Кучиња (грижа, општи дискусии)

Член од
8 март 2012
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.592
Здраво друштво.
Имам 2-3 (4-5 ) питања во врска со темава.
Денес зедов самојед,женско - Луна :)

Немам досегашно искуство со чување кучиња дома,ама ми фалеше покрај рибите,папагалите и гулабите :D

Eве ја убавицата

Земано е од родители со педигре,и 2та.
Мене не ми треба педире,пошто го чувам за свој кејф,ама сакам да биде сепак убаво.и затоа утре ќе идам земам се што треба.

Од тоа што знам ,што ми кажа дечкото од кој го зедов е следното.

1.прочиестено е од внатрешни и надворешни паразити, следниот пат за месец време требало,ама можело утре да земам 1/4 од апчето да му дадам.
2.вакцина нема примано,утре идам да го вакцинирам.
3.апчиња за калциум да земам, по 1 на ден,следните 3 месеци.(инаку Луна е 2 месеци стара)
4.каиш со заштита од болви,крлежи и слично.
5.специјален шампон за бањање
6.четка (не знам што како треба за тоа, помош ми треба ако има нешто special)
7. храна.( ми треба помош за избор на специјална храна,инаку од струмица сум,и ако има некој да ми каже каде да одам,би ми било уште повеќе од помош)

и тоа е тоа што запомтив.ако има нешто друго битно,слободно пишете /поправете ме.

и да,што друго можам да и давам да јаде сега како мало,освен специјална храна,пошто преска и дадов ориз,и јадеше без проблем,а леб пробав,слабо.го душна само :)
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
права лепотица,честито нова другарка и како глава во очи да си ја чуваш.Нека се навикне на новиот дом ден-два,па после тоа почни лека полека да ја командуваш бидејќи самоједите се познати како многу тврдоглави кучиња кои тешко прифаќаат наредби :)

Во врска со калциумот,мислам дека едно апче на ден е голема доза за така мало кученце.
Половина апче на ден е доволно за неговата возраст.
Јас имам белгиски овчар од 4 месеци и на ветеринар ми го рекоа ова,дека за негова восраст едно цело апче калциум е многу.

Каиши,ланци и синџири имаш во самата ветеринарна амбуланта (барем кај повеќето што сум бил ги имало овие работи) и најубаво таму да отидеш со кученцето.
Исто така и таму имаш ланчиња за против болви,накај 500 денари беа мислам,но имаат голем ефект.
Земи му такво ланче бидејќи самоједот има големо и густо влакно и лесно може да се наполни со болви.

Јас за моите кучиња користев еден германски шампон за бањање,не ми текнува како се вика,но не е штетен,може да се лиже и да ако и влезе во очи шампон нема гајле.

За четки и храна,исто така во ветеринарна најубаво да си земеш бидејќи луѓето таму се квалификувани и ќе знаат што му треба на кучето.
Четка мислам дека ќе ти треба со ситни иглички бидејќи влакното е густо и потешко се чешла.

А и почекај,има многу луѓе на темава што се разбираат од кучиња,секако ќе ти помогнат и тие.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Здраво друштво.
Имам 2-3 (4-5 ) питања во врска со темава.
Денес зедов самојед,женско - Луна :)

Немам досегашно искуство со чување кучиња дома,ама ми фалеше покрај рибите,папагалите и гулабите :D

Eве ја убавицата

Земано е од родители со педигре,и 2та.
Мене не ми треба педире,пошто го чувам за свој кејф,ама сакам да биде сепак убаво.и затоа утре ќе идам земам се што треба.

Од тоа што знам ,што ми кажа дечкото од кој го зедов е следното.

1.прочиестено е од внатрешни и надворешни паразити, следниот пат за месец време требало,ама можело утре да земам 1/4 од апчето да му дадам.
2.вакцина нема примано,утре идам да го вакцинирам.
3.апчиња за калциум да земам, по 1 на ден,следните 3 месеци.(инаку Луна е 2 месеци стара)
4.каиш со заштита од болви,крлежи и слично.
5.специјален шампон за бањање
6.четка (не знам што како треба за тоа, помош ми треба ако има нешто special)
7. храна.( ми треба помош за избор на специјална храна,инаку од струмица сум,и ако има некој да ми каже каде да одам,би ми било уште повеќе од помош)

и тоа е тоа што запомтив.ако има нешто друго битно,слободно пишете /поправете ме.

и да,што друго можам да и давам да јаде сега како мало,освен специјална храна,пошто преска и дадов ориз,и јадеше без проблем,а леб пробав,слабо.го душна само :)
Po red. apce za glisti se dava vo zavisnost od tezinat. Moras da ja procistis deset dena pred vakcinacija. Me interesira ona e dva meseci a voopsto ne primala vakcina? Bidejki ova bi trebalo da i bide vtora vakcina,ali ako e tek prva,toa e krajno neodgovorno od toj ato ti ja prodal.

Kalcium se isto taka dozira sppred kilaza i so kalcium ke pocnes nekade od tretion mesec. E sega vo zavisnost od toa dali ke ja hranis so dehidrat ili ke i gotvis,od toa ke zavisi dali ke davas i doza. Sekako zavisi i od dehidratot. Ako zemes pokvaliteten obicno nema potreba od suplementi bidejki ima vo nego se sto i treba,ali jas preporacuvav pola od dozata,bidejki e sepak kutre vo rast.

Od petto prasanje nadolu ke ti se obrati @wiksa zatoa sto on cuva samoyedi i moze najkonkretno da ti odgovori.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.791
Поени од реакции
5.577
4. колку што јас знам ампули/огрлици се ставаат над 3 месеци така што до тогаш ќе идеш со неопитроид прашак ама тоа е само привремена заштита и секој ден што се вика ќе обновуваш а не како со ампулите еднаш ставаш и бар месец дена да си слободен
5. trixie за бели кучиња го имаш во секој пет шоп што се вика и е од 220-300 денари
6. ти требаат 3 чешли: pin brush , четка и чешел
7. храна тука е милион пати спомнато во темата за храна, индивидуално е за секое куче така што не ти се мешам прашај во соодветната тема во зависност од тоа колку можеш да си дозволиш да плаќаш за храната и каков избор имате кај вас во струмица
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.592
Нема примано ни една вакцина до сега,само било прочистувано од внатрешни и над паразити.[DOUBLEPOST=1442824443][/DOUBLEPOST]Ќе идам сега да видам што и како има тука во Ср.а прво ќе се консултирам со некој ветиринар.фала многу иначе на сите што пишавте по нешто[DOUBLEPOST=1442854865][/DOUBLEPOST]значи вака, денес бев во тие продавниците,и зедов следното,
* таблетите,ми рекоа по 1 на ден
* Овој шампон за бањање ( ќе ми треба инфо и за тоа што и како да го бањам)
* овој спреј за крлежи,болви и слично
* каишка му зедов обична,мала,само да се навикне на неа,да ја носи.
и храна од оваа.190ден кг било. еве овде пишува за дозата, па по 200грама дневно треба изгледа.околу 2 пластични чаши иде..па 1 на сабајле,1 на вечер..мислам дека ќе биде добро.и дали друго да му давам ,или само таа храна.

Иначе,го испрскав од тој спрејот,на тие критичните места,над врат,под врат,на опаш,грб,по еднаш, не го прскав многу, се на се 4-5 прскања,како што ми кажа тој чичкото таму..Ама опреметив нешто како зашеметено беше.Од тоа ли е,да не му биде нешто?
Се јавив на ветеринар да го прашам,рече ако не има лиги од уста,ништо не му е..после некое време пак беше активно,па пак нешто како замрлушено... некој совет околу тоа. што како е?

Четка ќе земам накај петок,некоја не знам како беше името,специјална за долго влакно, 1100ден била.некоја германска изгледа ми кажаа.

И да, храната добра ли е таа што му ја давам..иначе ја јаде без проблем..

А вакцината и апчето за паразити утре ветеринарот ќе дојде да му стави.па после 20 дена мислам ревакица кажа..исто напомена и тој дека можело и порано да се вакцира.не требалода се чека 2 месеци.
 
Последно уредено:
L

Lu

Гостин
и храна од оваа.190ден кг било. еве овде пишува за дозата, па по 200грама дневно треба изгледа.околу 2 пластични чаши иде..па 1 на сабајле,1 на вечер..мислам дека ќе биде добро.и дали друго да му давам ,или само таа храна.
И да, храната добра ли е таа што му ја давам..иначе ја јаде без проблем.
Ќе напишам поопширен одговор, кога ќе сум во тој мод на детално објаснување :D сега накусо само за најбитното - храната.
Екопет е ѓубре ѓубросано, слободно фрли ја во ѓубре.
Таа храна ниту е квалитетна, ниту со неа ќе постигнеш квалитетни резултати кај Луна (btw - прекрасно име, така мене ми се викаше Пудлата што ја имав, сега имам Доберманка, Астра) :)
За Екопет да даваш 190 за 1 кг. е нелогично ... имаш многу поквалитетни храни од Екопет за таа цена, еве на пример Брит Премиум кој што има 45% месо во прва состојка, на вреќа преку увозникот испаѓа околу 160 денари за 1 кг. ем е поевтина ем е далеку поквалитетна.
Исто и Брит Профајн со 60% месо, мање више толку испаѓа на кило ако земеш цела вреќа, околу 160/170 денари, а у квалитет разлика е исто како Мерцедес и Југо да споредиш, ем поевтини испаѓаат, ем дааалеку поквалитетни во состав.
Секако има и други суви храни, јас ти кажав за цена/квалитет што е најбоље.

Подетално за основни информации у старт, прочитај ги темиве:
1) Храна за кучиња (прочитај го воведниот мој пост, и потоа последниве 10 страни од темата, не читај скроз од почеток, стари информации и дискусии се)
2) Вакцинација
3) Говор на телото
4) Алфа статус (најважното нешто уште од сам старт)

Овие 4 линка разгледај ги и прочитај ги, потоа ако имаш нејаснотии, прашај, ќе пренесам мое лично искуство :)
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.592
Ќе читам денес и утре што можам..
Инаку таму кај што бев денес Royal Canin ми ја спомнаа како најквалитетна..може од неа да земам?
Цената не е проблем,колку и да е, сакам Луна да биде на нивоу :)

Иначе,за тоа со спрејот,што имаше такво дејство,имал некој искуство? нема шанси да го прскам веќе од него,ептен беше прегеска еден период без душа кучето,како пијано,. после тоа живна,па пак го проверив сега,пак малку млитаво беше,ама ваљда дека му се спие сега, 2 дена е тука,и многу цивка,уште не е свикнато,нема ни сон доволно,ама ипак ме плаши тоа што така испадна ( не искуство, немање доволно инфо-моја е грешката.)
 
Кој црн Ројал Канин, значи веќе ми се повраќа од нашиве „стручњаци“ :facepalm:
Додека на една педа над нас, Србија, Хрватска а тек за нагоре да не зборам, имаат првокласни храни, и Ројалот е гомно во споредба со тие храни, кај нас пуста Македонија, сеуште владее мислењето дека Ројал Канин е првокласна и најдобра храна на свет ...

Да, сеуште среќавам луѓе што за нив освен Ројал Канин се друго е ѓубре, а сиротите не прочитале основно инфо што треба да содржи во составот еден квалитетен дехидрат, а пак камо ли да чуле за стварно светски квалитетните Оријен, Акана, и сл. што Ројал Канинот за нив е обично зрно полно со пченка и пченица.

Со спрејот не го прскај, немаш потреба, сега треба да е во карантин ионака, не ја пуштај воопшто да се душка со други кучиња, а ниту пак во двор да шета, зашто проаѓаат мачки, и недај боже ќе закачи тие болестите парво и сл. ... нека биде во карантин се додека не прими втора вакцина и пројдат 3 недели откако ќе ја прими втората вакцина, тогаш уште еднаш ќе ја ревакцинираш (вкупно 3 вакцини се по ред што се ставаат на секои 3 недели), 1 вакцина, па за 3 недели друга вакцина, и за 3 недели ревакцина на втората вакцина ... значи вкупно 9 недели се тоа големо пазење и карантин.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.642
Поени од реакции
31.864
Ме интересира дали има некое објаснување научно за ,,frog dog" не знам како би го нарекол на нашки, лежењето на кучињата, особено кај ретриверите. Шо им иди за да седат така со нозете :D?

Песов мој го пуштам да шета на парк наваму натаму, и кога ќе го свикам па му зададам команда да лежи, обично вака знае да се оптегни, особено во лето ако е ладна подлогата под него :)
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Ме интересира дали има некое објаснување научно за ,,frog dog" не знам како би го нарекол на нашки, лежењето на кучињата, особено кај ретриверите. Шо им иди за да седат така со нозете :D?

Песов мој го пуштам да шета на парк наваму натаму, и кога ќе го свикам па му зададам команда да лежи, обично вака знае да се оптегни, особено во лето ако е ладна подлогата под него :)
Se ladi :)

Lu,royalot vo mkd i royalot od srbija nagore se nebo i zemja. Kako i site ostanati dehidrati. Ne znam dali si imala moznost da go koristis od nadvor ali jas imav,kako i pro planot. Razlikite se evidentni.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.592
Друштво,пак јас..
малку ќе сум досаден тие денови,до дека да фатам ритам,и да прочитам се што има тука,ама сега ова ми е хитно.
Се работи за вакцинацијата, денес ќе ја вакцинираат Луна( самојед 2 месеци стар) тек прва вакцина..
Претходниот газда воопшто ја нема вакцинирано,само прочиестена.
Лу погоре спомна дека требало да биде во карантин тоа време,за примањето на 3те вакцини, т.е. 9 недели..
Дали тоа се подразбира нон стоп да биде затворено кучето,ни у двор да не ја пуштам? или да го прошетам надвор од селово овде?
Пошто луна е хиперактивна,сака да скока нон стоп,да трча,да си игра, и нз како ќе издржи толкав период затворена..ќе се сокине од лаење... :(
 
Дали имаш двор заграден? Ако имаш тоа и е доволно за да си заврши работа. Останат контакт не е препорачано да има. Секако во двор гледај ја, нека прошета нека поигра и назад.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.592
Имам да, заграден,осигурен, кучиња други нема шанса да влезат внатре.мачки не чувам,ама прелетува некоја чат пат така низ двор.

Сега само што ја примаше вакцината,ја пуштив 10мин да потрча низ двор,јас до неа..и пак назад.Така мислам добро ќе биде, пошто ако е затворена нон стоп, не се измори,мислам ќе се сокине од лаење..еве сега едно 5-10мин лае,сака надвор пак..,до дека не се измори :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom