Културни настани кај нас и во светот

Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Pregledav do kaj sto dozvoluva forumot i ne najdov topic vo koj bi bile opfateni sekojdnevnite kulturni zbidnuvanja,kaj nas i vo svetot.
Pomisliv deka bi bilo ubavo da bidat sobrani na edno mesto,ne samo kako potsetnik,tuku i kako informator.
A slucuvanja ima mnogu,sekoj den i skoro nikoj ne gi ni zabalezuva,pominuvaat pokraj nas,a ubavi se, interesni, zabavni, dosadni.Vazni se!:)
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ОД ЗАДУТРЕ ВО КИНАТА НИЗ МАКЕДОНИЈА[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Тотална слобода со шампионите на Шутка[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Чешко -српскиот филм "Шампините од Шутка" е документарна прикзна за среќата, тагата, љубовта кон животот и слободата на ликовите од Шутка кои имаат ист сон, а тоа е да се биде најдобар меќу најдобрите[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Од четврток во киното "Култура" во Скопје и во Домот на културата во Битола ќе започне да се прикажува долгометражниот документарен филм "Шампионите од Шутка". Ова е чешко - српска копродукција чиј режисер е Александар Маниќ.
Филмот зборува за Шутка и за нејзините жители кои имаат ист сон, а тоа е да се биде шампион, најдобар во нешто. Некои се шампиони во бокс, некои во тренирање на гулаби и гуски, некои во собирање на пиратски касети со турска музика, некои во разбивање на атомите, некои во борба со вампири и истерување на лоши духови, некои во секс, гардероба и култура.
Режисерот Маниќ за оваа филмска авантура вели дека за Шутка слушнал пред десеттина години во чешка пивница како за магично место каде што се мешаат среќата и тагата,а луѓето пулсираат со секојдневна страст и љубов кон животот. "Не барајте ја мојата Шутка на географска карта, бидејќи таму нема да ја најдете. Мојата Шутка е состојба на умот - состојба на среќа, страст и тотална слобода", вели Маниќ.
Главен лик кој го води колажаот на приказните за останатите ликови е Доктор Кољо кој го игра Северџан Бајрам, познат по улогите во "Црна мачка, бел мачор" на Емир Кустурица и "Џипси меџик" на Столе Попов.
"Шампионите од Шутка" својата премиера ја имаше на престижниот филмски фестивал во Ротердам, по што настапи на десетина други фестивали низ целиот свет. Во Словенија ја доби наградата Амнест Интернешнл, а во Србија наградата на меѓународната филмска критика ФИПРЕСЦИ. Досега е продаден во Соединетите американски држави, Канада, Шпанија, Германија, Чешка, Франција, Словенија, Хрватска, Норвешка, Србија и Црна Гора. Критиките за филмот се полни со комплименти па холандски критичар напишал:"Ова е како Фелини да воскреснал и анонимно да снимал по улиците на Скопје".
Филмот ќе се прикаже низ кината во цела Македонија, а дистрибутер кај нас е филмската компанија "Партизанс".
[/FONT]
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ЗА СТОГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Година на Антон Панов во Струмица[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Струмица оваа година со повеќе културни манифестации ќе ја одбележи сто годишнината од раѓањето на големиот македонски драмски писател и еден од основачите на современата македонска драматургија Антон Панов. Почнувајќи со традиционалната детска ликовна работилница, која веќе се одржа од 11 до 18 јануари во Центарот за култура, чествувањето на јубилејот ќе продолжи во Струмичкиот театар кој и го носи името на Антон Панов со две премиери. Првата, на 9 февруари, е "Големиот смок" од Митко Маџунков, во режија на Горан Тренчовски, а веднаш потоа ќе почнат подготовките за изведбата на најпознатото дело на Панов "Печалбари". Од 15 април до 15 мај ќе биде организирана меѓународна ревија на сценски остварувања на театри од Македонија, Србија и Црна Гора, Бугарија, Грција и од Албанија, а ќе биде одржан и научен симпозиум за животот и делото на Антон Панов, на која ќе учествуваат познати театролози, режисери, театарски и литературни критичари и актери.Стогодишниот јубилеј ќе се заокружи со издавање монографија посветена на Антон Панов. [/FONT]
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Македонската филхармонија во чест на Моцарт[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Македонската филхармонија вечерва во 20 часот во Дом на АРМ ќе одржи концерт во чест на 250-годишнината од раѓањето на големиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт . Концертот ќе го диригира полјакот Јануш Пшибилски, а како солисти ќе настапат сопранот Ана Дурловски, кларинетистот Здравко Ангелов, фаготистот Ќазим Асотиќ, Емин Џијан на хорна и Татјана Петрушевска - Караскаковска на обоа. На програмата се Моцартовата "Концертна симфонија за четири дувачи" и Симфонијата број четири на Густав Малер.
Полскиот диригент Јануш Пшибилски бил уметнички директор на Филхармонијата во Олстин, на театарот Вјелики во Варшава, на Балтичката опера и Балтичката Филхармонија.
[/FONT]

Prezemeno od Vest
 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
11
03.01.2006, во 20.00 часот, во просториите на Културниот центар Точка, ќе се отвори изложба на стрипови насловена Турлитава на Искра Беличанска.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]УТРЕВЕЧЕР ВО КУМАНОВСКИ ТЕАТАР[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Премиера на"Глоговиот џбун" на Владимир Милчин[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Утревечер во 20 часот во Кумановскиот театар е премиерата на претставата "Глоговиот џбун" која Владимир Милчин ја работеше по текст на Братислав Димитров.
"Глоговиот џбун" зборува за еден затворен свет во кој демне сиромаштијата, бедата, смртта. Според режисерот Милчин претставата ја работел спојувајќи го текстот на Димитров со поезијата на Михаил Ренџов. "Вметнавме две песни од Поетот. Едната, како поткрепа на Апокалипсата која само што не се случила. Другата, како Пророштво на непрепознаениот срамежлив пророк Петре" појаснува режисерот.
"Театарот денес може да се создава како еден вид ескапизам, разонода која ќе ни помогне да побегнеме за миг од реалноста, или како еден егзорцизам, предизвикување и протерување на сеништата на злото во нас и околу нас." вели Милчин за претставата.
Актерската екипа ја сочинуваат Александра Пешевска, Кети Дончевска Илиќ, Сашко Коцев, Јасминка Василева, Рефет Абази, Горан Илиќ, Драгиша Димитриевска, Маја Настевска и Трајче Николовски. Сценографијата е на Крсте Џидров, костимите на Марија Пупучевска, а музиката на Маријан Неќак.
[/FONT]
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ПОЕTСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ГО ОБЈАВИ ЛАУРЕАТОТ[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Златен венец" на СВП за Кубанката Нанси Морехон[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Кубанската поетеса има опус од 12 стихозбирки, со препознатливи колорити од Карибите, превдена е на повеќе светски јазици, а како што велат од СВП била почестена од оваа светска награда која со задоволство ќе дојде во август во Струга за да ја прими.[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Добитничка на годинашната награда "Златен венец" на Струшките вечери на поезијата е поетесета Нанси Морехон од Куба, објавија вчера на средбата со новинарите претседателот на Управниот одбор на СВП Зоран Анчевски и директорот Ефтим Клетников. Тие истакнаа дека со ова можеби се исправа една мала неправда кон жените поети бидејќи од 1988 година, кога наградата ја доби српската писателка Десанка Максимовиќ тоа не е сторено до сега. Од друга страна велат тие, интенцијата на СВП е да sирне во сите катчиња на земјината топпка и на нашата публика да и ги доближи различните поезии и култури, конкретно и оваа која е мошне значајна на светската поетска сцена, но за нас речиси непозната.
Нанси Морехон (1944, Хавана) објавила 12 стихозбирки каде доминираат карактеристичните бои, мириси и урбани колажи на Куба и Карибите. Преведена е на повеќе светски јазици и добитник е на националната награда за литература. Оваа година големиот фестивал на книгата кој се одбележува во цела Куба и е посветен токму на Морехон.
Дирекцијата на СВП информираше дека Морихон била почестена од оваа престижна светска награда и потврдила дека секако ќе дојде во август во Струга за да ја прими.
[/FONT]

Вест

 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]НА 45-ТАТА ПОЕТСКА МАНИФЕСТАЦИЈА ВО СТРУГА[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]СВП годинава во знак на Сенгор и Конески[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Поетската манифестација ќе се вклучи во одбележување на годината на Леополд Сенгор што ја прогласија Франкофонските земји, за 85-годишнината од раѓањето на Блаже Конески ќе има омаж, а во паркот на поезијата ќе биде поставена и негова скулптура.[/FONT]


[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Годинашните Струшки вечери на поезијата кои традиционално се одржуваат во август ќе ги одбележат творечките опуси на двајца значајни светски поети: Леополд Сенгор и Блаже Конески. Франкофонските земји оваа година ја прогласија за година на познатиот Сенегалски поет кој, инаку, во 1975 година ја доби наградата "Златен венец" на СВП. Поетската манифестација ќе се вклучи во ова одбележување со омаж за Сенгор. Исто со омаж ќе се одбележи и 85-годишнината од раѓањето на големото име на македонската литература и култура Блаже Конески, а во паркот на поезијата ќе биде поставена негова скулптура што ќе ја изработи академик Томе Серафимовски.
Годинава СВП ќе имаат за околу 15 отсто помалку средства од лани. Редуцирана е и едицијата "Плејади" во која се објавува 7 книги на светски поети, но Министерството за култура годинава ќе финансира само три. Како што на петочната прес конференција изјави претседателот на Управниот одбр на СВП Зоран Анчевски, тие на ова веќе поднеле приговор до Министерството и се надеваат дека ќе биде прифатен, а од друга страна се надеваат дека ќе најдат додатни средства за да ја комплетираат оваа едиција како и за целата манифестација која годинава го слави 45-годишниот јубилеј.
Годинашен добитник на "Златниот венец", како што објавивме е Кубанската поетеса Нанси Морахон. Добитниците на наградата "Браќа Миладиновци" и "Мостови" и целата програма ќе бидат соопштени во март и на крајот на јуни.
[/FONT]
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Георгиевски напиша драма за Александар Македонски[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Љубиша Георгиевски напиша драмски текст со наслов "Александар". Текстот е за Александар Македонски и тој сам и ќе го режира во Штипскиот театар.[/FONT]


[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Љубиша Георгиевски напиша драмски текст со наслов "Александар". Текстот е за Александар Македонски и тој сам и ќе го режира во Штипскиот театар.
Директорот на Штипски театар Трајчев Кацаров ни кажа дека некаде на 15-ти овој месец Љубиша ќе прави аудиција со глумците во Штип за да го направи кастингот, што не значи дека во проектот ќе играат само глумци од овој театар.
Кацаров вели дека текстот на Георгиевски е многу интересен, дека тој го демитологизира Александар Македонски оти не бог како што го претстави мајка му Олимпија, ами е само човек.
"Во текстот на Љубиша Александар отиде да ја освои Персија само поради тоа што мајка му го натера, а таа го жртвува својот син само за инает на татко му Филип кого неизмерно го мрази. За да го задржи митот дека Александар е бог, Олимпија го убедува дека тој треба и може да го освои светот", вели Кацаров.
Во текстот има само пет ликови: Александар, Олимпија, Аристотел, Птоломеј и Клинт, другарот на Александар.
[/FONT]
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]НАСКОРО ОД " КЛУБ МАТИЦА" БЕСТСЕЛЕРОТ "БЕЛЕШКИТЕ НА МИКЕЛАНЏЕЛО" [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Возбудлив трилер од типот на "Кодот на Да Винчи" [/FONT]


[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Книгоиздателството "Матица македонска" наскоро ќе го издаде бестселерот на Пол Кристофер насловен "Белешките на Микеланџело". Трилерот и мистерија "Белешките на Микеланџело" има дејство што се одвива во светот на уметничките дела и е од типот на светскиот хит-роман "Кодот на Да Винчи" од Ден Браун. И "Белешките на Микеланџело" досега е продаден во милионски тиражи во книжарниците ширум светот и е преведен на десетина светски јазици.
Книгата на Кристофер почнува со едно неверојатно откритие на младата Фин Рајан, студентка по историја на уметност на Њујоршкиот универзитет. Остроумната Рајан случајно наоѓа цртеж од големиот Микеланџело кој потекнува од неговиот загубен бележник. Во тој бележник Микеланџело ги запишувал сите сознанија и откритија за човечката анатомија. По откритието, некој провалува во станот на Рајан, го убива нејзиното момче и ги краде белешките. Така младата Рајан влегува во кругот на заговор и доброчувани тајни, а потрагата ја води во Рим, Фиренца и во Ватикан.
Возбудливата загатка што ја раскажува романот "Белешките на Микеланџело" во голем дел е базирана на факти. Книгата раскажува за еден светски заговор кој трае околу половина век и ги инволвира највредните уметнички дела на светот.
Од " Клуб Матица" најавуваат дека романот ќе излезе за десетина дена, а овој и следните нови наслови ќе бидат достапни само за членовите на Клубот.
[/FONT]
 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
11
Марко Петрушевски и Жарко Трајановски повторно со филмската програма во Точка!



Од утре, 13.02.2006, со почеток во 21.00, па во следните четири вторници ќе бидат прикажани филмови кои ја допираат темата Алтернативни сексуални идентитети.

Ќе бидат прикажани четири филма: Макс, љубов моја од Нагиса Ошима, Зрелоста на Лулу од Бигас Луна, Објект на љубовта од Роберт Париџи, Се што отсекогаш сте сакале да знаете за сексот а не сте имале храброст да прашате од Вуди Ален.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ВО БУГАРИЈА[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Книжевно претставување на Ќулафкова во Софија[/FONT]


[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Книжевна вечер посветена на творештвото на Катица Ќулавкова ќе се одржи утре во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, Бугарија.
Оваа книжевна вечер е организирана по повод објавувањето на нејзината поетска збирка "Меѓусвет" на бугарски јазик. Препевот на "Меѓусвет" го направи Димитар Христов. Бугарското издание на поетската збирка на Ќулавкова излезе во копродукција на софиската издавачка куќа "Мултипринт" и скопската "Макавеј".
За книжевниот профил на Ќулавкова, како и за нејзината поетска книга "Меѓусвет" ќе говорат современиот бугарски поет Петар Караангов, преведувачот Димитар Христов и сопственикот на "Макавеј" Бранко Цветкоски.
[/FONT]
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Вечер со поезијата на Јачев во КИЦ[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Вечерва во 19,19 часот во Салон 19,19 при Културно-информативниот центар се одржa вечер со поезијата на Ристо Јачев. За неговото поетско творештво зборуваа писателот Христо Крстевски и поетот Санде Стојчевски. Музичка придржужба бea мецосопранот Милка Ефтимова, тенорот Христо Арсовски, пијанистката Јасминка Чакар и Никола Атанасов на флејта. [/FONT]
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Mnogu interesno intervju!!! (prezemeno od Vest)

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ИНТЕРВЈУ: ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВСКИ СЛИКАР[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Живееме во време кога на младиве им ја бришат младоста[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]секој во потрага по сопствена вера, сопствениот внатрешен глас на слободата, што навистина му е дарувана од Бога, е должен да ги отстрада не само своите искушенија и маки, што е крајно егоистично, туку да ги отстрада искушенијата во целост.[/FONT]


[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Владимнир Георгиевски во моментов е во друштво со Дон Кихот и придру1жникот му Санчо. Готови му се три платна на кои Дон Кихот е претставен како скелет оти тој се храни со Идеали, а дебелиот Санчо си ја гледа да му биде нахранета душичката. Владо е од оној тип сликари кој инспирацијата ја бара или во Библијатра, или кај Достоевски, во Реквиемот на Моцарт... А ги слика како опомена.
*Зошто си постојано со Библијата?
- Матеј 7 седма глава, 13 став: "Влезете низ тесната врата; оти широки се вратите и широк е патот кој води во пропаст, а мнозина минуват низ нив". Што значи да се влезе низ тесната врата? На што тоа мислел Евангелистот Матеј? Според моето досегашно животно искуство и според моето севкупно творештво до сега, тесната врата води кон највисокиот идеал кон Човекот, а тоа е неговата личност и нејзината постојана и жестока битка за слободата на изразот. Што значат широките порти и широките патишта? Бидејќи како што вели евангелистот, мнозина минуваат низ нив, тоа е патот на кој постојат луѓе, постојат сили, повторно создадени од човекот, кои ја слават толпата, ја жртвуваат пред единствениот нивни Бог, а тоа е златното теле, воопшто не бирајќи ги средствата да ги остварат своите цели. Во тој судир помеѓу личноста и нејзината слобода на израз од една страна, и од друга, светлината на златното теле, најчестата жртва е вистинскиот творец, вистинското живо уметничко дело. Христовото учење дека секој човек е богатство за себе единствено и неповторливо и дека е боголико, значи Бог не е човеколик, туку човекот е боголик, најмалку е присутно во она што се нарекува земска институција. Ќе заклучам, на едно место обраќајќи се на учените свештеници и фарисеи, Христос им вели: "Однадвор сте како варосани гробови, а однатре сте полни со разни нечистотии. Да се следи Христовото учење, според мене, значи секој човек, боголик се разбира, сам да го изоди патот по сопствената голгота, сонувајќи за некои предели и простори дека ќе го доживее и воскресението. Конечно, секој во потрага по сопствена вера, сопствениот внатрешен глас на слободата, што навистина му е дарувана од Бога, е должен да ги отстрада не само своите искушенија и маки, што е крајно егоистично, туку да ги отстрада искушенијата во целост. За мене човековото постоење е положено пред олтарот што човекот го чини близок до Бога, а тоа е творечкиот чин. Затоа сум постојано со книгата над книгите. Овде на ова место со голем пиетет би се сетил на зборовите на Достоевски, кој во една прилика рече: "Ако апсолутната вистина се разликува од Христа, јас ќе останам на страната на Христа.
*Во твоево атеље во моментов си во друштво со три твои нови големи платна на кои е насликан Дон Кихот и неговиот придружник Санчо Панса. Ќе ми ја раскажеш приказната за нив на твоите слики?
- Мојата жестока битка и мојот вистински сон сликајќи го Дон Кихот, настојувам онолку колку што умеам и со онаа дарба што ја поседувам да го следам и да го живеам учењето на учителот од Назарет. Бев пресреќен кога неодамна таа жива книга на Сервантес беше прогласена за книга на човештвото и истовремено жалам што во моите млади години кога бев ученик во средното уметничко, а потоа и на Академијата, што ми ја раскажуваа приказната за овој бледолик витез кој чита книги за фантастични суштества и дека за тоа и полудел. Со Дон Кихот почнав уште на постдипломските студии во Белград. За неговиот лик го зедов еден просјак кој пееше на белградските улици, а песните постојано му беа љубовни. Јас стоев, го слушав и го цртав.
Сега, овој мој Дон Кихот што го создавам, се обидувам да го најдам во простори кои најчесто ги посетувам - тоа се домовите за старци и душевните болници. Јас сакам вистински себеси да верувам дека ќе го доживеам макар и во сон дека тој бледолик витез, тој човек на верноста и љубовта ќе пројава и низ Македонија, заедно со својот Санчо и потајно ќе ни кажува која е разликата меѓу нив двајца.
*Која е?
-
Во една епизода Дон Кихот му вели на Санчо: "Знаеш ли каде е разликата меѓу мене и тебе? Не, одговара Санчо. Ти драг мој Санчо јадеш за да преживееш, а јас јадам за да надживеам. Како мала дигресија - Санчо знаеше што е тоа одлична храна, умееше да ја избере и да ја сочува и со сласт да ја јаде.
*Значи ли тоа дека сега го сликаш Дон Кихот од Македонија и би сакала да ми ја раскажеш приказната во тие слики?

- Претпоставувам дека циклусот за Дон Кихот, како што рече од Македонија, ќе зафати 10-15 платна. Се обидувам и правам напори во нив да ги внесам сите Христови страданија и искушенија. За Санчо имам безброј модели околу мене. Настојувам да го зафатам, да ја насликам нашата транзиција и нашата цел кон ЕУ. Оттаму, на една од трите готови мои слики, мојот Санчо го јаде светиот дух, оној што му го покажува патот на Дон Кихот. Тој светиот гулаб си го испекол како пиле и јавајќи на своето магаре го следи патот според ознаката што ја носи на патот кон ЕУ. На следното платно Дон Кихот се наоѓа во својата библиотека која почнува од земјата се движи кон небото. Пред него седнат на книги има еден куп библиски и далдисан читајќи ги притоа заборавил да ја нахрани својата сакана кобила Росинанта. Но, наследувајќи ја мудроста, неговата Росинанта се снашла извонредно. Таа се храни со весници чии наслови се живот, култура, екстра...

*Ама насловните страници на нашите весници се со мега sвездите нашите политичари. Росинанта или кој и да е како ќе ја свари храната и како ќе помине јадејќи ги нив. Макар на слика?

- Таа може да добие само ќотек од нив. Имено, кај Сарвантес, има една ингениозна сцена кога при еден одмор на зелена ливада, Росинанта забележала крдо од сјајни бели коњи кои пасат и им припаѓаат на водечките луѓе. Понесена од нивната убавина, таа решила да води љубов со нив и влетнала во тоа крдо. Кога коњушарите ја забележале дека некој лингур влегол кај нивните сјајни коњи, со своите стапови ќе и удрат таков ќотек, што сиромашката ќе падне на земја. Вџашен од глетката Дон Кихот ќе ги удри коњушарите, ама и тој ќе добие ќотек. Цела ноќ Санчо ги лекувал и двајцата. Ете така сум убеден дека Росинанта ќе помине меѓу политичарите на цел свет, сметајќи дека може да го прават она што Чаплин го правеше во својот филм со големата топка. Во третото мое платно Дон Кихот чита една огромна Библија што лебди бидејќи тој лебди во својот дух барајќи го својот простор на слободата, а меѓу книгите на полиците, во едно ќоше седи Санчо преплашен од птичјиот грип.
*Бидејќи преку твоите слики ја раскажуваш реалноста, дали и оваа приказна за Дон Кихот е твоја опомена дека во 21 век нашиот апсолутен господар не е величањето на духот, туку величањето на парите?
- Јас лично и натаму верувам како што ме учеше учителот од Назарет дека љубовта меѓу луѓето, добрината меѓу нив и убавината ќе го спасат светот од сите зла и болештини.
*Бидејќи си и професор на Архитектонски факултет и работиш со млади, мислиш дека ќе ги убедиш дека ќе виреат во овој свет ако се следбеници на добрината и на убавината?
- Јас работам со нив, и во сите мои разговори постојано се залагам и постојано помагам да разберат дека треба да влезат низ тесната врата, а не низ широката. Дури понекогаш и ги прашувам дали постои сега зборот романтика. А тие ми одговараат: "Како не, професоре, ама ние тоа го викаме откаченост". По нивно, бидејќи јас сум романтичен, значи јас сум откачен. Бидејќи сум член во комисии кога дипломираат, сум севедок на многу тажни слики. Кога студентот ќе дипломира целиот лета од среќа, а бидејќи на дипломски доаѓаат и нивните родители, тие тогаш плачат. Јас ги прашувам зошто плачат, а ти ми одговараат, "син ни веќе има извадено виза да си оди". Ние живееме во едно време кога слободата, тој најскап дар што човекот го поседува и му е даден, во овој миг на младиве, овде кај нас, им се нуди преку разно-разни пороци кои пред време ги прават старци. Им ја бришат младоста. Се трудам, настојувам и практично им покажувам дека слободата е силна внатрешна закономерност и нема допирни точки со анархијата и дека единството на спротивности е всушност највеличествената хармонија. И дека патот по кој треба да се движат воопшто не прилега на аутострада со три ленти во една насока, туку дека најчесто се стрмни и опасни патеки низ кои тој, младиот човек може да се најде над амбисот. Им велам дека благодарејќи на сопственото откритие и на сопственото сознавање со светлината што секој си ја носи во себе, ќе стигне до целта што сам си ја избрал и си ја одредил.

*Годинава го славиме Моцарт, како што го нарекуваат генијот на светлината, а ти на таа тема имаш изложено три слики во фоајето на Македонската Опера. Дали ние сега и овде не одиме по патот на Салиери, кој од злоба дека не е талентиран му направи многу зла?

- Ние сме должни да го славиме Моцарт. А кога го спомнуаш Салиери, јас мислам дека ние го немаме ни Салиери. Тој знаел што е музика и напишал 45 опери, ама исто така знаел дека нема талент. Меѓутоа, тој преку Моцарт ја отпочнува битката со Бог замерувајќи му дека му дал моќ да прави музика, ама само да ја препознава. Да, точно е тоа што кај нас нема по некој Салиери за вистински да може да ја препознава вистината. Во едно свое писмо до татко му Леополд, Моцарт му напишал "јас од денес ќе работам и ќе живеам наопаку". Тоа Моцарово наопаку е: точно изменета или многу откриена музичка структура онаква каква што неговата личност и слобода ја открива и препознава, која ќе мине длабоко во неговата дуќа и ќе биде обоена со него. За мене едно од најграндиозните дела е Реквиемот на Моцарт.
*Всушност тој е и инспирација на твоите слики на тема Моцарт?
- Ја ги визуелизирав: "Диес ирае" (Драги Боже) што за мене е визија на ужасот, но во исто време и визија на среќата што со себе ја носи последниот суд. Следниот став е "Туба мирум" (Последната труба). Таму најнапред еден тромбон го следи пеењето на басот, па потоа се надоврзуваат останатите солисти. И тоа за мене е ведра и мошне драматична доверба во Бога, каде се прелева во наша топла молитва. Молитвата е следна: "Вечен спокој дај им Господе, и нека им свети вечна светлина". Следниот и за мене најпозантниот став е Лакримоса (Солза). Повторно се испраќа молитва што завршува со Реквија. Овој став го носи сето богатство на приспивна песна за умреното дете. И четвртиот дел "Агнус деи" (Свето јагне) во кој се пее за стравот и бедата на човековото срце, но и за смиреноста со длабока вера во Бога. Ете тоа е патот кон светлината и сентенцата на евангелистот Јован "ако ја изгубиме светлината што ја носиме со себе, каква ќе е темнината?" Затоа, јас Реквиемот не го доживувам како песна за мртвите, туку дека од другата страна на сонцето постојат исто така бескрајно светли простори.

*Зошто ликовите во своите слики ги бараш на Геријатрија и Психијатрија?

- Боравам во тие простори затоа што во нив сум се сочувал со пукнатините на душата. Не сум сигурен дека медицината може да ги залепи тие парчиња. А кога ќе ги препознаеш нив, тогаш со огромна страст на она што сликам постојано се молам во себе, не само за своите гревови, туку за целото човештво: што било, што е и што ќе биде?
Цветанка Зојчевска
Фото: О.Теофиловски
[/FONT]
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Награда за Македонка од Војводина[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Писателката Парашка Димитриевска Пејчиќ, вчера во Нови Сад, доби награда за заслугите во зачувување на мајчиниот македонски јазик. Таа е претставник на културата на македонскиот народ во Војводина, а покрај тоа што пишува, се занимава и со сликарство и преведува од македонски на српски јазик. Има преведено два романа, шест драми и повеќе збирки поезија. Во нејзиниот преведувачки опус има дела на Методиј Манев, Васил Мукаетов, Југослав Петровски и други. Таа вели дека оваа награда е и поради нејзините заслуги со организирањето на книжевни вечери со писателите Гане Тодоровски и Веле Смилевски.
"Оваа награда ја добив токму на Светскиот ден на јазиците, а на мене тоа навистина ми значи и ми дава признание за она што го правам. Со мојата работа ги поврзувам културните настани и соработката меѓу уметниците од Војводина и Македонија, а сум и еден од основачите на Друштвото за македонско-српското пријателство", вели Пејчиќ.
[/FONT]
 

Kajgana Shop

На врв Bottom