Културни настани кај нас и во светот

Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
ОД ИЗДАВАЧКАТА КУЌА "СЕЛЕКТОР"

Книга за кражбите на македонското културно наследство

Насловот е "Разнесено наследство", автор е Нове Цветановски кој за прв пат документирано, а и преку фотографии проговорува за безмилосното разграбување на нашите ракописи, икони, археолошки материјали...


"Разнесено наследство" од Нове Цветановски неодамна го издаде "Селектор". Во книгата за прв пат поцелосно и со факти се проговорува за безмилосното уништување на македонското културно наследство. Како прилог објавени се и стотина фотографии на споменици на културата од Македонија, кои сега се наоѓаат по странски музеи и колекции.
Цветановски документирано ги изнесува податоците за уништувањето и разнесувањето на македонското движно наследство: ракописи, археолошки и етнолошки материјали, икони.
Книгата го бележи разграбувањето што посебно земало замав во првата половина на 19 век, па до Втората светска војна. Истражувачката работа на авторот се протега до крајот на 20 век, кога се вклучуваат и дивите копачи.
"Еден ваков преглед на фактографски податоци и сознанија можеби никогаш не ќе може да биде сеопфатен, затоа што многу податоци и не се зачувани. Понекогаш податоците намерно ги прикриваат земјите во чие име се извршени тие нецивилизациски постапки.

Но, во оваа книга е даден одговор на прашањето: Како и од кого е уништувано, како е разграбувано, каде е носено и каде денес се наоѓа македонското движно културно наследство, односно кои значајни артефакти од македонската територија во кои музеи, библиотеки, архиви и колекции се чуваат во светот" вели авторот Нове Цветановски.
"Разнесено наследство" е објавена на македонски и на англиски јазик. "Ова ќе придонесе за афирмацијата на највредните старини од Македонија пред светот, а и ќе ја презентира вистината за судбината на македонското културно наследство" истакнуваат од "Селектор".
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
ВЕЧЕРВА ВО МАКЕДОНСКАТА ОПЕРА И БАЛЕТ

"Аида" ги отвара Мајските оперски вечери
Вердиевото дело ќе го изведе домашна постава предводена од примадоната Весна Ѓиновска - Илкова и диригентот Тошио Јанагисава. Пред претставата е свечената церемонија и палењето на фестивалскиот оган.





Вердиевата"Аида", вечерва, во Македонската опера и балет (20 часот) ги отвара Мајските оперски вечери. Изведбата е со домашна екипа предводена од Весна Ѓиновска - Илкова како Аида. Диригент е Јапонецот Тошио Јанагисава. Радамес ќе го пее Цветан Стојановски , Амнерис е Ирена Кавкалевска , а Рамфис е Игор Дурловски. Во ова големо оперско дело што Верди по порачка го напиша за пуштањето на Суецкиот канал, другите солистички партии ќе ги пејат : Владимир Саздовски (Фараон), Горан Начевски (Амоносро), Александра Лазаревска (Свештеничка) и Зоран Даскаловски (Гласник).
Македонската оперска пејачка од првата генерација сопранот Васка Биџова - Гајдова годинава ќе го запали фесртивалскиот оган .
На МОВ прват ќе видиме и две режии на Иван Поповски. На гостување доаѓа Центарот за оперско пеење 'Галина Вишњевскаја" од Москва со "Царска невеста" на Корсаков на 19 овој месец и со Вердиевиот "Риголето" на 21 овој месец. И двете претстави се во режија на Поповски.
На гостувањето во Скопје со московскиот опертски театар ќе дојде и директорката , едно од големите имиња на оперската сцена, се уште виталната седумдесетгодишна Вишневскаја по која е и именуван театарот затоа што е во нејзина сопственост, а можно е и доаѓањето на нејзиниот соработник и уметнички раководител славниот Мстислав Ростропович.
Годинава на МОВ ќе видиме седум оперски и една балетска претстава. Ќе настапат околу 30-тина гости солисти и диригенти од Аргентина, Исланд, Шкотска, САД, Мексико, Украина, Русија, Бугарија и Србија и Црна Гора.
Мајските оперски вечери ќе бидат затворени на 31 мај, со изведбата на "Турандот" од Пучини со Оливер Балабурски кој живее во Канада и доаѓа специјално за да ја диригира претставата која токму тој ја подготви пред неколку години. МОВ од Министерството за култура добија 2 милиони денари, екслкузивни спонзори се "Комерцијална банка", и "Порше Македонија" која меѓу другото со луксузните автомобили ќе ги разнесува гостите од странство.
Цената на билетите е 400 денари, за организирана продажба 300, а цените на блок билетите се движат од од 1.400 до 2.000 денари
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
ПРАЗНУВАЊЕ НА " СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ" ВО РИМ

Мозаиците на Газанфер Бајрам во престижната галерија "Ла Пиња"
"Потрага по светлината" е насловена изложбата на деветнаесет мозаици со религиозни мотиви за страданија на светци и ангели
.


Газанфер Бајрам од утре ќе излага во престижната галерија "Ла Пиња" во центарот на Рим. Изложбата е именувана "Потрага по светлината", а претставени ќе бидат деветнаесет мозаици.
Мозаиците на Газанфер Бајрам не се работени специјално за оваа изложба, туку се од 2000-тата година наваму.
"Изложбата има своја историја, аманет. Првичната идеја беше на професорот Борис Петковски. Во мозаиците имам многу религиозни, па и митолошки мотиви, како што се страданија на светци, ангели. Изложбата е направена во галеријата на една црквичка што и припаѓа на ватиканската традиција, така што 'Потрага по светлината' и изложбениот простор имаат многу допирни точки" вели уметникот Газанфер Бајрам.
"Потрага по светлината" е носечка изложба на традиционалната манифестација за чествувањето на празникот "Св.Кирил и Методиј" во Рим. "Верувам дека со оваа изложба ќе се претставиме на високо ниво и дека ќе предизвикаме интерес кај публиката. Со мозаиците на Газанфер Бајрам се обидовме да претставиме дел од македонската традиција " рече директорот на Музејот на современа уметност во Скопје Емил Алексиев.
"Ова го изработивме најпрофесионално што можевме. Мозаиците се осигурани, веќе се таму, се погриживме за транспортот, за галериското осигурување. Направивме одличен каталог заедно со ДВД на кое може да се најде се за опусот на Газанфер Бајрам, од делата, па до неговата биографија" кажа Алексиев.
За отварањето на изложбата во Рим ќе отпатува и претседателот Бранко Црвенковски, како и високи претставници од Македонската православна црква.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
ВЕЧЕРВА ВО МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ
Фотографии од Африка на Филип Кондовски


Вечерва (20.30) во Музејот на современа уметност ќе биде отворена изложбата на фотографии "Децата на Африка" од Филип Кондовски. Ќе бидат изложени 110 црно-бели и колор фотографии снимени лани, за време на 10 дневниот престојот на Кондовски, на Франкофонските игри на уметност и спорт во Ниамеј, Нигер.
На фотографиите се портретирани луѓето на Нигер. Историчарот на уметност Емил Алексиев вели дека Кондовски ја зачувал само срцевината на непосредното доживување-светлината што зрачи од неговите фотографии ги оцртуваат лицата од Нигер."Ова се многубројните лица на Нигер, земја во чии длабочини одекнуваат неуморни удари на срцето и крвта, земја од која се создадени овие луѓе", пишува Алексиев. Лицата од фотографиите на Кондовски се оценува дека претставуваат sвездена мапа на ноќното небо на Африка.
Фотографиите на изложбата се проследени со стихови за Африка од Ацо Шопов и Сеногор, а како паралелен настан ќе тече видео запис со матерјали снимени за време на престојот на Кондовски во Африка
На 5- те Франкофонски игри, Филип Кондовски го освои бронзениот медал за фотографија и го доби орденот Витез од редот на Франкофонската Плеада за дијалог и култура.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Изложба на велешките личности од историјата


Во фоајето на општина Велес е отворена изложба на портрети на 16 велешки војводи, револуционери и преродбенициличности од историјата на Македонија.
Челното место го има групниот портет на гемиџиите , дело на Светозар Богдановски, кој ги стави на едно платно бидејќии тие никогаш немале своја групна слика. Богдановски нив ги прикажува според фотографии до кои успеал да дојде од различен период од нивниот живот.
Меѓу војводите е и портетот на глумецот Петре Прличко кој е роден велешанец.Изложбата ќе биде постојана посатавкла во општината Велес.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
ВЕЧЕРВА ЗАВРШУВААТ МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ ВО СКОПЈЕ
На крајот љубовната приказна за кинеската примнцеза.

Вечерва (20 часот) на МОВ на сцената во Македонската опера е едно од најтешките и популарни дела на Пучини "Турандот".




Вечерва (20 часот) на МОВ на сцената во Македонската опера е едно од најтешките и популарни дела на Пучини "Турандот".
Приказната е љубовна, и како бајка за принцезата Турандот која живее во Забранетиот град во пекинг (Кина) и на која, како во давните приказни , маж ќе и биде само оној кој ќе ги реши трите загатки. Крајот е среќно се зедоа, а во меѓувреме има и вљубување на Турандот токму во оноијх кој неа и е забранет..,
Насловната улога Турандот ја пејат сопрани од голем калибар , на МОВ вечерва неа ќе ја пее гостинката од Њујорк Каролин Томас, певица во чие досие стои дека се усовршувала во познатиот Линколн центарот во Њујорк. Настапувала и на некои европски сцени, а ангажмани има во оперите во Сиетл и Вашиунгтон кадфе е прогласена за пејач на годината за улогата на Брунхилде во "Зигфрид"Нејзината соперничка Лиу Ќе ја пее Бугарката , сопранот Цветлина Василева која пеела во Опера хаус вбо Лондон, во Синсинати опера, и канадската опера во Торонто.
Калаф, оној во кој се вљубува Турандот, ќе го пее тенорот Лев Кузњецов од Русија, од Вороњеж. Тој од пред 30 години бил солист во Баљшој вио Москва.
Под диригенство на Оливер Балабурски, во "Турандит" улогуите ќе ги пејат и : Диман Панчев, Нико Исаков, Марчо Апостолов , Милко Михајлов- сите од Бугарија.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
НОВИ ИЗДАНИЈА
Марко Китевски издаде книга со народни умотворби.

"Македонски народни умотворби" содржи околу 2000 песни, приказни, гатанки, баења, клетви, пословици, брзозборки и молитви запишани на преминот меѓу 19 и 20 век.





Книгата "Македонски народни умотворби" од Марко Китевски е неодамнешно издание на книгоиздателството "Камелеон" од Скопје. "Македонски народни умотворби" содржи дваесетина приказни, седумдесетина песни, над илјада поговорки и пословици, стотина гатанки, клетви, брзозборки и молитви, сите собрани кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.
Македонското духовно наследство што го содржи книгата е запишано од разни собирачи од различни краеви на Македонија.
Овие народни умотворби потекнуваат од Кичевско, Прилепско, Тиквешко, Ресенско, Велешко, Костурско.
"Умотворбите се објавени со нивните дијалектолошки особености и ќе претставуваат драгоцени материјали не само за проучување на македонските дијалекти, туку и за историјата на македонскиот јазик" вели издавачот.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
ИНСТИТУТИТЕ ЗА ИСТОРИЈА И ЗА ЛИТЕРАТУРА ПРОТЕСТИРААТ КОНТРА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА НАУКА

Пари за историјата и литературата нема

На втората половина од оваа година на двата института без образоложение се информирани дека се им одбиваат проектите.


Институтот за национална историја испрати протестно писмо до Министерството за образование и наука поради тоа што од 12-те пријавени проекти им се одобрени два.
За овие проекти Институтот конкурирал на Конкурсот за научно - истражувачки проекти за 2005 година, што го распишува Министерството за образование и наука.
На овие резулати Институтот за историја чекал година и неколку месеци. Известувањето дека проектите се одбиени им стигнало во четвртокот, но не добиле никакво образложение.
Затоа од Институтот за историја упатиле барање да им се даде и образложение зошто не се прифатени проектите. Им било одговорено дека не ги исполнуваат условите од Правилникот за утврдување на условите и критериумите за доделување средства за научно-истражувачка дејност.
"Темите на одбиените проекти се досега неистражувани теми и сметавме дека нивната обработка би претставувала значајно збогатување на македонското историско и културно наследство. Ако продолжи ова темпо на прифаќање на проектите предлагаме Министерството да ангажира еден-два историчари за работа на проекти, а другите да ги отпушти од работа" вели претседателот на научниот совет на Институтот за историја Ѓорѓи Чакарјаневски во протестното писмо упатено до Министерството.

Институтот за литература помина уште полошто. Од 7 проекти не им е усвоен ниту еден.
"Во известувањето што го добивме на 22 јуни стои дека проектите ни се одбиени поради негативни рецензии. Образложение не добивме, но доколку се објективно оценети и ако добиеме научна документација зошто се одбиени, нема да спориме со одлуките на Министерството. Сите наши носители на проекти се доктори на науки и визитинг професори во речиси сите славистички катедри во Европа" ни кажа Лорета Георгиева, директорка на Институтот за литература.
Институтите се зачудени и за "брзината " со која средства за научно-истражувачки проекти за 2006 година Министерството за образование и наука го распиша на 6 овој месец, а трае до 19 следниот месец.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
ОД ЦЕНТАРОТ ЗА ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ ВО СКОПЈЕ
Книга за македонската ликовна уметност од последниве две децении.
Приредувач на "Нови појави во македонската уметност" е Владимир Величковски, а изданието е фокусирано на последните две децении.


Книгата "Нови појави во македонската уметност", што ја приреди Владимир Величковски, неодамна ја објави Центарот за визуелни уметности од Скопје.
"Нови појави во македонската уметност" говори за македонската ликовна уметност во последниве две децении.

Воведната студија на Величковски е поткрепена со факсимили, репродукции на цртежи и фотографии, најчесто од 80-тите години на минатиот век, години што се сметаат за прв и пресвртен период на новата уметничка практика во Македонија.


Вториот дел на книгата содржи текстови на неколкумина историчари на уметноста што зборуваат за уметноста и политиката, за видео уметноста и за појавата на постмодерната во македонската ликовна уметност.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
СКОПСКО ЛЕТО
Концерт на хорот и мандолинскиот оркестар на МКЦ.



Хорот и Мандолинскиот оркестар од Младинскиот културен центар, ќе одржи концерт вечерва во 20.30 ч. во Куршумли ан.

Диригент е Сашо Татарчев, а солисти на концертот се Константин Кирјанов на кларинет, сопраните Ирена Крстеска и Гонца Богорамова и баритонот Кристијан Антовски.

Концертот е посветен на дела од Моцарт , и ќе бидат изведени "Мала ноќна музика", "Концерт за кларинет и оркестар", аријата на Памина од "Волшебната флејта" и Канцонета од операта "Дон Џовани".
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
ПРЕМИЕРА ВО ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР
Претстава за животот на Галилео.



Вечерва, во 22 часот, во Велешкиот театар е премиерата на претставата "Галилео", работена по идејата на Италијанците Мауро Пасери и Роландо Макрини, кој е и режисер.

Претставата низ три точки го раскажува животот на Галилео Галилеј на преминот меѓу 16 и 17 век. Формално е поделена на три дела, што го носат името на три италијански градови : "Падова", "Фиренца" и "Рим".

Падова го претставува личниот живот на Галилео, како надежите, учењето, експериментирањето и изумувањето на телескопот.

Фиренца, која во 17 век е слободна држава, е метафора за можностите и ослободувањето од догмите, а Рим е местото на репресија, местото каде што инквизицијата го осудува изумителот и мислител.

"Претставата покажува како моќта, во овој случај католичката инквизиција, може да ја прикрие вистината и да ги распрсне sвездите", велат од Велешкиот театар.
Јордан Витанов го игра Галилео, а Младен Крстевски го толкува ликот на папата. Глумат Кирил Гравчев, Александар Георгиев, Зорица Панчиќ и Весна Димитровска.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Антиката од Лувр за слепи

Изложбата "Допир на антиката" содржи копии на најпознатите експонати од Лувр што слепите лица ќе може да ги допираат, а ќе имаат објаснувања и со брајова азбука.




Од следнава недела во Музеј на Македонија ќе почне да се подготвува теренот за изложбата, наменета за слепи лица, "Во допир со Антиката". Изложбата содржи копии на експонати од античкиот период, сопственост на Лувр.
Како што ни рече директорот Гордан Николов поради сложеноста на проектот, таа ќе почне да се подготвува отсега, а ќе се презентира наесен.
"Потребни се посебни услови, пристапи до музејот и низ салите", вели Николов.

Тој ни рече дека изложбата е составена од копии на најпознатите дела од антиката што ги има Лувр што слепите ќе можат да ги допираат, а ќе има и посебни текстови со брајова азбука, како легенди за дообјаснување.

За оваа патувачка изложба Музејот има обврска да изготви три копии на дела од античкиот период од Македонија, што ќе станат составен дел на проектот. "Изложбата доаѓа од Белград, а ќе продолжи во Софија. Секоја земја ја има таа обврска и на тој начин поставката од, во проширен состав, Лувр се шета низ светот, како хуман, нов начин на претставување на културното наследство", вели Николов.
Покровители се Францускиот културен центар, Министерството за култура и Фондацијата-Отворено општество на Македонија.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
ПО 46. ПАТ ОХРИДСКО ЛЕТО
Со намален буџет квалитетна програма.


В среда, на 12 јули ќе започне 46 - то Охридско лето.

Спектаклот за отворање е Царскиот руски балет кој ќе ги изведе популарните "Кармен" и "Болеро".
Овој светски реномиран ансамбл и кај нас ќе настапи на снимена музика, како што практикувале кога биле на турнеја, беше речено на прес - конференцијата на која претседателот на Управниот одбор Ристо Аврамовски рече дека во паузата помеѓу двата балета, со "Танго" ќе настапи и Балетот при Македонската опера и балет.
Аврамовски, како селектор на музичката програма, рече дека ова издание оди чекор пред останатите и дека е можеби најдоброто досега.
"Врв на програмата е виолончелистот Миша Мајски од Белгија, но ќе видиме концерт на три тенори од Албанија.
Во годината на Моцарт 'Реквиемот' ќе го изведат Македонската филхармонија со хорот од МОБ и хор од Белград.
Годинава доаѓа и еден од најпознатите светски виолинисти Вадим Репин, потоа Борис Трајанов, Леб и сол, Женскиот младински хор на Запро Запров, британски и американски музичари и уште многу други интересни светски и домашни уметници", рече Аврамовски.
Во драмскиот дел, како што кажа селекторот Илко Стефановски, како и секоја година ќе имаме разновидна програма.
"Злосторство и казна" со театар од Санкт Петербург, претстави на Иван Поповски и Зоја Бузалкова правени во Театарот за музика и поезија "Елена Камбуркова" од Москва, ќе гостуваат театри од Белград, Словенија, Турција, Албанија и ќе има 4 македонски премиери.
Концерти ќе имаат Раде Шербеџија , како и светската sвезда Брајан Фери со Рокси мјузик.
Буџетот на фестивалот
, како што рече директорот на фестивалот Зоран Стрезовски, од Министерството за култура е намален за 1 милион и 300 илјади, а намалени се и парите од Клубот на пријателите.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
СКОПСКО ЛЕТО

Музичката драма "Хавана Блуз" го отвара Кафе-киното.
"Хавана блуз", музичката драма што лани ја сними Бенито Замбрано, ќе го отвори годинешното кафе-кино вечерва (21 ч.) во забавниот парк "Луна".





"Хавана блуз", музичката драма што лани ја сними Бенито Замбрано, ќе го отвори годинешното кафе-кино вечерва (21 ч.) во забавниот парк "Луна".

Филмот зборува за двајца одлични музичари во Хавана, кои се сиромашни, но среќни. Кога двајца шпански продуценти ќе им понудат ангажман во Шпанија, музичарите нема да мораат да ја остават само родната Куба, туку и љубовите, пријателствата, па и сопствениот интегритет.

Главните улоги ги толкуваат Алберто Јоел, Роберто Санмартин и Јаилене Сиера.

До следната среда во паркот "Луна" секој ден ќе има проекции на по еден филм. Меѓу нив се и светските хитови како "Минхен" на Спилберг. "Основен инстинкт 2" на Мајк Кетон Џонс, "Мемоарите на една гејша" на Роб Маршал.

Филмовите се од дистрибутерите СВ-РСА и "Премиум филм".
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Културна офанзива во Охрид

Денес и утре во Охрид, Контрапункт од Скопје и Медиаартес и Центарот за култура "Глигор Прличев" од Охрид, организираат саем на културна размена, во која неколку независни културни организации и уметнички групи ќе реализираат серија културни настани.

Ќе има изложби, промоции, аудио и видео перформанси, слем поезија, видео проекции, панел дискусии, поетски натпревар и две театарски претстави.

Настаните ќе се одвиваат во НЦУК "Глигор Прличев", мјузик шопот "Кукузел", кафе терасата "Аквариус", студентскиот дом "Никола Карев" и на сцената "Подиум 69".
 

Kajgana Shop

На врв Bottom