За што се става таа пластиката на кучињата околу глава? Каква улога итн итн..
За да не си ги разрануваат ушите при чешање.
Бидејќи кога ушите ќе се купираат, додека да заздрават и додека да се извадат конците, кучињата често знаат да си ги разранат и раскрварат чешајќи ги ... и со таа пластика околу глава нема да можат да си ги разрануваат ушите.
Лу, имам голем двор и ќе го чувам во двор. Сакам да е големо а за влакното може и двете. Најмногу сакам Хаска, Самојед, Доберман (ама многу е скапо) , Лабрадор и други.
Јас имам 14 години и не сум при средства за да издвојам повеќе од 4000 до 5000 денари ако е добро кучето, бидејќи доаѓа лето треба да одам на одмор со другари и така а многу голем мерак ми е да имам куче. Пред 1 година тато зема шарпланинец многу убав ама за 3-4 месеци го фати штенечак додека тато беше во бугарија на одмор и јас додека да викнам ветеринар додека да го осетам многу беше касно. Му стававме инфузија ама не преживеа... Иначе тогаш дадов 200 евра и затоа сеа не ми се дава повеќе од 70-80 евра за куче... Иначе тоа 3000 евра беше грешка, не е евра туку денари...
Во оваа тема ти го префрлив цитатот за да ти одговорам, за да не одиме оф-топик во темата Продавам-Купувам-Подарувам.
Вака сеа ... Доберманот е фантастична раса ... али ти бидејќи имаш 14 години, мислам дека сеуште си мал за да чуваш ваква моќна раса, не е проблемот во големината на Доберманот, туку проблемот е во карактерот на оваа раса, мислам дека сеуште си мал за да контролираш вакво моќно куче, а башка и почетник си, а Доберманите никако несмеат да паднат во раце на почетник бидејќи тоа е исто како на мало дете да му дадеш атомска бомба ... за да чуваш Доберман потребно е навистина големо знаење и искуство со кучиња ... бидејќи во спротивно неможеш ни да замислиш какви последици може да има.
Самоједот и Хаската се премногу тврдоглави кучиња.
Јас овие 2 раси (Самојед и Хаска) воопшто не би ги препорачала за почетници, карактерно не се агресивни (иако понекогаш знаат да изненадат Хаските) али имаат премногу тежок карактер, тоа се страшно тврдоглави и инаетливи кучиња.
Најчесто луѓето се заљубуваат во нивниот изглед ... за Самоједите велат дека се како поларни мечиња, а Хаските ги маѓепсуваат со тие прекрасни сини очи ... НО не е се' во изгледот, е таквите почетници кога ќе земат Самојед или Хаска поради нивниот изглед, потоа си имаат огромни проблеми со нивниот карактер, едноставно неможат да се справат со нивната тврдоглавост, инает и хиперактивен темперамент.
Јас би ти препорачала да си земеш некоја помирна и посталожена раса ... Лабрадор Ретриверот и Златниот Ретривер се
„речиси“ идеални раси за почетници ... намерно потенцирам „речиси“ идеални раси за почетници ... бидејќи не постои идеална раса за почетник, но сепак Лабрадор Ретриверот и Златниот Ретривер се најблиску до идеална раса за почетник.
А штом на тебе Лабрадор Ретриверот ти е една од омилените раси тогаш ... go for it