Natural-girl
Morphine
- Член од
- 16 октомври 2007
- Мислења
- 3.462
- Поени од реакции
- 5.246
Го ценам твоето мислење, и јас мислам дека е најбитна цел да се постави токму тоа, да се има " најсреќно семејство на светот ". Воспевање на работата како највредно нешто на светот - тоа обично го прават луѓе кои се доволно млади за да дадат се` од себе на работно место, а притоа не виделе некоја особена друга мака во животот, од типот на здравствени проблеми и слично. Па многу е лесно кога си млад да се занемариш целосно себе во име на работата, и да не ни сфаќаш каква грешка правиш на долги стази. Седентарниот живот дефинитивно не му одговара на човекот, ниту животот на вркохолик што е константно под стрес. Едноставно, нашите организми порано или подоцна, физички или психички, почнуваат да се "бунат" за тоа што сме им наметнале таков брз начин на живот."Џабе работи, џабе не седи", "од работа не се умира", "работата те прави човек", "се фати за работа ја еба немаштијата", "fati seza lopata keti mine i dempresija i impresija" се само некои бисери од ризницата на народната мудрост, пренесувани од генерација на генерација.
Интересна е етимологијата на поимот "работа" која кажува дека тој збор е изведен од глаголот "робува"
Без разлика на економските, општествените и идеолошки системи по светот и кај нас, една обединувачка константа за сите е култниот статус кон работата, безрезервно позитивниот став кон неа, сите CV-a на светот споменуваат хард воркер, луѓе се гордеат дека се воркохоличари а на последиците од работата по здравјето и животот на поединецот се гледа како на нужно зло.
Денес најголемо табу не е ЛГБТ или родови идентитети, денес најголемо табу е прашањето дали работата е навистина доблест или не.
Нормално дека работа е потребна за да функционираат сложени општества како денешните, но со сета автоматизација, сета дигитализација, сите labor saving devices работното време се наголемува наместо да се намалува. Некогашните осум часа се веќе анахронизам, денес 10-14 часа не се ништо невидено или чудно.
Се поставува прашање каков квалитет на живот имаат луѓе кои работат 60-70 часа неделно па и повеќе, имајќи предвид дека работата бара и патување до неа, особено во поголеми места тоа се ужасно долги релации, спремање, облека, шминка кај жените што дополнително одзема време.
Нивните деца им се странци во домот, односите меѓу сопружниците девалвираат брзо, разводите пробиваат плафони, семејното насилство наместо да е искоренето во оваа 2022 исто руши рекорди.
Колку од тоа е последица на немањето време да се посвети поединецот на лицата кои му значат најмногу, или барем би требало да му значат најмногу?
На другата тема кажав дека сум минималист во основа т.е. работиме со сопругата минимално во смисол да не компромитираме некои стандарди кои сме ги поставиле заеднички и толку. 3-5 часа, 6 дена неделно.
Да, имавме и среќа, ама знаевме што сакаме.
Бидејќи не сум талентиран за спорт, актерство или наука, имајќи скромна интелигенција, запознавајќи се самиот себе низ неколку трагични ситуации во минатото, одлучив дека мое најголемо достигнување ќе биде мојот придонес кон целта = најсреќно семејство на светот. Ок, не буквално пошто не може да се квантифицира такво нешто, ама смислата е таа.
Лично многу ги почитувам луѓето кои не потпаднале под мантрите на бескрупулозниот материјализам и конзумеризам а сепак заработуваат доволно за да не се доведе во прашање стандардот на живот кој си го поставиле како цел.
Да ја критикуваш работата како поим, луѓето ќе те гледаат чудно, а некои ќе те прогласат за лудак
Зошто луѓето ја воспеваат работата како највредно нешто на светот?
И јас не сум цвеќе за мирисање кога станува збор за бидувањето вркохолик. Имаше долг период кога секој ден давав плус околу 2,3 часа на работа, никогаш не си го јадев појадокот навреме, не пиев течности и дома секој ден спиев од премор. Размислував за работата 24/7 и дома. Али младост, лудост. Бев некој тип на надредена ... мислев дека се` е моја одговорност и едноставно нема никој на кој би можела да доверам некои активности за да бидат извршени без мене. И така и беше, ако било што се зезнеше, менаџерите над мене, ќе ме бараа само мене како одговорно лице. Самата заклучив дека таква средина не е место каде што би сакала да работам бремена или со деца, па напуштив.
Е сега друга работа е што многу надредени лица кои сум ги сретнала, се всушност многу послаби работници од самите работници. Некои единствено што имаат е желба за перфекционизам и способност да ги убедат вработените дека нешто "морa" да се сработи, и тоа на "тој и тој" начин. Али тоа е веќе друга тема.
Оттогаш навака, гледам да ја држам мојата желба за работата на некој начин во тајност, затоа што ако забележат другите вработени колку сум спремна да работам, они нема ништо од своја страна да преземат (а работава што ја работам е тимска). Исто така дома многу помалку размислувам за работа. Она на кое сакам сеуште да работам, е да не се потресувам дома за секоја работа што ми ја кажале колешки и слично. Целта ми е работата да ми биде само дел од животот. И секако, да имам цел со работата, односно да сакам да одам на работа, не претерано, ама не ни премалку.
А на прашањето, зошто се гради култ кон работата? Па не знам, во ова време е модерно да си busy, тоа се смета за добро. Со телефониве, мислам дека луѓето веќе никогаш немаат време ни самите со себе да си размислат за нешто или да одморат малку психички. Станати сме ко овци.
Идеално за капитализмот е токму тоа, луѓево да умираат од работа и истовремено да се среќни за тоа.