Се убаво само не е јасно зошто ... форумов кога ќе им поставиш прашање а се однесува на Левица, политичката програма за некои прашања, веднаш се повикуваат и мешат другите партии или Бачев!
Па нели сте вие од групата бањати плус јадрото ви е шарено, зарем ќе се мерите со еден Бачев шпијун и небањат...., не ви доликува еееј!
Ако, само Левица од политичките субјекти има поднесено оценка за уставноста на ... како и други правни лекови околу тнр. референдум (сметам дека спинуваш и изнесуваш невистина, затоа што има барем уште 10-тина поединци, здруженија па и партии кои имаат поднесоци до окупационите судови), тогаш не ми е јасна изјавата и тезата дека шаренковци биле предадени, од кого се предадени и кои се тие шаренковци што се предадени, кои се тоа нивни програмски определби и цели кои се предадени?
Каква тоа теорија јас и наметнувам на Левица, ај не заебај, биди сериозен -прашањето беше: колкумина во структурите на Левица се од шаренковци и на кои позиции, односни имаат ли влијание во креирањето на политиката на таа партија и колкаво - тоа се прашања за тие во Левица тие треба да ги постават, а не туј на форум.
Не знаев дека има и такви кои велат дека не сте македонска партија, а што точно ви забележуваат?
Околу гласањето, повеќе пати сум рекол ќе гласам за секој оној што како основни политички и програмски определби и програма ќе го има следново:
1. Поништување на сите акти донесени по државниот удар од 27 април, значи
-враќање на името Македонија;
-поништување на јазичната федерализација;
- носење на соодветни законски решенија во поглед на странски агентури, служби и... кои работат против Македонија и Македонците.
2. Брање на одговорност од сите кои учествуваа во фингерајката наречена референдум како и поништување на одлуките кои се спротивни дури и на тој фингиран референдум......
Како што гледаш нема проблем да гласам за Левица ниту за било кој друг кој би ги имал горните работи како свои основни програмски цели!
Недоразбирањето е од таму што јас не ги сметам за Македонци оние кои своеволно или под присила излегле на референдум и гласале за промена на името, не може некој себе да се смета за Македонец а самиот излегол и се изјаснил дека е Северџан и дека државата не му е Македонија!!!
Не знам зошто некои имаат проблеми да разберат вака елементарни работи.