени.
А ние што не гласаме за никого какви сме? :)
 
D

Deleted member 12196

Гостин
А ние што не гласаме за никого какви сме? :)
Бидејќи треба да си луд да не гласаш за Левица, треба да си потплатен за да гласаш за сдс вмро, а вие не сте гласале... По логика на нештата вие не сте луди ни потплатени, следува дака сте паметни. :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.292
Поени од реакции
78.948
До правниот тим на Левица пристигнаа информации од работници за кршење на нивните права, кои сакаа да останат анонимни.
⚠️
Се работи за група работници вработени во ДПТУ „Империјал НТТ" ДОО (од с.Брвеница, Тетово) кои тврдат дека нивните договори за вработување биле променети со анекс - БЕЗ НИВНА СОГЛАСНОСТ И ЗНАЕЊЕ - при што била извршена промена на нивното работно време од 40 работни часа, на само 20, иако тие работеле полно работно време. Тие обвинуваат дека раководните структури во оваа фирма извршиле фалсификување на нивните потписи со цел да ги “легализират“ овие договори.
⚠️
Дополнително, годишниот одмор никогаш немале можност да го искористат во целост поради тоа што контиунирано добивале притисоци од надредените на работното место да искористат само мал дел, а остатокот повторно преку фалсификување бил засметан како искористен. Според информациите на работниците, тие биле принудени да работат и за државни празници.
➡️
Поради сите овие наводи, Левица денес поднесе Барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за труд, при што продолжуваме да го следиме случајот, со оглед на корумпираноста на институциите и заташкувањето на прекршувањата кога се работи за повреди на работничките права.
 
J

joli1

Гостин
Општествено неодговорни.
општествено неодговорни се оние кои не излегуваат на протести и обожаваат на избори да бираат помеѓу поголемото и помалото зло.

смешно е што добар дел од неутралците гледаат спас само во Левица, а не во народен бунт или протести.

што ако левица се шитне?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom