Купопродажба на недвижности во Скопје

Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Јас не реков да паднат под 900, туку дека не смее па дапнат под 900 а најмногу според мене би требало да одат до 1150.

А за Охрид само кажав какво искуство имав јас лично.
--- надополнето: 19 септември 2013 во 22:59 ---

Повторно ќе потенцирам несакам да навредувам никого. Само дебатирам.
Мислам дека не сваќаш едно нешто, дека секој еден што вложил во недвижност во скопјево во последниве 10 години или ништо не разбирал или имал пари за фрлање.
цените ќе паѓаат и понатака и на клепки да стоиш нема да растат.
1. Имаш иселување од државава и то во голем број сите тие продаваат или изнајмуваат, дури и тие што се надвор не мислат да се враќаат а уште помалку да купуваат станови.
2. Се изградија многу објекти цената на квадратот за изградба падна за 20% ако не и повеќе.
3. Нема веќе кој да купува.
4. Веќе нема работа ни во Скопје за сите а и платите паѓаат.
5. Има вишок.
6, Никој не е будала да си ги даде парите за џабе поготово за нешто што не вреди.
7, Кој фатил до сега фатил кој не наздравје бричење.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Се спрема Народна банка за ова. http://denesen.mk/web/2013/04/01/bogov-treba-da-se-vidi-kolku-od-bankite-pokazuvaat-realno-ostvaren-profit/
Со купи куќа - купи стан глупостиве Владата му купува време на Народна банка и го субвенционира градежниот сектор, ама мора да пукне на крај. Среќа пазарот е релативно мал, па може да се изменаџира штетата.
Јас ни во сон не се сомневам во НБРМ, Господ да ги поживее долго :)
Само во нив верба, во никој друг. Убаво се закотвил Богов со одлукава, сега ќе ги чека на расчекор. Да видиме какви профити ќе книжат со балонов.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Da ne saka nekoj da kupi zemja odma do avtopatopt Skopje-Veles , eden hektar cena 30 eura .:)
15 максимална цена и тоа на релација Скопје-Петровец после патарината петровец натаму накај велес со секој километар ти паѓа цената.
 
Член од
19 септември 2013
Мислења
30
Поени од реакции
6
Не правиме муабет за навредување или не. Од трите пика на пазарот на недвижнини со Скопје, два беа предизвикани од провинцијалци. Првиот беше во 2001, кога Македонците од западна на големо се селеа натаму, вториот кога бевме блиску до влез во НАТО, третиот откако провинцијалците кои станаа нововработени административци при промената на власта решија да се преселат во Скопје. Денешнава цена на квадратот во Скопје е најмногу заради овие три работи.
Спред тебе која е реална цена за м2 за Скопје под која што не смее да се оди? И што мислиш за мерката да се стави времена забрана за градба на нови станбени објекти?
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
117
Поени од реакции
79

Провинцијалци ...а :facepalm:

Интересно :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.326
Поени од реакции
26.272
Куп Куќа - Купи-Стан е еден многу лош проект. За истиот само би предложил да се прочитаат договорите кој што се нудат и условите и да се пресмета после тоа. Цената на крај изгага енормно висока.
Не е ни целта на проектот да успее. Повеќе е во прашање психологија, да ги охрабрат тие што имаат пари да ги вложат во недвижност, да купат уште некоја година пред тресокот на пазарот.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
15 максимална цена и тоа на релација Скопје-Петровец после петровец натаму со секој километар ти паѓа цената.
Imav ponudi od toj sto go kupi okolu nas celo zemjiste i davase 22 eura so zort , ama ako toa mesto e predvideno za ind,zona a moze potoa da dojde i cenata do 50 eu. i pred petrovec e toa :P
 
Член од
19 септември 2013
Мислења
30
Поени од реакции
6
Не е ни целта на проектот да успее. Повеќе е во прашање психологија, да ги охрабрат тие што имаат пари да ги вложат во недвижност, да купат уште некоја година пред тресокот на пазарот.
Ок. Но не ми одговори спред тебе која е реална цена за м2 за Скопје под која што не смее да се оди? И што мислиш за мерката да се стави времена забрана за градба на нови станбени објекти?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.326
Поени од реакции
26.272
Спред тебе која е реална цена за м2 за Скопје под која што не смее да се оди? И што мислиш за мерката да се стави времена забрана за градба на нови станбени објекти?
Многу арогантно е да се кажува за реална цена, ама ако го пратиш пазарот на недвижности во Софија и Прага (слични на скопскиот, само што тие веќе го пројдоа падот) мислам дека на крај цените ќе се стабилизираат околу сума за 30% пониска од сегашната.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Imav ponudi od toj sto go kupi okolu nas celo zemjiste i davase 22 eura so zort , ama ako toa mesto e predvideno za ind,zona a moze potoa da dojde i cenata do 50 eu. i pred petrovec e toa :P
И да дојде индустриска зона џабе, ако више се откупил околу тебе или ќе му го дадеш пошто зошто или џабе ќе ти го земе, не се радувај ако останало само твоето парче.
Има 1000 начини како да се обезвредни едно парче земја.
башка има и закон за експропиација а богами и закон доколку некој ти узурпира земјиште.
Тогаш се плаќа по цена што ќе ја утврди судот, и оној кај вероно во центар тераше инат па на крајот пак му го земаа за ич пари.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не е ни целта на проектот да успее. Повеќе е во прашање психологија, да ги охрабрат тие што имаат пари да ги вложат во недвижност, да купат уште некоја година пред тресокот на пазарот.
Мислам дека разговаравме на темава за недвижности уште од 2010 година некаде низ економија. Падот е очекуван, ме плаши само паниката која ќе завладее вака помеѓу сопствениците. Цената по квадрат у Скопје како што треба да биде сразмерно со животниот стандард во земјата ќе падне, а градежниот хаос ќе сопре. Колку само штети ќе се пребројат на оние кои тек сега извадиле дозволи за градби и почнале. Оф оф и на фирми изведувачи, прозорци и врати, фасади и бои, ламинат, паркети, водоводна и термо изолација, греење...не се отварајте многу со фактури, да не ве изеде матната кога ќе надојде.
 
Член од
19 септември 2013
Мислења
30
Поени од реакции
6
Многу арогантно е да се кажува за реална цена, ама ако го пратиш пазарот на недвижности во Софија и Прага (слични на скопскиот, само што тие веќе го пројдоа падот) мислам дека на крај цените ќе се стабилизираат околу сума за 30% пониска од сегашната.
Просек на Скопје во моментов е 950-1050 евра за м2 во зависност од дел на градот. Што значи според твојата логика после евентуален пад цените би дошле на 665 - 700 евра за м2.

Па инвеститориве кој што ги чини најмногу 400 евра во изградба клуч на рака по м2, никогаш нема да се сложат на ова. Поточно нема да ја спуштат цената туку ќе ја држат вештачки. Сепак тие се монопол на пазаров.
--- надополнето: 19 септември 2013 во 23:20 ---
Мислам дека разговаравме на темава за недвижности уште од 2010 година некаде низ економија. Падот е очекуван, ме плаши само паниката која ќе завладее вака помеѓу сопствениците. Цената по квадрат у Скопје како што треба да биде сразмерно со животниот стандард во земјата ќе падне, а градежниот хаос ќе сопре. Колку само штети ќе се пребројат на оние кои тек сега извадиле дозволи за градби и почнале. Оф оф и на фирми изведувачи, прозорци и врати, фасади и бои, ламинат, паркети, водоводна и термо изолација, греење...не се отварајте многу со фактури, да не ве изеде матната кога ќе надојде.
За колку време мислиш дека ќе започне падот на цените, и кризата во градежниот сектор?

Иако јас мислам дека веќе го има зафатено.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.326
Поени од реакции
26.272
Просек на Скопје во моментов е 950-1050 евра за м2 во зависност од дел на градот. Што значи според твојата логика после евентуален пад цените би дошле на 665 - 700 евра за м2.

Па инвеститориве кој што ги чини најмногу 400 евра во изградба клуч на рака по м2, никогаш нема да се сложат на ова. Поточно нема да ја спуштат цената туку ќе ја држат вештачки. Сепак тие се монопол на пазаров.
Со среќа нека им е тогаш. Само будала човек не би спуштил цена во бизнис во кој после спуштањето на цената ќе има оплодување на парите од 70% за 5-6 месеци.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
И да дојде индустриска зона џабе, ако више се откупил околу тебе или ќе му го дадеш пошто зошто или џабе ќе ти го земе, не се радувај ако останало само твоето парче.
Има 1000 начини како да се обезвредни едно парче земја.
башка има и закон за експропиација а богами и закон доколку некој ти узурпира земјиште.
Има начини , ама баш мојата парцела е на средина и е блокирана едната со другата нема пролаз ако ме разбираш он е во кнап , на почетокот играше со заебани финти и за џабе им ги зема на некои , така да ништо испод 30 .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom