Камо да ти беше точен аватарот... камо да се криеше нацизмот позади Европа... тоа скроз обратно е.Даскалот каде по цел ден блокира штетни закони по комисии и држи пресови за битни теми,
па во слободно време уште и школува недоучена милиција.
“Колега, ти вака многу умен ми се гледаш. Кој те обучуваше на курсот?“
“Апасиев!“
Прегледај го приврзокот 300376
Не, не позади Европа. Позади ЕУ.Камо да ти беше точен аватарот... камо да се криеше нацизмот позади Европа... тоа скроз обратно е.
Да де, на унијата мислев.Не, не позади Европа. Позади ЕУ.
Повеќето членки на ЕУ во моментов го имаат најдобриот систем,систем кој му нуди благосостојба на обичниот човек.Не, не позади Европа. Позади ЕУ.
ЕУ е антипод на Европа. Бара од државите членки да се откажат од својот суверенитет. Бара од државите кандидати да се откажат од идентитет, име, историја, мајка, татко... ЕУ е само алтернативно име за Четвртиот Рајх.
Освен позади ЕУ, се крие и позади НАТО, САД, Обединети Нации...
Walter Hallstein, постар поручник во Нацистичка Германија. Од 1958 до 1967 случајно бил и претседател на Европската Комисија, извршната власт на ЕУ.
Прегледај го приврзокот 300428
Adolf Heusinger, генерал полковник во Нацистичка Германија. Од 1961 до 1964 случајно бил претседавач на Воениот комитет на НАТО, тело составено од највисоките воени претставници на секоја земја членка.
Прегледај го приврзокот 300437
Kurt Waldheim, постар поручник во Нацистичка Германија. Од 1972 до 1981 случајно е Генерален секретар на Обединетите нации, водачот на ОН.
Прегледај го приврзокот 300438
Wernher von Braun, мајот на шуцштафел (SS) во Нацистичка Германија. Човекот што ги однесе САД на Месечината.
И така илјадници нацисти од Операција Спајалица и другите за кои не знаеме.
Прегледај го приврзокот 300444
Национализам. И тоа барем за мене би рекол дека во овој временски период ни е потребен Ултранационализам.Повеќето членки на ЕУ во моментов го имаат најдобриот систем,систем кој му нуди благосостојба на обичниот човек.
Што му е повеќе потребно на обичниот смртник како мене и тебе ?
Национализам или финансиска благосостојба ?
Не можам да ве сфатам,секогаш некој друг ви е крив за несреќата на државава,несреќа за која токму Македонецот беше виновен изминативе 30 години.
Си нашол за ЕУ да зборуваш...
Појасни малку повеќе.Национализам. И тоа барем за мене би рекол дека во овој временски период ни е потребен Ултранационализам.
Апсолутно, нашиот народ не пати од апсолутна сиромаштија, барем не широките маси, иако има еден аспект од општеството кој навистина живее во страшно мизерни услови ( стари лица, хендикепирани, луѓе со психички проблеми) и на кој им треба итна помош.Појасни малку повеќе.
Мислиш ултранационализмот ќе не спаси од катастрофалнава ситуација во која се наоѓаме ?
Мислам дека отприлика те сфаќам на што мислиш,ама не сум сигурен.
Потполно се слагам со овоа што го напиша.Апсолутно, нашиот народ не пати од апсолутна сиромаштија, барем не широките маси, иако има еден аспект од општеството кој навистина живее во страшно мизерни услови ( стари лица, хендикепирани, луѓе со психички проблеми) и на кој им треба итна помош.
Нашиот народ пати од духовна/ментална сиромаштија. Нема никаква повисока цел, нема никаков рид за кој вреди да се умре. Се е релативно, се е исто, сите се исти. Ние сме длабоко зацапани и со двете нозе во страшен нихилизам од кој историски гледано просечниот човек многу многу тешко може да излезе сам од истиот.
Без тој национализам кој е предуслов да имаш држава и со тоа да имаш ИНСТИТУЦИИ ние секој ден пропаѓаме. Секоја година сме се поглупави зошто образованието и медиумите се руинирани. Секоја година сме се поболни и по физичи уништени зошто повторно образованието, екологијата и културата се руинирани. Талкаме како сеништа мислејќи дека уште 100-200 евра и кога конечно ќе купиме брендираната облика/телефон/кола/итн... што толку ги посакуваме ќе бидеме среќни а среќата ја нема нигде.
Секој што има каков било контакт со пошироката јавност и не се движи само во своите кругови ќе можеше да забележи дека ние како општество сме во последните стапки на распад. Се изгуби секакво чувство за пристојност, секое чувство за одговорност и срам. Секакво чувство на гордост дека си создал нешто зошто ете и прекинавме да создаваме работи. Зошто која е поентата.
И додека не излеземе од таа апатија и нихилизам јас не верувам дека ние ќе бидеме повторно среќни и најважно ЗАДОВОЛНИ од своите животи. Најлесниот и најбрзиот начин за излегување од истите е баш тој национализам. Зошто ние за разлика од Исланѓаните, Англичаните, Норвежаните не можеме да сметаме на фактот дека нема да имаме никаков конфликт и надворешен притисок во следните 300 години за тоа да можеме да го направиме на поприроден пат преку културен и социјален развој.
Омраза/Љубов тоа за мене се две страни на истата паричка. И двете се доста силни мотиватори, и во двете можеш да се изгубиш на крајот. Љубовта е можеби за нијанса посилна, но омразата е далеку далеку полесна за иницијализација.Потполно се слагам со овоа што го напиша.
Овој пост е еден од попаметните што го имам прочитано во последно време.
Јас повеќе мислев на оној негативниот национализам,национализам полн со омраза каков што вирее на овие простори.
Просечниот Македонец поседува токму ваков тип на национализам.Нему цел останат свет му е виновен.
Како и да е,браво за постот.
А зашто да не зборувам? Само корумпираните, продадени и уценети политичари ли да зборуваат за ЕУ?Повеќето членки на ЕУ во моментов го имаат најдобриот систем,систем кој му нуди благосостојба на обичниот човек.
Што му е повеќе потребно на обичниот смртник како мене и тебе ?
Национализам или финансиска благосостојба ?
Си нашол за ЕУ да зборуваш...
Ова веќе го снемува и во Азија и Африка а ти очекуваш тоа да се случи на Балканoт каде врие од автошовинисти. Луѓе од типот на тебе(не те знам ама по мислењата фобивам таков впечаток) луѓе као јас , кога би имале можност да ја водиме државата би ја "спасиле"(како и да звучи ова). Но народот на овие простори стана гомно, ако некогаш гинеле по шумите, денеска се ментални робови и не во шума тука на еден мирен протест не можеш да ги извадиш. Единствен спас на балканските земји(зошто сме сите исти, иако ние сме најмногу во гомната) е лудоста која ја инале нашите предци. Исто као славната реплика на Ристо Шишков од "Републиката во пламен" нам ни недостасува лудост, тоа е реалноста, сепак вашата генерација(ако си некаде 70,80) е највиновна, прва подклекна на многу работи, потоа ги воспита децата така како што ете си увидел и самиот и денес се(поточно сме) осудени на пропаст на секое поле.Омраза/Љубов тоа за мене се две страни на истата паричка. И двете се доста силни мотиватори, и во двете можеш да се изгубиш на крајот. Љубовта е можеби за нијанса посилна, но омразата е далеку далеку полесна за иницијализација.
Тоа пак дека цел свет ни е виновен, види дали шизофрената личност може да е шизофрена а и во исто време навистина некои луѓе да го следат? Јас би рекол дека голем дел од светот ни е навистина виновен и навистина длабоко се имаат огрешено наспрема нас. Али врховната вина сепак на крајот ја наоѓам кај нас зошто во навистина голем дел тие огрешувања самите сме им дозволиле да се случат во голем дел поради ниска самодоверба и чувство на пониска вредност.
Јас на пример за коментар од типот "треба странци да дојдат да не владеат само така ќе се среди нешто" би праќал во доживотен затвор на тешка робија да кршат камења. Дозволивме странска пропаганда да ни ја уништи вербата во самите нас и дека можеме да произведеме или организираме нешто што вреди. Повторно пример беше кога за време на корона кризата дојде некој рандом медицински персонал во Македонија и сите медуими се запалија како кој знае што се случило. Тоа кажува многу за нашата моментална ментална состојба.
Затоа на крајот на денот би рекол дека нас ни е потребна и омраза и љубов. Омразата ни е потреба за да можеме да им се спротиставиме на надворешните влијанија, љубовта ни е потребна за да почнеме повторно да создаваме. Зошто создавање работи од омраза барем по мене секогаш завршувало трагично.