L
Lu
Гостин
ОК, јас мислев дека имало објавено низ порталиве, па не сум прочиталаИзвини Лу ама немам мој портал кај што објавувам тоа што ке го видам.
Се се деси пред мои очи, едното кај Веро трговскиот, другото после 2 дена кај железничка кај главната пошта.
За другите две другарка ми кажа дека ги видела од кои во едниот случај имало дете.
Не ме сфаќајте погрешно, не мразам животни, посебно не кучиња (до скоро и јас имав куче) ама на улица не им е местото.
А за вториот дел од постот, потполно се согласувам ... не им е местото на улица, за наше и за нивно добро.
Потполно ја разбирам кучешката психологија, и знам дека кучињата не се виновни што завршиле на улица, виновни се неодговорните сопственици, кои што треба дебело да се казнуваат за оставање на куче на улица, но колку и да не сакам да ги обвинам кучињата (реално нема потреба да се префрлува вината на животните, бидејќи се што прават кучињата е инстинктивно) ... но во некои ситуации навистина ги преминуваат моите граници на толеранција.
Има еден скитник во близина на ветеринарот Диме, и постојано се пушта на други кучиња (на луѓе не сум приметила да реагира, што не значи дека во иднина нема да изреагира), и кога и да треба да одам кај ветеринарот Диме морам да заобиколувам и да вртам скроз од други улици кои што ми се подалеку, за да не се сретнам со скитникот, а патот кај што најчесто престојува скитникот ми е најблиску, но ете морам да вртам по други улици за да не се сретнам, или морам да одам со автомобил.
Имав 2 ситуации со истиот тој скитник, кој што патем е премногу агресивен кон други кучиња (поради заштита на својата територија).
Првата ситуација беше кога Доберманчето ми беше 3 месечно и го носев на вакцина, среќа тогаш имаше само 3 месеци, па ја кренав во раце и поминавме некако.
Али во втората ситуација беше навистина жестоко.
Едвај ги сопрев, се случи пред околу 1 месец, сега Доберманката има година и пол, и го знаете карактерот на Доберманите, вообичаено не напаѓаат први, но доколку некој ги нападне, е тука веќе е прашање на живот и смрт, идат до крај.
Едноставно нема шанси да дозволат некој да им глуми Алфа, и ќе направат се за да го заштитат сопственикот, а и да се заштитат самите себе.
Е тука испадна фрката, тој скитникот се пушти и се обиде да ја касне, и во тој момент Доберманката збесна, едноставно толку многу се разбесни што неможев да ја задржам, а кај ќе задржиш разбеснат Доберман од скоро 40 кила, јас ја влечам накај мене, она тегне накај скитникот, скитникот уште толку разбеснет, а богами голем беше ... циркузи.
И едвај ја смирив ситуацијата, за среќа без никакви повреди.