Што мислите, кога треба на кучето да му се стави маска? Мојот златен ретривер има скоро пет месеци и на неколку места каде што прашав ми препорачаа да почекам уште малку, зашто сега многу брзо расте и маската за кратко време ќе му биде мала. Исто така, каква маска препорачувате? Досега најмногу гледав пластични маски, а денес видов и една кожна, што вака ми се виде доста квалитетна а цената е иста како на пластичните.
И уште едно прашање, која од продавниците за миленичиња во Скопје е поефтина, за коски, играчки и други тракатанци? Јас шетајќи низ продавниците гледам сегде различни цени, еве маскиве на пример, разликата им е и по 100 ден, што не е малку.