Купи куќа, бонус државјанство :)

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Дојде време да секој поединец кој располага со малку повеќе пари да може да си купи државјанство по избор.

Сакаш унгарско- иако си странец го добиваш за 250 000 евра( доколку купиш државни облигации за таа сума ) за ова пишува The Wall Street Journal.
Оваквиот закон предизвикал критики од страна на членовите на Евросојузот. Така што, европските политичари ова го нарекле "шокирачка злоупотреба" на членството во ЕУ и истакнале дека ова најмногу ќе го искористат жителите на Кина :pos: -кои и ќе бидат најактивните купувачи .

Интересен е случајот и со САД- каде за 500 000 долари купуваш недвижности( но не си приморан да сите пола милион долари ги дадеш за куќа само за себе- значи ти даваат можност за 250 000 да купиш куќа за себе, а 250 000 друга недвижност и да ја изнајмуваш ) , но при тоа обврзан си да живееш на таа територија 180 дена

За Македонија- е 400 000 евра( ова е најскапото понудено државјанство на странци;))

ееееееехехе Гејлада- го намали износот - кој беше до неодамна 300 000 евра - на сегашни 200 000 - или си купуваш куќа или ги инвестираш во економијата- сеедно - оти и во двата случаи добиваш гејско државјанство:pos:

Шпанија- за само 160 000 евра

Украина -за $100 000

Чешка- 200 000 евра

Тука ќе ја споменам и Латвија- која продава свои државјанства но само на Израелци и тоа за $200.000

Јужна Америка, т.е.популарната Панама, 300 000 долари за купување куќа се основа за добивање нивно државјанство

Франција, после купувањето на недвижност добивате мултивиза, после пола година можете да поднесете документи за добивање нивно државјанство

Но , има и држави кои си го штитат пазарот на недвижности од странци.Таква е Швајцарија која продава недвижнини по квоти и тоа само 1500 квоти годишно.

Такво ограничување има и Австрија.

Во Израел, Канада, Англија, или ОАЕ при купување недвижност добиваш само мултивиза со право на престој од 180 дена во годината - но не и право на добивање на државјанство.

Ама има и место каде немора да купувате куќи, Доминиканската република ви нуди најпрост начин за добивање државјанство- потребно е само да поднесете документи -барање , како и копија од пасош,лекарско уверение дека не боледувате од хепатит и сида,дозвола од Интерпол дека не сте лице по кое трагаат и дека не сте осудуван - рокот на одобрување е од 3-6 месеци:)

Член од
27 јануари 2013
Мислења
42
Поени од реакции
31
Ех уште да имавме толку пари сега сите овде ќе постиравме мислења од САД,Шпанија или пак можда од малку потропски места како Панама
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.043
Поени од реакции
952

кај е Германија? никаде не ја видов
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Тоа ти е денес живееме во материјален свет, ако се има пари се се може. Каде се парите таму е и моќта...
 
Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
736
Поени од реакции
660
Ај вака како поупатен Cool@ најди некоја од горенаведениве земји(по можност Канада,Австалија,Швајцарија) што посвојува цели фамилии па да ја решиме работава побрзо:D
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Одам за панама :love:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.531
Поени од реакции
11.603
Сето ова звучи супер, за волја на вистината, и јас ги сакам карибските држави и латиноамериканските држави кои се во близина на екваторот, особено Аргентина и Бразил, изобилие од исончани моми и бакарна женствена убавина.

Но една работа не е разјаснета:

Колкав данок на имот се плаќа за имотите од толкава вредност ?

Еве на пример, денес знаеме дека во Франција со новите даноци, секој кој заработува над 1 милион евра годишно, ќе мора да плати неверојатни 75% данок на добивка, со други зборови, ќе си остане само со 250.000 евра, а и тоа не е чиста добивка ако се одземат и други трошоци како што се придонеси, здравствено, социјално и инвалидско осигурување и триста и кусур други трошоци поради кои Жерар Депардје најпаметно си фати џаде за Русија, каде што има рамен данок, а не знам кои се условите кои странец треба да ги исполни за забрзано да се стекне со руско државјанство, со исклучок на стапување во брак со Русинка.

Со кој памет би купувал имот во Франција, без разлика во кој дел од државата, со кој памет би земал државјанство од држава која ќе почне да ме цица како вампир кога ќе почнам да се искачувам по скалата на економскиот и социјалниот успех и ќе почнам да заработувам над 1 милион евра годишно ?

Но кога сме кај тропските краеви, колку изнесуваат даноците на имот, на доход итн. во спомнатите Панама, Доминиканска Република и други, знае ли некој ?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.531
Поени од реакции
11.603
Да имам толку пари не сум будала да си идам од МК!Ќе имам ранч и ќе си ја прчам:)
Убаво е да си ја прчиш, но ќе мораш да инвестираш дел од парите за да се размножат, или во спротивно на крајот ќе останеш без ништо.

Ееех, кога би живееле без грижи на светов... :cool:
 
Член од
13 април 2012
Мислења
269

Буквалист!:rolleyes:
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Нова цел, собирање 200.000 евра и шпринт во Чешка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom