Културни настани кај нас и во светот

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Додека Бибика се труди да не информира за Охридско Лето кое почна вчера, сите други ги боле лево уво за Фестивалот.
http://www.ohridskoleto.com.mk/
Еве го њеб сајтот на нашиот најголем културен и сценски фестивал.


освен ако немаат друга адреса а ја не ја знам.
 

Dark Angel

Unfaithfull to life...
Член од
14 јули 2006
Мислења
1.081
Поени од реакции
6
Likovna i teatarska umetnost

Vo seloto Papradishte blisku do Veles se odrzuva likovna kolonija na koja prisustvuvaat likovni umetnici i kopanicari od Makedonija,Anglija i Bugarija. Papradiste se naoga pod izvorite na reka Babuna i e mesto kade so mozes da si go odmoris mozokot od SE. A na 25 zapocnuva "Festival na anticka drama" vo antickiot grad Stopi. Vredi da se vidi!
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
На Стоби се открива сјајот на Римскиот форум



Со најновите истражувања во античкиот локалитет Стоби е откриен центарот на раноримскиот град и три големи објекти на Римскиот форум.
Екипа археолози од Музејот на Македонија и од Националниот конзерваторски центар на овој локалитет открија западен sид на габаритен објект.
На прес конференцијата на која присуствуваше и советникот во општината Палермо, Розарио Бонди, оти се работи со пари од фондација од оваа италијанска општина, беше потврдено значењето што работно бил наречен Римски форум.

Откриен е северозападниот и југозападниот агол од градбата и е утврдено, дека неговата вкупна површина е 800 метри квадратни.

Се работи за особено голем објект со раскошни и релјефни орнаменти.
Покрај овој објект, откриени се уште два објекта и сите заедно формираат една целина. Тие активно функционирале во вториот и третиот век, иако има индиции дека настанале кон крајот на првиот век.
- Овој комплекс со раноримски градби се дел од форумот и со архитектонски решенија излегуваат од провинциските рамки и не заостануваат зад империјалната римска архитектура. Тие на најубав начин зборуваат за значењето на градот во раното Римско царство и за големината и сјајот на Римската империја во тој период.
 

MarthaGraham

Олд Скул
Член од
21 ноември 2005
Мислења
673
Поени од реакции
8
Jakov напиша:
Додека Бибика се труди да не информира за Охридско Лето кое почна вчера, сите други ги боле лево уво за Фестивалот.
http://www.ohridskoleto.com.mk/
Еве го њеб сајтот на нашиот најголем културен и сценски фестивал.


освен ако немаат друга адреса а ја не ја знам.
Ми велит, сајт нот фаунд :pos2:
Да да, имаат друг веб сајт мада и тој не е нешо екстра ама барем функционира.
http://www.ohridsummer.com.mk/
Иначе коа сме веќе кај фестивалите, знам дека е малце касно ама каде можам да отидам и да се распрашам, да земам каталог и да купам карти за Скопско лето??
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
ПРЕМИЕРАТА НА ДРАМСКИ ОТКАЖАНА ОТИ СЛОВЕНЦИТЕ НЕМААТ ПАРИ

"Казабалкан" нема да се игра на "Охридско лето"
Драмски театар од Скопје, првпат после 15-ина години, ќе нема премиера на "Охридско лето". Премиерно Драмски, на 14-ти овој месец, требаше да го игра текстот на Горан Стефановски "Казабалкан".




Драмски театар од Скопје, првпат после 15-ина години, ќе нема премиера на "Охридско лето". Премиерно Драмски, на 14-ти овој месец, требаше да го игра текстот на Горан Стефановски "Казабалкан".
Проектот беше договорен како копродукциски со Народно гледалишче од Марибор и со Фестивалот МЕСС од Сараево, ама Словенците им јавиле на Драмски дека немаат пари да влезат во проектот, по што Драмски се откажа и од "Казабалкан" и од учеството на "Охридско лето".
Директорката Силвија Стојановска вели: "Колку и да звучи неверојатно, ама навистина Словенците останаа без пари, иако овде во театарот тоа се коментираше 'како не, тие немале пари'. Луѓето од Народно гледалишче ми се извинија и ми кажаа дека не ги добиле 150.000 евра од својот спонзор - Словенечки телекомуникации, така што се им се нарушило во буџетот. Беше договорено парите за проектот да се делат на три, со тоа што Драмски ќе вложеше помалку кеш, затоа што во калкулацијата беше предвидено дека ја даваме сцената и услугите. Ќе учествуваа глумци од Словенија и од Босна, а во македонската поделба ќе беше и Есма Реџепова со делче. Режисер ќе беше Бранислав Миќуновиќ".[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
"ОХРИДСКО ЛЕТО"

Трија од Дворжак и од Шостакович со "Арте мис"




Вечерва, на "Охридско лето", во "Света Софија", во 21 часот, концерт ќе имаат музичарки од Чешка, кои музицираат како трио "Арте мис".

Тие се претставнички на помладата генерација. Како трио функционираат 10-ина години. Адела Стајнхорова свири на виолина, Алзбета Вицкова на виолончело и Јарослава Пехоцова на пијано. Ќе изведат трија на Дворжак и на Шостакович.

Тие се излезени од прашката музичка школа, а виолинистката Адела две години се школувала и во школата за музика и драма во Лондон. Во нивното портфолио стои дека имале концерти во Германија, Франција, Словенија и во Бугарија.
 

JASMIN

Шехерезада
Член од
10 април 2006
Мислења
480
Поени од реакции
19
РЕЖИСЕРОТ ЗЛАТКО СЛАВЕНСКИ подготвува спектакл во охрид
НАСА ќе го поврзе Антички театар со вселената
За претставата НАСА ќе обезбеди и снимки од познатата златна плоча испратена во вселената пред три децении, во кои е снимена
најдобрата музика што човекот ја создал и звуци од природата

Американската национална воздухопловна и вселенска администрација (НАСА) со ексклузивни фотографии и снимки од вселената „ќе долета“ на Античкиот театар во Охрид, за претставата „Соларис“, што режисерот Златко Славенски ќе ја подготви премиерно за Охридско лето. Со лобирањето на македонскиот астрофизичар Стојан Маџунков, кој работи во НАСА, Македонија ќе има снимки кои досега не се објавени ниту на интернет-страниците.

Инспириран од романот „Соларис“ на Станислав Лем и „Космос“ од Карл Саган, Славенски ќе ги отвори прашањата за дехуманизацијата на човекот преку прошетка низ вселената и низ времето. Тој е пресреќен што неговиот проект е интересен за НАСА. Претставата е во продукција на Македонскиот народен театар.

- Претставата ќе се занимава со минатото, сегашноста, иднината. Ќе испратиме наша златна плоча, во која ќе ги има нашите вредности, која - кога би се погледнала во иднина - ќе покаже колку сме дехуманизирани денес. Претставата ќе биде базирана на научни факти. Дознав и дека во НАСА организираат синеастички вечери во кои прикажуваат филмови што ја третираат вселената, па откако ќе ја направам претставата, планирам да им испратиме видеоснимка. Пресреќен сум што проектот стигна дотаму и НАСА да ни помогне, зашто од дете ме интересира космосот. Нашата публика е гладна да види нешто друго, особено прашања што ја третираат нашата планета и пошироко - рече Славенски.

„Соларис“ ќе биде спој на видео, музика, помалку текст, ќе учествуваат две оперски пејачки, неколку балерини, а актерската екипа ќе биде составена од десетина млади актери. НАСА ќе даде и снимки од познатата златна плоча испратена во вселената пред три децении, во кои е снимена најдобрата музика што човекот ја создал и звуци од природата.

Славенски вели дека Античкиот театар, кој е стар повеќе од два милениума и е во форма на најсовршената геометриска слика, одлично ќе одговара на концептот за претставата.

- Кога пред неколку денови го видов Античкиот театар, просторот ме исплаши. Луѓето пред толку време размислувале за космосот. Ќе се обидеме да го освоиме тој простор, ќе ја подигнеме сцената околу пет метри, се во служба на претставата. Тоа ќе биде метафора за човекот, кој сака да лета, да биде над нештата, кој се интересира што има над земјата. Во претставата ќе користиме и робот, изработен од „Микросам“ од Прилеп. Ме радува што добив целосна поддршка од Сашо Миленковски, кој уште кога ја слушна идејата, веднаш ја прифати - рече Славенски.
Сребра Пашовска



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=82068973264DFC46B85BB152C9796674




Ако можете да одите, греота е да се пропушти ова.
 

Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
209
Поени од реакции
429
Од 15-ти до 17ти јуни во МКЦ ќе се дешава Paratissima Skopje, по 4ти пат. Во кратки црти, превземено од нивниот фб евент:

"Паратисима Скопје е интернационален саем на современа уметност посветен на поддршка и промоција на културата, уметноста и креативните индустрии.

Четвртото издание на Интернационалниот саем на современа уметност Paratissima Skopje ќе се одржи на 15 | 16 | 17 јуни во Младински Културен Центар."

Едвај чекам искрено, обожавам вакви евенти што опфаќаат разни видови на уметност, дизајни на мебел, дизајни на облека и ред други работи. Музиче, предавања, дружења... топ ќе биде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom