Здраво имам едно прашање , пред една недела земав лабрадор ретривер, кучето е месец ипол старо и малце сум загрижен поради тоа што постојано каса, пример кога ке сакам да го погалам почнува да ми ја гризе раката прстите, можеш да го галиш само кога е уморно и му се спие. Освен тоа гризе и влечки , патики , и се што ке му дојде на патот. Е сега од една страна знам дека е мало и сака да си игра и тоа му е како еден вид на игра , јас немам многу искуство прво куче ми е ова и имам слушано мислења од луѓе што чуваат кучиња дека ова било само фаза кај сите кучиња додека се мали и гризеле затоа што им растеле заби и ги чешале , исто како и кај бебињата. Ама мене ме загрижува тоа што гризе како да сака да те растргне и ако го поттепнам со весник по газот или слично дури почнува да ржи и да лае на мене..Е сега ме интересира дали е ова точно и дали треба да превземам нешто или со тек на време како расте ќе се одучи од таа навика ?