jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 18.623
- Поени од реакции
- 26.136
Епа, ја долови поента на воркохолиците. Ете и јас работам од дома во моментов, воркохолик сум врзан за работата дека ја сакам. Врзан сум дома ради ладното и ради короната, не идам нигде како и ти и посветен сум на работата. Не дека морам, туку дека сакам… кога е порелакс пишувам и читам на форум и тоа е тоа. Некад знам да изгледам некоја серија, да изиграм некоја игра. Нервозата никад не ја носам од работа дома. Во нормални услови уживав во животот, сега ми е малце подосадно.Не губам драгоцено време, јас навистина и немам поблиска особа од сопругата на светот ама тоа не значи дека сме Сијамски близнаци споени на карлица И онака сме најголем дел од време заедно пошто работиме од дома, но сепак си оставаме простор за свои потреби, интереси, забава, понекогаш заедно, понекогаш не, нема проблеми во тој однос, пишување на форум воопшто не влијае на квалитет на нашата врска.
Се дешава да ме нема на форум и по 2-3 месеци па после има период кога пишувам неколку дена редовно како деновиве ете, 2600 мислења за 6+ години, многу ли е, малку ли е, кој ќе го знае.
Интересно ми е да оправам криви дрини и во ИРЛ и на форум, шта чеш, слабост
Не играм видео игри воопшто, не одам по кладилници, така да постирањето тука во виртуелниов град наречен Кајгана ми е интересно, многу е појако него видео игра пошто зад тастатура сепак седи реален соговорник а не пиксели кои пукаат по тебе.
Не е исто со работа затоа што постирање на форум е сосема доброволно, може да се реплицира а може и тотално да се игнорира, да се заборави, да се батали, да се одговори за пар недели, што не е случај со работата.
Имам искуство од двата света, ако може така да се каже, па го одбрав овој поради низа околности. Човек се менува и на 30+ па и покасно. Да ми кажувал некој пред 15-16 години дека ќе трубам за минимализам во 2022 ќе мислев дека ме зајебава
Воркохолиците ја сакаат работата, ги сакаат предизвиците на работата, тоа ги исполнува и ги прави среќни. Воркохолик не се станува ако работиш работа што не ја сакаш. Воркохолик ако се најде во работна средина што не ја сака, престанува да биде воркохолик.
Но еве да го ставиме воркохолизмот настрана. Зарем не треба да се трудиме на децата да им дадеме подобра стартна позиција, да ги направиме колку што е тоа можно финансиски независни. Мене ми е тоа најголема мотивација. Јас лично не сум алчен за пари, но кога можам зошто да не покушам, па макар и да жртвувам за моето дете.
Да немам дете, можеби и јас не би се замарал до толку и би удрил на животот хедонистички или во најмала рака нешто што во моментов ми звучи себично. И неможам да ги сватам оние луѓе кои имаат деца, а се понашаат себично, несакајќи да дадат никаква жртва за децата и се препуштени на уживање. Луѓе што се коцкаат, што пијат, а дома ради тоа да се пати… со тоа не само што не му се овозможува на детето подобра стартна позиција во животот, туку се дава и погрешен пример.