Културни настани кај нас и во светот

Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]РЕКОРНО ГОЛЕМ БРОЈ НОМИНАЦИИ ЗА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Боно и Гелдоф кандидати за нобеловци за мир[/FONT]


[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ОСЛО, Норвешка (АП) - За 2006 година има речиси рекордни 191 номинација за Нобеловите награди за мир, меѓу кои се: финскиот мировен посредник, индонезискиот претседател, две ирски рок sвезди и еден поранешен американски државен секретар.
Петчлената комисија што ќе ги избира добитниците на норвешката награда 50 години ја чува во тајност листата на номинирани, и го објавува само бројот на номинирани, а оваа година тоа се 168 поединци и 23 организации.
"Оваа година бројот на номинации е втор зад рекордниот. Не може секоја година да имаме рекорди, но ова секако покажува силен интерес", изјави секретаркот на одборот кој нема право на глас Геир Лундестад.
Минатата година, Меѓународната агенција за атомска енергија и нејзиниот рководител Мухамед Елбарадеи беа избрани од рекордните 199 номинации за нивните напори да го спасат човештвото од нуклеарно оружје. Илјадници луѓе имаат право да праќаат номинации, коишто мора да се пријават до 1 февруари. Некои од нив го објавија својот избор.
Оваа година меѓу познатите номинирани имиња се поранешниот фински претсетадел Марти Ахтисари и индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудојоно зашто помогна да се постигне мировен договор во конфликтот во Ачех. Во првичните шпекулации двајцата се сметаа за фаворити. Поранешниот државен секретар на САД Колин Пауел беше номиниран за неговите напори за решавањето на граѓанската војна во Судан. Боб Гелдоф, поранешниот лидер на ирската панк група "Бумтаун ретс" беше номиниран за организирањето на концертите "Лајв ејд" минатата година, а фронтменот на "Ју Ту" Боно е номиниран за напорите што ги прави за намалување на сиромаштијата.
Наградата се доделува на 10 декември, на годишницата од смртта на нејзиниот основач, шведскиот индустријалец Алфред Нобел. Наградата за мир се доделува во Осло, а останатите се доделуваат во Стокхолм, главниот град на Шведска.
[/FONT]
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Седум кандидати за академици во уметничкото одделение на МАНУ[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Конечната листа на предлози ја чинат: композиторите Ристо Аврамовски и Димитрие Бужаровски, сликарите Глигор Чемерски и Владимир Георгиевски и писателите Паскал Гилевски, Ефтим Клетников и Радован Павловски.[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]За уметничкото одделение на Македонската академија на науките и уметностите како потенцијални идни академици се предложени седуммина кандидати.
Како што не информираше академик Гане Тодоровски кој е член на Уметничкото одделение, конечната листа на предлози ја чинат: композиторите Ристо Аврамовски и Димитрие Бужаровски, сликарите Глигор Чемерски и Владимир Георгиевски и писателите Паскал Гилевски, Ефтим Клетников и Радован Павловски.
Предлозите за кандидати за членови на МАНУ според Статутот ги поднесуваат институции, но право за свои предлози имаат и академиците , но нивните предлози прво треба да ги соопштат на одделението, кое го прифаќа или го отфрла предлогот на својот колега академик.
Конечниот избор се прави на Собранието на МАНУ, кое по традиција се одржува на крајот од март или почетокот на април , на кое идните академици се бираат со тајно гласање.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]За информациите што беа и јавно објавени дека и режисерот Милчо Манчевски ќе биде предложен за академик , Гане Тодоровски вели дека навистина во уметничкото одделение се спомнало неговото име, но не како предлог, туку како размисла со дискусија за можен предлог, после што, сепак, Манчевски на крајот не влегол на листата на кандидати.
Според академик Тодоровски статутот на МАНУ е многу цврст во однос на тоа од каде се предлагаат кандидатите, како и во критериумите за тоа кој може да се кандидира. "Имало и такви предлози, од условно, тамбурашки друштва, но таквите воопшто не се земаат во предвид", вели академик Тодоровски.
[/FONT]
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ВО СКОПЈЕ РЕЖИРА БОЊО ЛУНГОВ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во Театарот за деца се прави мјузикл по расказ од Пушкин. [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во Театарот за деца во Скопје наголемо се тргнати подготовките на класичен мјузикл за деца и тоа правен по расказ на Пушкин. Го режира гостинот од Софија (Бугарија) Боњо Лунгов, кој на Театарот за деца со режијата на "Македонска приказна" му донесе 7 интернационални награди, 3 Гран при, и дефинитивно. На сцената е кон тинуирано пет години, и годинава ја доби и "Златната буба мара"како проект на годината.
Во моментов Лунгов кисне во студиото на Љупчо Мирковски, кој е авторот на музиката и ги подготвува , парчињата сонгови, кои се правени од текстот на Пушкин.
Лунгов вели дека е страшно тешко да се прави Пушкин во мјузикл, ама провокацијата надвладала. Го прочтав расказот и ме погоди мудроста на тој човек, кој уште во 19. век напишал тема која ни се случува нам и сега.На актерите им реков: "Сакам да направиме претстава која, иако не во комплет, ама децата ќе треба да разберат дека во парите не е се , дека сиромаштијата не е порок, Детето оваа порака буквално нема да ја сфати, но ќе види дека ако си богат не значи дека си поумен од сиромавиот. туку обратно. "Тоа е , вели тој, текст од две странички , кој требаше да се концепира во претстава која, уште, и треба да го сврти вниманието на децата. На првата средба со глумците им реков дека сите сме гледале мјузикли во Амарика, ама ова е нешто друго - се работи за руска тема, со руска муика.
Во концептот на Лунгов на сцената ќе се игра театар во театар - сите и ја раскажуваат приказната и ги глумат ликовите, ќе има и кукли кои се карикатурално направени. Автор на куклите е Хама Шварц, која во театарот за деца во Скопје ги правеше и за "Могли" и за "Малиот принц".
Лунгов не е од оние режисери кој ја прецизира премиерата. Вели:"Додека не бидат сигурен дека е се во ред, нема да има премиера. Затоа терминот отсега не го кажувам".
[/FONT]
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Владимир Милчин во МНТ го поставува "Ревизор" [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Владимир Милчин, веќе наголемо е влезен во пробите на "Ревизор" од Гогољ. Го работи во Македонскиот народен театар- Драма. Премиерата ја спрема накаде до крајот на идниот месец.
Во претствата улогите ги толкуваа 20 актери од МНТ, а намерата била дека е време на сцената во овој театар да се игра претстава од тој тип, во која ќе заиграат голем број актери, а не само со пет-шесрт, како што стана практика, во последниве години.
А и новиот прочит на Гогољевиот "Ревизор" е со намера- тој текст во кој Гогољ се потсмева на сите аномалии на едно исчаШено општество во 19. век, е исто толку актуелно и сега.

[/FONT]
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Ова го добив на мејл, па ако некој е заинтересиран:

MAKEDONSKA OPERA I BALET
Programa za mesec MART 2006 g.


14-ti (vtornik) RITA - opereta
( so elementi na mjuzikl )
pocetok 21 casot- mala scena,
POPULARNA CENA 100,00 den.



15-ti (sreda) TANGO - PREMIERA – balet*
pocetok vo 20,00 casot, na biletarnica 400,00 den.
kaj nasiot akviziter 300,00 den.



17-ti (petok) TANGO - REPRIZA - balet
pocetok vo 20,00 casot, na biletarnica 300,00 den.
kaj nasiot akviziter 200,00 denari.



24-ti (petok) MADAM BATERFLAJ - opera
Pocetok vo 20 casot, na biletarnica 200,00 den.
kaj nasiot akviziter 150,00 denari


31-vi (petok) ESMERALDA - balet so orkestar
pocetok vo 20 casot, na biletarnica 200,00 den.
kaj nasiot akviziter 150,00 den.



Informacii i rezervacii:

ZORICA DZORLEVA
070 365 425
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ВО ИЗДАНИЕ НА "ТРИ"[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Излезе контроверзната "Мирисот на твојот здив" од Мелиса П. [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Контроверзната книга "Мирисот на твојот здив" од деветнаесетгодишната Италијанка Мелиса П. издавачкиот центар "Три" ја пушти во продажба.
Во романот слободно и без предрасуди се зборува за сексуалното созревање и трагање по сексуалниот идентитет на една млада девојка. Од "Три" го најавуваат како "загадочен, романтичен и сензуален роман каде од страница до страница се преплетуваат реалноста и имагинацијата откривајќи го талентот и апсолутната храброст на авторката".
Дејството на романот се врти околу младата Мелиса, девојка што бега од земјата, од човекот кој си ја симнал маската, од играта во која не може да се снајде. Оди кон иднината која и дава надеж, каде се надева дека ќе стане поинаква личност. Мелиса верува дека ќе го скроти демонот во себе кој ги контролира нејзините мисли, зборови и постапки уште од времето кога била дете. Но, набргу сфаќа дека има добиено само една од битките против темната страна на нејзината личност и дека војната допрва почнува.
Цената на "Мирисот на твојот здив" е 300 денари, а членовите на Клубот на читатели на "Три" имаат попуст од 10 отсто.
Мелиса П. има издадено уште еден роман, "Сто потези со четката пред спиење" кој и донесе светска слава, а на македонски јазик , исто, го издаде "Три". (Б. В.)
[/FONT]
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
ИЗЛОЖБА ВО ГАЛЕРИЈАТА ПРЕС ТУ ЕГЗИТ

Сликарката Лилјана Ѓузелова низ видео во дијалог со татко си!

Ние како наследници недолжни ја наследивме вистинита или накалемена вина. Таа вина уште како деца, државата ни ја запечати на нашите чела. Недолжни ја носевме и бевме занемени. Моравме и сакавме да молчиме.

Синоќа во галеријата "Прес ту егзит" беше презентирано делото "Вечното враќање 4" од Лилјана Ѓузелова. Делото е видео инсталација која се емитува од подотворен метален сандак.
Видеото трае безмалку 40 минути и е колаж од претходните проекти во кои Ѓузелова, низ личниот семеен пример, ја отвора темата за недолжната вина што ја носат репресираните деца поради постапките на нивните родители за кои тие воопшто не се виновни.
Ѓузелова, чиј татко Димитар Ѓузелов бил еден од првите македонски филозофи и е погубен кога таа имала 7 години, вели: "Со овој циклус се обидов да го возобновам прекинатиот дијалог со таткото. Не успеав да го завршам зашто постојано и постојано излегуваат нови откритија, нови документи, различни информации. Ние како наследници недолжни ја наследивме неговата, вистинита или накалемена вина. Таа вина уште како деца, државата ни ја запечати на нашите чела. Недолжни ја носевме и бевме занемени. Моравме и сакавме да молчиме", ни рече Ѓузелова. Брат на Лилјана Ѓузелова е писателот Богомил Ѓузел.
Со делата кои се во циклус "Вечното враќање" авторката вели дека го покажува својот бунт генерално кон репресијата на децата од постапките на своите родители.
Видеото содржи елементи од перформансот што Ѓузелова го направила на Зајчев рид пред две години, каде што исцртува отворен круг на замисленото место на погубување и погребување на таткото. Потоа, во видеото се пренесени елементи од втората изложба изведена во приватна куќа во Маџир Маало во 1997 година, како и од третата инсталација од пред 10 години во Отвореното графичко студио. Во тие два проекти таа го појавува ковчегот и делови од хартиена облека со ракописи. Има документи, ракописи, фотографии од приватниата архива на семејството. Во филмот има и текст што во прво лице еднина го кажуваат авторката, нејзиниот брат Богомил Ѓузелов, кураторот Сузана Милевска и двајца спикери.
Изложбата ќе биде отворена до 14 април, секој работен ден од 10 до 17 часот.
Продукцијата на видео артот ”Вечното враќање 4” беше помогната од Швајцарската програма за култура во Македонија[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif].[/FONT]
 
Член од
24 мај 2005
Мислења
957
Поени од реакции
16
Рок Фест почиња скоро, ги исполнува ли критериумите за културен настан?
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
MSV(support) напиша:
Рок Фест почиња скоро, ги исполнува ли критериумите за културен настан?
Па да,но повеќе е сепак за на музика.Админите ќе кажат.:) Пиши ти сепак инфо,па нека го преместат,а?
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
УТРЕВЕЧЕР ВО ТУРСКИОТ ТЕАТАР

Премиера на "Тартиф" на Дејан Пројковски
Претставата говори за тоа на каква почва лицемерието вирее, а режисерот Пројковски ја направил мултимедијално, со видео и со музика на Горан Трајковски што ќе оди во живо.




Премиерата на "Тартиф" што ја режираше Дејан Пројковски е утревечер во 19,30 часот во Турскиот театар.
Антологискиот текст на Молиер за измамникот Тартиф, за неговото лицемерие и за хипокризијата на општеството, Пројковски вели дека го разработил на еден брехтовски начин.
Режисерот "Тартиф" го направил мултимедијално. Користи видеобимови на кој можат да се видат вистинските мисли на Тертиф, а музиката што ја направил Горан Трајковски од "Анастазија" ќе оди во живо.
"Тргнавме од основната тема, темата на лицемерието или одбегнувањето да и се погледне в очи на вистината, но не се фокусирав толку на лицемерието на Тартиф, туку на лицемерието на неговото окружување. Се запрашавме на која и каква почва тоа лицемерие вирее" вели режисерот Пројковски. "Ја допираме и темата на религијата, ја разгледуваме точката во која религијата престанува да биде приватен чин и станува масовна манипулација" појаснува Пројковски.
Улогата на Тартиф ја игра Елјеса Касо, Оргон е Мустафа Јашар, Бедиа Беговска е Емира, а глумат и Џенап Самет, Филиз Ахмет, Селпин Керим, Несрин Таир и Тамер Ибрахим.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Славење во кинотеката на Македонија



[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Кинотеката на Македонија од денеска и официјално го промовираше својот нов простор. Од сега Кинотеката се наоѓа во библиотеката "Другарче" спроти гимназијата "Никола Карев". Пред многу гости, филмаџии, пријатели на [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Кинотеката и на медиумите, се отвори и долгоочекуваната кино-сала. [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во киното се вртеше првиот филм на Браќата Лимиер од 1895 година, избор ор од филмовите на Браќата Манаки како и избор од Жорж Мелиес, основоположникот на играниот филм.

Во пријатна атмосфера со филмска музика изведена во живо презентирани беа и постојаната поставка за историјата на филмот, како и посебната изложба на плакати од македонскте играни филмови со наградите што ги освоиле македонските автори во светот.

Кинотеката ги додели и наградите "Златен објектив", што постхумно ја доби Ацо Петровски, првиот директор на Кинотеката. "Златен објектив" и повелба за особен придонес во работата на Кинотеката му беше врачена и на доајенот Благој Дрнков.

Повелби за исклучителен придонес во кинотечната дејност им беа врачени и на домашни и на странски филмски теоретичари и филмаџии.

Отворањето на овој траен објект за Кинотеката посебно ги поздрави министерот за култура Благој Стефановски, а директорот на Кинотеката Борис Ноневски говорејќи за првите снимени матерјали во Македонија потсети на курјозитетот дека првото живо убоситво на филм е снимено токму во Македонија во престрелка помеѓу востаниците и турскиот аскер.
[/FONT]
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
МУЗЕЈ НА СКОПЈЕ
Слики од циклусот "Кентаур(к)и" на Свето Манев

Претставени се 12 слики што ги прикажуваат митолошките суштества Кентаури, полулуѓе и полукоњи. "Низ нив се открива аљнималната природа на човекот, но и неговата благородна страна" вели Манев.




Изложбата на Манев во Музеј на Скопје ќе трае до 24 април.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ВЕЧЕРВА ПРЕМИЕРА ВО СТРУМИЧКИ ТЕАТАР [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Печалбари(те)" и како наша иднина [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Текстот на Антон Панов , како свој комплетен авторски проект го поставува режисерот Бранко Ставрев. [/FONT]



[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Вечерва во Струмиччкиот театар има премиера на "Печалбари" на Антон Панов, во која Бранко Стварев е потписник и на режијата и на драматизацијата. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Ставрев вели дека за среќа малата пиеса на Панов ги содржи во себе вечните теми и затоа е актуелна и денес и дека кон текстот не пристапил како кон битова драма, туку како кон класика. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Претставата е целосно ослободена од фолклор и е направен обид таа да звучи современо зашто "Печалбарството за жал за нас не стана минато, туку остана наша сегашност и се заканува да стане наша иднина. Срцевината на претставата ја чини фурната од која огнотј прераснува во метафизичка метафора за крематориуми, пеколи и слични македонски судбински проклетства", вели Ставрев.
Ставрев како музичка подлога за "Печалбари" наравил избор од Вангелис.
Кај Ставрев главниот лик Костадин, го игра Васил Михаил, не заминува на печалба, ама сепак е жртва на печалбарството. Низ неговата внатрешна температура, како што вели режисерот се одигруваат сите свадби , крштевки, умирачки на човекот.
Во претставата игра целиот ансамбл на Струмичкиот театар во кој се и Крсте Јовановски, Тинче Ристевска, Зора Георгиева, Ванчо Мелев. Глумците во "Печалбари" на Бранко Ставрев како реквизита имаат вреќа брашно со која месат и печат леб во фурната што потоа го раздаават на публиката."Живееме живот како на задуша" ни рече Ставрев..
"Печалбари" се поставува за одбележување на 100 -годишната од раѓањето на Антон Панов и 70 години од нејзината праизведба во Скопје.
[/FONT]
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
ВО ИЗДАНИЕ НА "СЛОВО"
Роман на Коле Чашуле "Патот од себеси"


"Патот од себе си" е насловот на новиот роман на Коле Чашуле. што го издаде "Слово".
Чашуле изјави дека му е мило што излегла книгата и дека е тој замислен сега над другите два романа кои му се готови.
Рече:"Она што сакав да го кажам во новиов роман , накусо може да се види во делот што го озаглавив 'Исповед'. Со "Исповед(от)" и почнува романот , а таму Чашуле вели дека е ова обид за негово патување низ нашите и неговите години по Победата и едновремено строга размисла за нас и за него во нив. "Како сите помнења, оваа исповед ќе се темели врз она што останало, преживеало, врз она кое го обличило и разобличило Времето во мене, во нас. И, бездруго, врз она кое, и какво , се исчувало, домислувало, поправало, суредувало и какво се сакало да остане", вели Чашуле.

Тој кажува дека со оваа книга, тој ќе гледа да не се повторува "Тргам на пат кој однапред го тескоби и тишти болка. Пред се, кога се гледа- себеси."
Издавачот "Слово" вели дека романот е работен со документаристички пристап и зборува за едно не многу одамна минато, но историски пресудно време, и за делувањето на луѓето во тоа време, за нивната исправеност пред историјата и за нивните дилеми.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Велигден во Струмица




Триесетина велигденски јајца, изработени во повеќе ликовни техники од дваесет автори од земјава, вчера беа изложени пред струмичката јавност. Изложбата имаше продажен карактер, а цената на експонатите се движеше од 3 илјади до 15 илјади денари.
Како што не информираше организаторот, Секторот за ликовна и галериска дејност при НУЦК "Антон Панов", уште на отворањето најголемиот дел од јајцата веќе биле продадени. Малку недостигаше за дел од јајцата со велигденски орнаменти да се врши и јавно наддавање, бидејќи интересот беше голем.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom