Лулу имаше глисти кога ја земав. Значи ме кажаа дека е исчистена, но не ми кажаа дека треба да го продолжам третманот. На 1.1.2012 и заврши третманот од два месеца, мислам некаде погоре имам напишано што како треба (обиди се да го најдеш мојот пост). Е сега јас и пред и додека траеше третманот спиев со неа, си играв и т.н. Но обавезно внимавав. После секој допир или посебно ако ме лижне, миење раце со врела вода и сапун, онака длабински. Значи 50 пати ако ја допрам 50 пати ќе измијам раце. Ако изврши нужда, миење на газето исто со вода и сапун. Ако изврши нужда дома дезинфекција со некое средство (најчесто користев доместос растворен во вода за да не ми избеле паркетот). Сите мои работи што може да ги дофати, како четка за заби , чешел, чинии и прибор за јадење ги ставив на повисоко за да неможе да достигне до нив. Мислам дека веќе крајната недела од третманот малце се опуштив, престанав да внимавам до толку но сепак ми остана како ритуал после секое играње раце да мијам.
едит: почни го третманот порано, бидејќи како што кажаа погоре, вакцините може да не делуваат толку ако кучето има паразити во себе, па ќе треба ревакцина.