Купопродажба на недвижности во Скопје

Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Незнам дали е во вистинскиот дел од форумот, но тука ми излгедаше најприкладно да ја отворам оваа тема.

Конкретно сакам да отворам дискусија околу цените, и бројот на станбени објекти во Скопје. Мислам дека оваа тема ќе ги интересира доста од овде присутните.

Продажбата оди тешко, а цените паѓаат. Неколку пати сум слушнал вакво нешто, што по медиуми а што и од луѓе. Цените во Скопје се движат од 900 па до 1300 евра по м2. И ова се сосема нормални цени, иако мислам 1300 е премногу па според мене 1150 би било сосема нормална цена за м2 во некој полуксузен објект.
Но не се слагам со цените, особено на становите да паднат под 900 евра за м2.

ШТО МИСЛИТЕ ВИЕ НА ОВАА ТЕМА?
Па ти пријателе слободно субвенционирај им ја разликата на инвеститорите :).
Квадратот (како и се друго што е на продажба) вреди толку колку што некој е спремен да плати за него. Ако се најде некој будала спремен да го плати 5000 евра, тогаш вреди толку, ако не се продава ни за 600 не вреди ни толку. А ако остане непродаден, воала, инвеститорите нека мењаат спорт, за овој не ги бивало
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Има начини , ама баш мојата парцела е на средина и е блокирана едната со другата нема пролаз ако ме разбираш он е во кнап , на почетокот играше со заебани финти и за џабе им ги зема на некои , така да ништо испод 30 .
Баш дека ти е на средина си ебана странка , полошо од тоа не може да биде :pos:
Али ај терај како знаеш со среќа па и 200 да земеш од квадрат.
 
Член од
19 септември 2013
Мислења
30
Поени од реакции
6
Со среќа нека им е тогаш. Само будала човек не би спуштил цена во бизнис во кој после спуштањето на цената ќе има оплодување на парите од 70% за 5-6 месеци.
Познавајќи дел од нив уште многу одамна меѓусебно се договараат за монополизирање и вештачко креирање на цени. Иако за она што го градат не вреди ни 500 евра за квадрат (споредбено постара зграда со новите).
--- надополнето: 19 септември 2013 во 23:23 ---
Па ти пријателе слободно субвенционирај им ја разликата на инвеститорите :).
Квадратот (како и се друго што е на продажба) вреди толку колку што некој е спремен да плати за него. Ако се најде некој будала спремен да го плати 5000 евра, тогаш вреди толку, ако не се продава ни за 600 не вреди ни толку. А ако остане непродаден, воала, инвеститорите нека мењаат спорт, за овој не ги бивало
Иако е пазарна економија, но сепак мора да има правила на игра.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Баш дека ти е на средина си ебана странка , полошо од тоа не може да биде :pos:
Али ај терај како знаеш со среќа па и 200 да земеш од квадрат.
Ај кажи еден начин како може он да ме уценува , кога тоа е триаголник едната страна му е веќе земена јас сум на средината и го сечам за да може да има излез од едниот дел на патот треба да помине низ мое :)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Просек на Скопје во моментов е 950-1050 евра за м2 во зависност од дел на градот. Што значи според твојата логика после евентуален пад цените би дошле на 665 - 700 евра за м2.

Па инвеститориве кој што ги чини најмногу 400 евра во изградба клуч на рака по м2, никогаш нема да се сложат на ова. Поточно нема да ја спуштат цената туку ќе ја држат вештачки. Сепак тие се монопол на пазаров.
--- надополнето: 19 септември 2013 во 23:20 ---

За колку време мислиш дека ќе започне падот на цените, и кризата во градежниот сектор?

Иако јас мислам дека веќе го има зафатено.
И јас мислам дека тука негде ќе се нормализира падот со реалните цени. Ќе се сложат и ќе молат да се најдат купци, досега се држеа вештачки цени, сега веќе немаат контрола.

Почнат е падот. Моја другарка има стан над Симпо Карпош 1, 40м2, го продава од Јануари месец. Цените кои ги добива, со секој изминат ден се помали и помали. Почна со 50000 евра да бара, сега последна цена што ја доби е 40 000 е. Јас ја советував да го продаде. Некои сопственици во Скопје и велат да не продава, ќе се качеле цените. И велам дека сега и е последна шанса, ова иде надоле и никако нагоре. Плус купци нема како порано, никој на тел не се јавува.
 
Паметен совет си и дала. 1000 евра по м2 е добра цена за овој момент во Скопје. Доколку е станот реновиран може да побара и 1050.

Цените на недвижности да ќе се качат но можеби после десетина години, доколку се стави некој ред на пазарот. Пошто со бројка од 8000 непродадени нови станови и плус уште непознат број на постари станови на продажба овој пазар е во сериозна криза.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Ај кажи еден начин како може он да ме уценува , кога тоа е триаголник едната страна му е веќе земена јас сум на средината и го сечам за да може да има излез од едниот дел на патот треба да помине низ мое :)
1.Пат мораш да му дадеш судски се решава тоа многу лесно и нема суд на кој што ќе изгуби.
2. Спроведување на разно разни инсталации низ твоето парче канализација,водовод ,струја било што.
3. При градба случајно да влезе во твој дел да се тужите судот у никој случај нема да одреди отстранување на објектот туку едноставно ќе донесе одлука да ти исплати некоја минимална сума во вредност од земјиштето.
4. Уз твојата парцела да напраи некој коп и да предизвика тонење на парцелата.
5. Општината да донесе одлука дека парцелата се става во зелен појас
6. Може да се спроведе дренажен канал од тука.
Начини за да те заебе има многу ако е уигран ќе ти го земе па прави што сакаш.
--- надополнето: 19 септември 2013 во 23:33 ---
И јас мислам дека тука негде ќе се нормализира падот со реалните цени. Ќе се сложат и ќе молат да се најдат купци, досега се држеа вештачки цени, сега веќе немаат контрола.

Почнат е падот. Моја другарка има стан над Симпо Карпош 1, 40м2, го продава од Јануари месец. Цените кои ги добива, со секој изминат ден се помали и помали. Почна со 50000 евра да бара, сега последна цена што ја доби е 40 000 е. Јас ја советував да го продаде. Некои сопственици во Скопје и велат да не продава, ќе се качеле цените. И велам дека сега и е последна шанса, ова иде надоле и никако нагоре. Плус купци нема како порано, никој на тел не се јавува.
Знаеш колку агенции за недвижности затворија последниве две години ?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.326
Поени од реакции
26.270
Познавајќи дел од нив уште многу одамна меѓусебно се договараат за монополизирање и вештачко креирање на цени. Иако за она што го градат не вреди ни 500 евра за квадрат (споредбено постара зграда со новите).

Сликава е за друга тематика, ама и овде важат истите правила. Македонскиот пазар на недвижности е многу млад и сега завршува со инсталициониот период, се наоѓа негде пред падот. После тоа ќе се стабилизира и нема да има место за секакви шалабајзери што продале нива за да градат зграда и успеваат да го дуплираат капиталот за кратко. Ќе останат само големите играчи, кои можат да играат бавно и прифаќаат да работат со маргина на добивка од 30-40%.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Познавајќи дел од нив уште многу одамна меѓусебно се договараат за монополизирање и вештачко креирање на цени. Иако за она што го градат не вреди ни 500 евра за квадрат (споредбено постара зграда со новите).
--- надополнето: 19 септември 2013 во 23:23 ---

Иако е пазарна економија, но сепак мора да има правила на игра.
Е па тие се правилата бе другар, ако години наназад се збори дека цените се превисоки и ќе паѓаат, ако во Скопје има повеќе инвеститори од маркети и ако и покрај се се нашол нов „инвеститор што го анализирал пазарот и заклучил дека на Скопје му требаат уште х згради„ тоа е негов проблем. Да не треба да се донесе декрет секој да мора да купи по еден стан како што купуваа точаци во Туркменистан?

Исто важи и за оние што сега плачат дека Водно им влегло во спална. Па Водно со години си го прави истото - ако се копнало за пат и имало лизгање, се копнале темели и имало лизгање, кога ќе се копне за друга зграда до неа ќе има што?

И едниве и другиве во случај на жалба би ги пратил кај dobro poznat да ги сослуша и да ги утеши :D.
 
Член од
19 септември 2013
Мислења
30
Поени од реакции
6

Сликава е за друга тематика, ама и овде важат истите правила. Македонскиот пазар на недвижности е многу млад и сега завршува со инсталициониот период, се наоѓа негде пред падот. После тоа ќе се стабилизира и нема да има место за секакви шалабајзери што продале нива за да градат зграда и успеваат да го дуплираат капиталот за кратко. Ќе останат само големите играчи, кои можат да играат бавно и прифаќаат да работат со маргина на добивка од 30-40%.

А што според тебе ќе се случи со купо-продажбата на постарите станови? Дали мислиш дека и тие ќе си го најдат своето место на пазарот?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Паметен совет си и дала. 1000 евра по м2 е добра цена за овој момент во Скопје. Доколку е станот реновиран може да побара и 1050.

Цените на недвижности да ќе се качат но можеби после десетина години, доколку се стави некој ред на пазарот. Пошто со бројка од 8000 непродадени нови станови и плус уште непознат број на постари станови на продажба овој пазар е во сериозна криза.
Јас сум речиси убедена дека цената која ја имаа никогаш нема да се достигне. Никаде, не само во Скопје и Тетово имаше балон. Никој нит продава, нит купува во Тетово.

Ќе си стојат како капитал за идни генерации. Не дај боже да спука уште некоја политичка криза и етничка бомба, ни дваесет години нема да не оправат финансиски.

Само без панично продавање, Албанците имаат повеќе пари од нас, ќе направите голема беља во Скопје. Нека стојат, да чекаат подобри времиња.
--- надополнето: 19 септември 2013 во 23:42 ---
Знаеш колку агенции за недвижности затворија последниве две години ?
Незнам, не сум во тек со нив, али верувам дека набрзо им следи тотален колапс. Колку има затворено?
 
Член од
19 септември 2013
Мислења
30
Поени од реакции
6
Јас сум речиси убедена дека цената која ја имаа никогаш нема да се достигне. Никаде, не само во Скопје и Тетово имаше балон. Никој нит продава, нит купува во Тетово.

Ќе си стојат како капитал за идни генерации. Не дај боже да спука уште некоја политичка криза и етничка бомба, ни дваесет години нема да не оправат финансиски.

Само без панично продавање, Албанците имаат повеќе пари од нас, ќе направите голема беља во Скопје. Нека стојат, да чекаат подобри времиња.

За Тетово не знам, не сум запознаен со состојбата на пазарот со недвижности. Но Скопје дефинитивно е во хаос, и мора да се среди некако.

А некој спомна Белград, Загреб, Љубљана.

Белград падна квадратот за 30% од цената. Загреб си држи константа, а исто и Љубљана со тоа што во Љубљана може да купат недвижен имот само Словенци а тие што се надвор од Љубљана без право на жителство туку само како капитал да го поседуваат, а додека странец во Словенија може да купи недвижен имот само доколку Република Словенија (Мнистерство за Правда од таму) има потпишано договор за можност со соодветната земја на побарувачот на недвижен имот за оваа намена.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.326
Поени од реакции
26.270
А што според тебе ќе се случи со купо-продажбата на постарите станови? Дали мислиш дека и тие ќе си го најдат своето место на пазарот?
Ако имаш вишок пари и сакаш да ги врзеш на најмалку десетина години, купување веднаш откако пазарот ќе доживее удар е добра варијанта. За продажба на стан не е 5 до 12, туку 12 и 5. Едноставно е, нема побарувачка (иако тоа вешто го кријат и нема паника по медиуми, за да си купат време) и тоа што сега сопствениците мислат дека губат со тоа што ќе продадат за 50-100 евра пониска цена од таа што ја бараат, ќе биде смешна пара споредено со тоа што реално ќе го загубат на крај.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882

Сликава е за друга тематика, ама и овде важат истите правила. Македонскиот пазар на недвижности е многу млад и сега завршува со инсталициониот период, се наоѓа негде пред падот. После тоа ќе се стабилизира и нема да има место за секакви шалабајзери што продале нива за да градат зграда и успеваат да го дуплираат капиталот за кратко. Ќе останат само големите играчи, кои можат да играат бавно и прифаќаат да работат со маргина на добивка од 30-40%.
leandra Знае пред неколку години работев во една германска фирма која што произведуваше и продаваше германски фасадни материјал и не само фасадни туку бои за внатрешна и надворешна употреба.
Уште тогаш сите што беа изведувачи или под изведувачи плаќаа со компезација попросто кажано за долгот даваа станови, квалитетот на становите е ужас пошто и материјалите кој што се употребуваат за нивна изградба се ужас, мене ми се има случено да ми вратат цел шлепер пластична фасада пошто многу скапо им се видело, да не зборам за абрипи глет маси бои, единствево што се трошеа скапите материјали беше на објекти кој ги финансираше европска унија и растуривне тука.
Така да можам слободно да кажам дека сега по селата има културно уметнички домови изградени пред 60 години со 10 пати о квалитетна фасада од колку новите згради во лисиче.
Цениве сеуште не паднале асално а ќе паднат, и кога ќе паднат нема за брзо да се кренат ќе треба да поминат најмалце 15 ( ако не и 25 ) години за било какво минимално покачување, пошто државава ни старее знаеш ли колку има пензионери кој што окупираат огромни станови а се на возраст од 70 до 80 , што мислиш што ќе се случи со нивните станови од како ќе починат тие, и да нема изградба секоја година се повеќе и повеќе има празни станови.
--- надополнето: 19 септември 2013 во 23:53 ---
Јас сум речиси убедена дека цената која ја имаа никогаш нема да се достигне. Никаде, не само во Скопје и Тетово имаше балон. Никој нит продава, нит купува во Тетово.

Ќе си стојат како капитал за идни генерации. Не дај боже да спука уште некоја политичка криза и етничка бомба, ни дваесет години нема да не оправат финансиски.

Само без панично продавање, Албанците имаат повеќе пари од нас, ќе направите голема беља во Скопје. Нека стојат, да чекаат подобри времиња.
--- надополнето: 19 септември 2013 во 23:42 ---

Незнам, не сум во тек со нив, али верувам дека набрзо им следи тотален колапс. Колку има затворено?
МНОГУУУУУУУ :pos:
Знам само дека последниве 8 месеци ми се јавија за работа 11 луѓе кој беа во такви агенции или на некој начин поврзани со нив, поранешни соаботници пријатели познаници. Се нафаќаат на било каква работа.
 
Член од
19 септември 2013
Мислења
30
Поени од реакции
6
Ако имаш вишок пари и сакаш да ги врзеш на најмалку десетина години, купување веднаш откако пазарот ќе доживее удар е добра варијанта. За продажба на стан не е 5 до 12, туку 12 и 5. Едноставно е, нема побарувачка (иако тоа вешто го кријат и нема паника по медиуми, за да си купат време) и тоа што сега сопствениците мислат дека губат со тоа што ќе продадат за 50-100 евра пониска цена од таа што ја бараат, ќе биде смешна пара споредено со тоа што реално ќе го загубат на крај.

Ми се допаѓаат твоите рамислувања, пошто ги делиме истите. Иако сметам уште дека мора да се воведат некакви мерки за да биде кризата поблага. Невозможно е секој да гради, а и во толкави количини. Мене уште ме чуди каде е стопанска комора да се јави, завод за статистика, министерство за економија и здружение на потрошувачи. Како никој да не се замара со овој проблем.

Но уште стојам дека 900 евра за м2 е нормална цена за Скопје.
--- надополнето: 19 септември 2013 во 23:57 ---
leandra Знае пред неколку години работев во една германска фирма која што произведуваше и продаваше германски фасадни материјал и не само фасадни туку бои за внатрешна и надворешна употреба.
Уште тогаш сите што беа изведувачи или под изведувачи плаќаа со компезација попросто кажано за долгот даваа станови, квалитетот на становите е ужас пошто и материјалите кој што се употребуваат за нивна изградба се ужас, мене ми се има случено да ми вратат цел шлепер пластична фасада пошто многу скапо им се видело, да не зборам за абрипи глет маси бои, единствево што се трошеа скапите материјали беше на објекти кој ги финансираше европска унија и растуривне тука.
Така да можам слободно да кажам дека сега по селата има културно уметнички домови изградени пред 60 години со 10 пати о квалитетна фасада од колку новите згради во лисиче.
Цениве сеуште не паднале асално а ќе паднат, и кога ќе паднат нема за брзо да се кренат ќе треба да поминат најмалце 15 ( ако не и 25 ) години за било какво минимално покачување, пошто државава ни старее наеш ли колку има пенионери кој што окупираат огромни станови се на возраст од 70 до 80 , што мислиш што ќе се случи со нивните станови од како ќе починат тие, и да нема изградба секоја година се повеќе и повеќе има празни станови.
--- надополнето: 19 септември 2013 во 23:53 ---

МНОГУУУУУУУ :pos:
Знам само дека последниве 8 месеци ми се јавија за работа 11 луѓе кој беа во такви агенции или на некој начин поврзани со нив, поранешни соаботници пријатели познаници. Се нафаќаат на било каква работа.

За компензација како налин на плаќање, и квалитет на градба не сакам да зборам. А уште помалку за функционалност на просторот. А точно е и тоа дека одливот на млади мозоци си го прави своето. И допрва ќе го осетиме тоа во многу сектори.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom