Кунг-Фу vs Аикидо vs Таеквондо vs Кик-бокс vs Karate

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Едно интересно видео најдов,некои овде многу ги фаворизираат ММА како најдобри борци нали во светот. Да видиме како еден ММА се справува со постар и дебел таи чи мајстор

Многу ми се смешни местени демонстрации каде некој многу физички појак „демонстрира“ вештина со инфериорен противник и тоа во апла местена демонстрација.

Скокам такви видеа на Јутјуб а преполн е нетот со такви.
 
DreaM oNe

我是马丁
Член од
4 септември 2012
Мислења
235
Поени од реакции
175

Па не за џабе се на You Tube ставени,си се рекламираат на некој начин луѓето.
Овој помалиов у случајов мора да соработува за поголемиов да може успешно да си ја „презентира“ техниката.

Како што разбрав тука се на некој саем за боречки вештини.Нема ваљда да се тепаат реално :)

Мене посмешни ми се луѓето што се палат и што веруваат дека стварно според видеото една вештина е подобра од друга
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.508
Поени од реакции
1.895
Интересно како на некои луѓе не им е јасно дека таи чи спаѓа во меките стилови каде што не се употребува сурова физичка сила.Всушност и за тоа се наменети меките стилови за справување со физички појак противник.
 
DreaM oNe

我是马丁
Член од
4 септември 2012
Мислења
235
Поени од реакции
175
Интересно како на некои луѓе не им е јасно дека таи чи спаѓа во меките стилови каде што не се употребува сурова физичка сила.Всушност и за тоа се наменети меките стилови за справување со физички појак противник.
Сфаќаме дека таи чи спаѓа во интернал вештини.Јас имам тренирано скоро 3 години таи чи.Муабетот беше за веродостојноста на видеата.

Како кога ќе видиш некој сифу/сенсеи цел стегнат како „претепува“ ученик (со цел да си ја рекламира вештината) а овој не ни мрда од место.....
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Сфаќаме дека таи чи спаѓа во интернал вештини.Јас имам тренирано скоро 3 години таи чи.Муабетот беше за веродостојноста на видеата.

Како кога ќе видиш некој сифу/сенсеи цел стегнат како „претепува“ ученик (со цел да си ја рекламира вештината) а овој не ни мрда од место.....
Ова пак ќе се заврти муабетот дека Таи Чи е најдобра вештина другите не чинат, мака ми е дури и да мислам а камо ли да коментирам таков муабет, јака ти душа да се објаснуваш ;).
 
DreaM oNe

我是马丁
Член од
4 септември 2012
Мислења
235
Поени од реакции
175
Ова пак ќе се заврти муабетот дека Таи Чи е најдобра вештина другите не чинат, мака ми е дури и да мислам а камо ли да коментирам таков муабет, јака ти душа да се објаснуваш ;).
Не се објаснувам,секој си има свои сфаќања :)

Јас и ти зборевме погоре за нешто сосема друго настрана од која вештина е подобра и сеа некој тоа го сфатил дека ние потценуваме таи чи или незнам што.
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.508
Поени од реакции
1.895
Не тврдам дека Таи чи е најдобро,меѓутоа преовладуваат мислења во последно време дека ММА или UFC борците се најдобри во свет што е навистина смешно.
 
DreaM oNe

我是马丁
Член од
4 септември 2012
Мислења
235
Поени од реакции
175
Не тврдам дека Таи чи е најдобро,меѓутоа преовладуваат мислења во последно време дека ММА или UFC борците се најдобри во свет што е навистина смешно.
За каде се најдобри? За во ринг?
Нормално дека се најдобри,за тоа тренираат.

За на улица....е тука никогаш нема да можеме да кажеме кој е најдобар.

И плус,не се објаснувај со луѓе кога ти тврдат дека една вештина е подобра од друга.
Секогаш е до човекот а не до вештината.

Кога јас би имал стар револвер а ти најнов калашников,иако можеби „шансите“ се на твоја страна,никогаш со сигурност неможеме да прогнозираме кој кого би убил.
И двете оружја имаат иста цел нели?
Се зависи од тоа како јас и ти ќе ракуваме со нив.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Неможе некој да верува дека постои систем кој е совршен за тепање кога нема правено спаринг со различни партнери,со различни вештини..

Секоја вештина си има свои предности и слабости.. На пример ако ММА е добро за натпревар 1 на 1.. Односно употреба на сите делови од телото за да се совлада противникот,неможе да му парира на аикидото чија главна намена е избегнување удари од нож или палка..

А неможе ни обратно.. Аикидото да му парира на ММА во односот на тепање 1 на 1.. Секоја вештина има предности и слабости.

Затоа и Брус Ли се залагал да научи што е можно повеќе,од се што постои да види што ќе му одговара на него, што ќе може да примени.. Пошто на крајот кога ќе се најдеш сред тепачка сте човек со човек..Противник со противник.. Имаш 2 раце,2 нозе и една глава.. Од тебе зависи како ќе ги искористиш..
 
Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481

ММА= Mixed Martial Arts
Нели тоа треба да значи дека од скоро секоја вештина е нешто превземено? :D
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
ММА= Mixed Martial Arts
Нели тоа треба да значи дека од скоро секоја вештина е нешто превземено? :D
се знае кој се најефективни вештини во мма.
кик бокс, бокс, BJJ, мау таи, џудо, карате ... другото е гола
вода за во ринг.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
ММА= Mixed Martial Arts
Нели тоа треба да значи дека од скоро секоја вештина е нешто превземено? :D
Да.. Затоа е многу тешко да се стане комплетен борец.. доле,горе , треба многу вежбање..
 
DreaM oNe

我是马丁
Член од
4 септември 2012
Мислења
235
Поени од реакции
175
Да.. Затоа е многу тешко да се стане комплетен борец.. доле,горе , треба многу вежбање..
Само да разграничиме.

Не е ММА само она што го гледаме на УФЦ. (не кон тебе-верувам дека ти знаеш, туку многу луѓе мислат дека ММА е само кик бокс и бразилско џу џитсу.)

ММА можат да бидат било кои боречки вештини (искомбинирани заедно) кои му се допаѓаат или гледаат како корисни на тој што ги тренира.

Што е тоа комплетен борец? Кој е денес комплетен борец?
Мислам дека тоа е повеќе како титула или мотив во најмала рака за нас повеќе да работиме на себе или подобро да кажам,никогаш да не престанеме да вежбаме и да учиме нови работи.

Инаку,се сложувам дека без многу труд,пот па и крв ништо од борецот во нас. :)
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Само да разграничиме.

Не е ММА само она што го гледаме на УФЦ. (не кон тебе-верувам дека ти знаеш, туку многу луѓе мислат дека ММА е само кик бокс и бразилско џу џитсу.)

ММА можат да бидат било кои боречки вештини (искомбинирани заедно) кои му се допаѓаат или гледаат како корисни на тој што ги тренира.

Што е тоа комплетен борец? Кој е денес комплетен борец?
Мислам дека тоа е повеќе како титула или мотив во најмала рака за нас повеќе да работиме на себе или подобро да кажам,никогаш да не престанеме да вежбаме и да учиме нови работи.

Инаку,се сложувам дека без многу труд,пот па и крв ништо од борецот во нас. :)
На комплетен борец мислев да знае рака,нога,зафати за фрлање,доле нешто.. Од се по нешто.. А не дека комплетно ги знае сите набројани :D

Многу пати Во УФЦ имало јак боксер многу слаб доле.. Или џиу џитсу мајстор што незнае удар да зададе.. Тоа ми беше поентата..

Иначе затоа е форумов надополнувај , цитирај нема никакво лутење тука.. позз
 
DreaM oNe

我是马丁
Член од
4 септември 2012
Мислења
235
Поени од реакции
175
На комплетен борец мислев да знае рака,нога,зафати за фрлање,доле нешто.. Од се по нешто.. А не дека комплетно ги знае сите набројани :D

Многу пати Во УФЦ имало јак боксер многу слаб доле.. Или џиу џитсу мајстор што незнае удар да зададе.. Тоа ми беше поентата..

Иначе затоа е форумов надополнувај , цитирај нема никакво лутење тука.. позз
Апсолутно знам што мислеше.Затоа ти реков не кон тебе.

Барем од мое искуство кога ќе спомнам на луѓе ММА мислат дека тренирам кик бокс и партер од бразилско џу џитсу и дека некој ме спрема за во ринг.

И сам знаеш дека едно време кај нас муаи таи и бџџ се учеа по импровизирани сали и школите тврдеа дека предаваат Ултимејт :)

а ултимејт е всушност името на лигата каде што се борат уфц борците.

Како да тренираш во школо за кошарка а да ти кажат дека те тренираат спорт наречен НБА. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom