- Член од
- 8 декември 2009
- Мислења
- 702
- Поени од реакции
- 528
Па ти пријателе слободно субвенционирај им ја разликата на инвеститорите .Незнам дали е во вистинскиот дел од форумот, но тука ми излгедаше најприкладно да ја отворам оваа тема.
Конкретно сакам да отворам дискусија околу цените, и бројот на станбени објекти во Скопје. Мислам дека оваа тема ќе ги интересира доста од овде присутните.
Продажбата оди тешко, а цените паѓаат. Неколку пати сум слушнал вакво нешто, што по медиуми а што и од луѓе. Цените во Скопје се движат од 900 па до 1300 евра по м2. И ова се сосема нормални цени, иако мислам 1300 е премногу па според мене 1150 би било сосема нормална цена за м2 во некој полуксузен објект.
Но не се слагам со цените, особено на становите да паднат под 900 евра за м2.
ШТО МИСЛИТЕ ВИЕ НА ОВАА ТЕМА?
Квадратот (како и се друго што е на продажба) вреди толку колку што некој е спремен да плати за него. Ако се најде некој будала спремен да го плати 5000 евра, тогаш вреди толку, ако не се продава ни за 600 не вреди ни толку. А ако остане непродаден, воала, инвеститорите нека мењаат спорт, за овој не ги бивало