Култот кон Работата

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
"Џабе работи, џабе не седи", "од работа не се умира", "работата те прави човек", "се фати за работа ја еба немаштијата", "fati seza lopata keti mine i dempresija i impresija" се само некои бисери од ризницата на народната мудрост, пренесувани од генерација на генерација.
Интересна е етимологијата на поимот "работа" која кажува дека тој збор е изведен од глаголот "робува" :angel:
Без разлика на економските, општествените и идеолошки системи по светот и кај нас, една обединувачка константа за сите е култниот статус кон работата, безрезервно позитивниот став кон неа, сите CV-a на светот споменуваат хард воркер, луѓе се гордеат дека се воркохоличари а на последиците од работата по здравјето и животот на поединецот се гледа како на нужно зло.

Денес најголемо табу не е ЛГБТ или родови идентитети, денес најголемо табу е прашањето дали работата е навистина доблест или не.

Нормално дека работа е потребна за да функционираат сложени општества како денешните, но со сета автоматизација, сета дигитализација, сите labor saving devices работното време се наголемува наместо да се намалува. Некогашните осум часа се веќе анахронизам, денес 10-14 часа не се ништо невидено или чудно.
Се поставува прашање каков квалитет на живот имаат луѓе кои работат 60-70 часа неделно па и повеќе, имајќи предвид дека работата бара и патување до неа, особено во поголеми места тоа се ужасно долги релации, спремање, облека, шминка кај жените што дополнително одзема време.
Нивните деца им се странци во домот, односите меѓу сопружниците девалвираат брзо, разводите пробиваат плафони, семејното насилство наместо да е искоренето во оваа 2022 исто руши рекорди.
Колку од тоа е последица на немањето време да се посвети поединецот на лицата кои му значат најмногу, или барем би требало да му значат најмногу?

На другата тема кажав дека сум минималист во основа т.е. работиме со сопругата минимално во смисол да не компромитираме некои стандарди кои сме ги поставиле заеднички и толку. 3-5 часа, 6 дена неделно.
Да, имавме и среќа, ама знаевме што сакаме.
Бидејќи не сум талентиран за спорт, актерство или наука, имајќи скромна интелигенција, запознавајќи се самиот себе низ неколку трагични ситуации во минатото, одлучив дека мое најголемо достигнување ќе биде мојот придонес кон целта = најсреќно семејство на светот. :love: Ок, не буквално пошто не може да се квантифицира такво нешто, ама смислата е таа.

Лично многу ги почитувам луѓето кои не потпаднале под мантрите на бескрупулозниот материјализам и конзумеризам а сепак заработуваат доволно за да не се доведе во прашање стандардот на живот кој си го поставиле како цел.
Да ја критикуваш работата како поим, луѓето ќе те гледаат чудно, а некои ќе те прогласат за лудак

Зошто луѓето ја воспеваат работата како највредно нешто на светот?
Го ценам твоето мислење, и јас мислам дека е најбитна цел да се постави токму тоа, да се има " најсреќно семејство на светот ". Воспевање на работата како највредно нешто на светот - тоа обично го прават луѓе кои се доволно млади за да дадат се` од себе на работно место, а притоа не виделе некоја особена друга мака во животот, од типот на здравствени проблеми и слично. Па многу е лесно кога си млад да се занемариш целосно себе во име на работата, и да не ни сфаќаш каква грешка правиш на долги стази. Седентарниот живот дефинитивно не му одговара на човекот, ниту животот на вркохолик што е константно под стрес. Едноставно, нашите организми порано или подоцна, физички или психички, почнуваат да се "бунат" за тоа што сме им наметнале таков брз начин на живот.

И јас не сум цвеќе за мирисање кога станува збор за бидувањето вркохолик. Имаше долг период кога секој ден давав плус околу 2,3 часа на работа, никогаш не си го јадев појадокот навреме, не пиев течности и дома секој ден спиев од премор. Размислував за работата 24/7 и дома. Али младост, лудост. Бев некој тип на надредена ... мислев дека се` е моја одговорност и едноставно нема никој на кој би можела да доверам некои активности за да бидат извршени без мене. И така и беше, ако било што се зезнеше, менаџерите над мене, ќе ме бараа само мене како одговорно лице. Самата заклучив дека таква средина не е место каде што би сакала да работам бремена или со деца, па напуштив.

Е сега друга работа е што многу надредени лица кои сум ги сретнала, се всушност многу послаби работници од самите работници. Некои единствено што имаат е желба за перфекционизам и способност да ги убедат вработените дека нешто "морa" да се сработи, и тоа на "тој и тој" начин. Али тоа е веќе друга тема.

Оттогаш навака, гледам да ја држам мојата желба за работата на некој начин во тајност, затоа што ако забележат другите вработени колку сум спремна да работам, они нема ништо од своја страна да преземат (а работава што ја работам е тимска). Исто така дома многу помалку размислувам за работа. Она на кое сакам сеуште да работам, е да не се потресувам дома за секоја работа што ми ја кажале колешки и слично. Целта ми е работата да ми биде само дел од животот. И секако, да имам цел со работата, односно да сакам да одам на работа, не претерано, ама не ни премалку.

А на прашањето, зошто се гради култ кон работата? Па не знам, во ова време е модерно да си busy, тоа се смета за добро. Со телефониве, мислам дека луѓето веќе никогаш немаат време ни самите со себе да си размислат за нешто или да одморат малку психички. Станати сме ко овци.

Идеално за капитализмот е токму тоа, луѓево да умираат од работа и истовремено да се среќни за тоа.
 
Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.100
Поени од реакции
3.471
Некогашните осум часа се веќе анахронизам, денес 10-14 часа не се ништо невидено или чудно.
Работата и одморот треба да бидат во рамнотежа. Нема смисла да се работи по толку часа 6 дена а платата да биде истата како за 8 часа. Всушност и да си сам на себе газда па да работиш толку ќе рикнеш.
Квалитетен одмор и слободно време за себе се клучни за да се функционира добро на работа.
Некогаш треба да знаеш кога да застанеш, да земеш јак Здив и да ги наполниш убаво батериите.

Тие што работат од дома и така и така ќе пројдат некако. Не трошат време и/или гориво за идење до работното место и враќање, у меѓувреме може да си завршат некоја работа низ дома, па и да си пуштат филм/серија да гледаат.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.861
Го ценам твоето мислење, и јас мислам дека е најбитна цел да се постави токму тоа, да се има " најсреќно семејство на светот ". Воспевање на работата како највредно нешто на светот - тоа обично го прават луѓе кои се доволно млади за да дадат се` од себе на работно место, а притоа не виделе некоја особена друга мака во животот, од типот на здравствени проблеми и слично. Па многу е лесно кога си млад да се занемариш целосно себе во име на работата, и да не ни сфаќаш каква грешка правиш на долги стази. Седентарниот живот дефинитивно не му одговара на човекот, ниту животот на вркохолик што е константно под стрес. Едноставно, нашите организми порано или подоцна, физички или психички, почнуваат да се "бунат" за тоа што сме им наметнале таков брз начин на живот.

И јас не сум цвеќе за мирисање кога станува збор за бидувањето вркохолик. Имаше долг период кога секој ден давав плус околу 2,3 часа на работа, никогаш не си го јадев појадокот навреме, не пиев течности и дома секој ден спиев од премор. Размислував за работата 24/7 и дома. Али младост, лудост. Бев некој тип на надредена ... мислев дека се` е моја одговорност и едноставно нема никој на кој би можела да доверам некои активности за да бидат извршени без мене. И така и беше, ако било што се зезнеше, менаџерите над мене, ќе ме бараа само мене како одговорно лице. Самата заклучив дека таква средина не е место каде што би сакала да работам бремена или со деца, па напуштив.

Е сега друга работа е што многу надредени лица кои сум ги сретнала, се всушност многу послаби работници од самите работници. Некои единствено што имаат е желба за перфекционизам и способност да ги убедат вработените дека нешто "морa" да се сработи, и тоа на "тој и тој" начин. Али тоа е веќе друга тема.

Оттогаш навака, гледам да ја држам мојата желба за работата на некој начин во тајност, затоа што ако забележат другите вработени колку сум спремна да работам, они нема ништо од своја страна да преземат (а работава што ја работам е тимска). Исто така дома многу помалку размислувам за работа. Она на кое сакам сеуште да работам, е да не се потресувам дома за секоја работа што ми ја кажале колешки и слично. Целта ми е работата да ми биде само дел од животот. И секако, да имам цел со работата, односно да сакам да одам на работа, не претерано, ама не ни премалку.

А на прашањето, зошто се гради култ кон работата? Па не знам, во ова време е модерно да си busy, тоа се смета за добро. Со телефониве, мислам дека луѓето веќе никогаш немаат време ни самите со себе да си размислат за нешто или да одморат малку психички. Станати сме ко овци.

Идеално за капитализмот е токму тоа, луѓево да умираат од работа и истовремено да се среќни за тоа.
Wunderbar :)
Извлекувајќи поуки од своите па и туѓи искуства е нешто кое значи многу во животот, не би можел да најдам зборови да опишам колку.
На крај на денот, никој ама никој нема да те цени повеќе поради тоа што си останала на работа три саата плус, може некое тапшање по рамо од страна на надредени и прикриен гнев од страна на колеги и тоа е тоа.
Добро примети дека е модерно да си busy, кој не е зафатен нешто му фали, не е ценет од средината затоа никој не го бара. Од друга страна воркохолизмот кај многу луѓе исполнува и други функции какви што се мизерен брак и никаков однос со децата. И како изговор да се биде што помалку физички присутен во домот, луѓе се кријат зад работата.

И јас исто имав таков период каде што ускратував од спиење па пола година некаде истерав со 5-6 часа спиење што доведе до.......проблеми, не е важно какви. Иако беше запад тоа и беше добро платено, на крај човек започнува да се губи психички, се дере на најмала ситница, све му смета ихааа......кој напорен идиот бев тогаш :D

Од огромно значење е дали и колку машко и женско се поклопуваат карактерно во поглед на амбиции (or lack there of) , навики, приоритети.
Јас пошто се запознавме на болница, да не споменувам на кој оддел, уште од почеток си кажавме дека времето е она кое го имаме најмалку и така се поставивме кон животот.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.593
Поени од реакции
26.102
Идеално за капитализмот е токму тоа, луѓево да умираат од работа и истовремено да се среќни за тоа.
А што е алтернатива, луѓето да умираат од работа и истовремено да се несреќни за тоа.

Ако веќе мора човек да работи, а мора. Тогаш барем треба да направи да е среќен кога работи, дури и ако работи малце.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
710
Поени од реакции
1.522
Оваа тема Калехон е една од подобрите на форумот.Барем според мене.
Ми се допаѓаат теми во кои им се плеснува во фаца вистината на луѓето.

Работата која не сум ја сакал,а сум морал да ја работам отсекогаш ми била одбивна,а уште поодбивни газдите и колегите со кои сум работел(ја поседувале онаа типична македонска глупавост),ама притисокот од фамилијата и општеството си го правеше своето.
Тоа низ текот на времето ме наведе да почнам да барам алтернативен начин на заработка,каков и да е,само да е погоден на мојата личност и ситуација.
Почнав да ја превземам контролата во свој раце и верувајте,нема нешто подобро од тоа да се ослободиш од најмизерното ропство наречено "капитализам на македонски начин".

Толку многу начини има за да се заработува пари на алтернативен начин,човек само треба да седне и да почне да размислува.

Луѓето по природа го живеат животот по копија,заврши средно и високо образование,вработи се некаде и утепај го животот во мизерија и гнев.Да не ни биде чудно после зошто македонсково општество е полно со омраза и гнев.Ретко кој го работи тоа што го сака,настрана тоа што се губи огромно време и енергија расправајќи се со дебили околу тебе.
Кај ќе чуваш и воспитуваш деца бе пријателе утепувајќи по вкупно 11 часови дневно на работата?

Му препорачувам најдобронамерно на секој човек во државава да размисли,да биде храбар и да почне да ги превзема работите во свој раце.
Запамтете,не вреди целиот живот да се посветува на нечиј туѓ интерес притоа губејќи го своето скапоцено време,здравје,па и самиот живот.За што?
20.000 денари? 30.000 денари?Ебате таквиот живот!!!

И за крај,дури и сами да станете господари над сопствениот финансиски живот,не бидете алчни за пари.
Има многу поубави работи.Приоритет на целта на ослободувањето од ропството треба да биде слободното време и здравјето,парите во втор план.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.271
Поени од реакции
27.712
Mislam deka potrebna e rabota na individuata, za da se oformi kako licnost, da stane finansiski slobodna, i da pridonese za svojata okolina.
Megutoa protiv sum rabotenje za tugja firma po 15h, ocekuvanje od tvoite vraboteni da rabotat 15h, a so toa drzejki niska osnovica za da im dades signal na drugite vraboteni da rabotat po 15h, i sekako protiv sum koga ne se davaat slobodni denovi, ili koga se otkazuvaat zakazanite slobodni denovi.
Za sopstven biznis, za familijaren biznis, toa bi go razbrala. Drug koga vaka te tretira e nepocituvanje i krsenje prava.
Niedna plata nema da me izraduva ako nemam vreme i nemam so koj da ja potrosam.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.653
Поени од реакции
34.943
Ај некој збор повеќе од мое лично искуство: колку ќе работите/треба да работите зависи од вашите аспирации, и кариера во одредена индустрија.

Доколку сакате да отскокнете од еден во една во друга социјална класа, имате многу малку опции за без работа: да добиете на наградна игра, да се ожените/омажите за многу побогата/побогат, да опљачкате некој/нешто.

Финтите што ги гледате по интернет дека може да се прави приход без работа, важат само и само ако веќе имате кеш. А почетен кеш, ако не сте го наследиле, се прави само со многу работа.

Без разлика дали работите за друг, или за себе, кога сте на почеток од својата карира ќе мора да се потрудите повеќе за да изградите репутација и да го испечите занатот. Ова го зборувам за професии со иднина, а не за привремени, таквите не ги дискутирам, т.е таму работиш колку за да преживееш, или ако апла немаш избор поради когнитивни/физички ограничувања (лента во фирма, ресторани за брза храна, доставувачи и сл.).

Кога ќе се докажете, работите се поинакви. Ако немате аспирации за да влезете во менаџирање, тогаш работете малку повеќе од лошите работници, т.е некаква си граница каде на работодавецот нема да му се исплати да ве избрка. Нема да имате напредувања кариерни затоа што секогаш има некој што ќе сака повеќе, но ќе бидете безбедни од бркање, и главата ќе ви биде мирна.

За свој бизнис работите се малку поразлични, али генерално и таму важи правилото дека на почеток мора да трчате екстремно. Кога бизисот ќе се докаже на пазарот и ќе добие стабилност (ќе стекнете клиенти и редовен приход за подмирување на сите оперативни трошоци, плус доволно обрт за да издржите кризи/трка со конкуренција), може да се опуштите со помалку работни часови, и да барате некој да ви преземе дел од вашите обврски.

Нема никакво воспевање, нема никаква љубов, сите што ги гледате да трчаат како луди, тоа го прават поради некаква причина. Да се издигнат некое скалило до попристоен живот, да вратат долгови, или пак да потиснат/нахранат некој проблем/потреба преку работата.

Моја цел е да се издигнам неколку скалила на социјален статус и финансии, и да обезбедам доволно кеш/капитал за пасивен приход за кога ќе се повлечам. Не планирам да чекам пензија од држава, туку би се повлекол во моментот кога ќе ми е доволно, идеално би било на возраст од 40-50.
 
Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.100
Поени од реакции
3.471
И јас исто имав таков период каде што ускратував од спиење па пола година некаде истерав со 5-6 часа спиење што доведе до.......проблеми
Јас некогаш знаев да спијам и само по 3 или 4 часа за да имам време да се видам на кафе со другари или да се искочи навечер кога ќе бев прва.
Не дека бев уморен кога ќе се разбудев, ама пак не стигаше време за себе да одвојам. Само еден ден слободен али ко ниеден оти и тој си го одработил претходно.
 
SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Работата не те прави финансиски слободен, напротив те прави финансиски зависен. Инвестицијата те прави финаниски независен. Дали работиш за своја или туѓа фирма по 15 саати, апсолутно нема никаква разлика. 15 саати се 15 саати. Парите треба да работат за тебе, колку и да е суперфишл и wolf of wallstreet муабет, тоа е фактот со кој секој еден од нас порано или покасно се соочува. Тоа е што се однесува од финансиската независност.

Од друга страна на мнозинство луѓе им треба тој филтер од 8 саата у денот да избегаат од приватните пиздарии, како и драјвот за кариера и постигнување. А тоа баланс одмор фамилија работа пари кариера, тешка работа тоа. Не секогаш одлучуваш сам за себе на што ќе се посветиш затоа што незнаеш на кого кога ќе му треба твоето внимание.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.593
Поени од реакции
26.102
Мој став е дека, за да може човек да се искачи во општественото скалило мора да жртвува еден дел од својот живот. Јас на пример го жртвував овој дел, со короната. Кога ќе размислам малку, никад не сум поминал толку време со фамилијата

Секој човек си има своја престава за тоа како треба да го потроши животот и што за него значи работа. Па макар и била погрешна. Луѓе кои бркаат бизнис, не се луѓе кои се откажуваат од животот, иако тука гледам дека многу луѓе го имаат тој став. Јас повеќе гледам на тоа дека се тоа луѓе кои овозможуваат во животот, било на тие што им даваат работа, било на своите деца кои ги прават финансиски независни. Според мене, себично би било, јас да имам можност да пробам да отворам бизнис, да не го сторам тоа, само заради тоа што има трчање и неможам да сум со детето… па на крајот на краиштата ќе трчам заедно со детето.

Проблемот со жртвување на фамилијата, не е до зафатеноста, туку според мене до самиот човек. Колку луѓе има што не се жртвуваат на работа, а сепак се странци во своите домови. Работата е само изговор.

Што се однесува до трчање за друг и самата пожртвуваност и одговорност во мојата струка, тоа ти дава име, те крева нагоре во фелата, ти овозможува подобра заработка… и што е најважно добро е наградено. Така да јас и трчањето за друг, сум го гледал како трчање за себе и на крај тоа ми се исплатело.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.861
Ај некој збор повеќе од мое лично искуство: колку ќе работите/треба да работите зависи од вашите аспирации, и кариера во одредена индустрија.

Доколку сакате да отскокнете од еден во една во друга социјална класа, имате многу малку опции за без работа: да добиете на наградна игра, да се ожените/омажите за многу побогата/побогат, да опљачкате некој/нешто.

Финтите што ги гледате по интернет дека може да се прави приход без работа, важат само и само ако веќе имате кеш. А почетен кеш, ако не сте го наследиле, се прави само со многу работа.

Без разлика дали работите за друг, или за себе, кога сте на почеток од својата карира ќе мора да се потрудите повеќе за да изградите репутација и да го испечите занатот. Ова го зборувам за професии со иднина, а не за привремени, таквите не ги дискутирам, т.е таму работиш колку за да преживееш, или ако апла немаш избор поради когнитивни/физички ограничувања (лента во фирма, ресторани за брза храна, доставувачи и сл.).

Кога ќе се докажете, работите се поинакви. Ако немате аспирации за да влезете во менаџирање, тогаш работете малку повеќе од лошите работници, т.е некаква си граница каде на работодавецот нема да му се исплати да ве избрка. Нема да имате напредувања кариерни затоа што секогаш има некој што ќе сака повеќе, но ќе бидете безбедни од бркање, и главата ќе ви биде мирна.

За свој бизнис работите се малку поразлични, али генерално и таму важи правилото дека на почеток мора да трчате екстремно. Кога бизисот ќе се докаже на пазарот и ќе добие стабилност (ќе стекнете клиенти и редовен приход за подмирување на сите оперативни трошоци, плус доволно обрт за да издржите кризи/трка со конкуренција), може да се опуштите со помалку работни часови, и да барате некој да ви преземе дел од вашите обврски.

Нема никакво воспевање, нема никаква љубов, сите што ги гледате да трчаат како луди, тоа го прават поради некаква причина. Да се издигнат некое скалило до попристоен живот, да вратат долгови, или пак да потиснат/нахранат некој проблем/потреба преку работата.

Моја цел е да се издигнам неколку скалила на социјален статус и финансии, и да обезбедам доволно кеш/капитал за пасивен приход за кога ќе се повлечам. Не планирам да чекам пензија од држава, туку би се повлекол во моментот кога ќе ми е доволно, идеално би било на возраст од 40-50.
Аспирациите се интересна ситуација, ама и за тоа треба да се отвори тема.

На 40 тешка работа, па и на 50 е преоптимистично али ајде да кажеме на 50 се повлекуваш. Мислиш дека рет рејс во траење од 1/4 век нема да остави траги по здравје и психа?

Неповрзано со твојов пост, ми текнува оној стереотип за Флорида каде се преселувале пензионери 65+ пошто била убава клима, џам ќе свитка човек на 70-80 години :angel:ќе се пензионирале и ќе уживале, па крузериве бродови преполни со сенилни дебели западњаци, шта речи...
Автоматски споено мислење:

Мој став е дека, за да може човек да се искачи во општественото скалило мора да жртвува еден дел од својот живот. Јас на пример го жртвував овој дел, со короната. Кога ќе размислам малку, никад не сум поминал толку време со фамилијата

Секој човек си има своја престава за тоа како треба да го потроши животот и што за него значи работа. Па макар и била погрешна. Луѓе кои бркаат бизнис, не се луѓе кои се откажуваат од животот, иако тука гледам дека многу луѓе го имаат тој став. Јас повеќе гледам на тоа дека се тоа луѓе кои овозможуваат во животот, било на тие што им даваат работа, било на своите деца кои ги прават финансиски независни. Според мене, себично би било, јас да имам можност да пробам да отворам бизнис, да не го сторам тоа, само заради тоа што има трчање и неможам да сум со детето… па на крајот на краиштата ќе трчам заедно со детето.

Проблемот со жртвување на фамилијата, не е до зафатеноста, туку според мене до самиот човек. Колку луѓе има што не се жртвуваат на работа, а сепак се странци во своите домови. Работата е само изговор.

Што се однесува до трчање за друг и самата пожртвуваност и одговорност во мојата струка, тоа ти дава име, те крева нагоре во фелата, ти овозможува подобра заработка… и што е најважно добро е наградено. Така да јас и трчањето за друг, сум го гледал како трчање за себе и на крај тоа ми се исплатело.
Охо и тоа како има врска со времето кое се минува на работа. Пошто знам од лично искуство, после 12 часовен работен ден немаше да приметам бела мачка како ми се качува на глава а не пак да посветам активно време на жена и деца. 12+8=20, комјут 3 часа напред-назад, 1 час спремање, бричење и туширање, ете ги 24. Среќа бев сингл тогаш па кратев на спиење по 2-3 часа колку да спремам нешто или да купам за јадење, или било што колку да се осетам како човечко битие.
И после на нервно, епа тоа е...со 5 саати сон, директна виза за болештина.

А дека има лица кои ја користат работата како оправдување има. Но тоа е мањина.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
9.766
Поени од реакции
17.482
Аспирациите се интересна ситуација, ама и за тоа треба да се отвори тема.

На 40 тешка работа, па и на 50 е преоптимистично али ајде да кажеме на 50 се повлекуваш. Мислиш дека рет рејс во траење од 1/4 век нема да остави траги по здравје и психа?

Неповрзано со твојов пост, ми текнува оној стереотип за Флорида каде се преселувале пензионери 65+ пошто била убава клима, џам ќе свитка човек на 70-80 години :angel:ќе се пензионирале и ќе уживале, па крузериве бродови преполни со сенилни дебели западњаци, шта речи...
Идеално да можеш тоа да го напраиш на 25. Пензиониран на флорида, пун со пари. И има луѓе што живеат така верувам. Меѓутоа што да праиме ние, неаме толку пари, и мораме да работиме. Кој помалце кој поише ама тоа е.

Зашто сме опседнати со работата? Зашто во општеството нема стоење во место. Или идеш нагоре или надоле. И кога више секако го ебеш денот на работа, бар да бидеш поише награден за тоа. Луѓето по природа се такви, си се борат за подобра позиција. Сега критериумот е таков. Некад било да си добар со копје, да си добар ловец и тн, за да си ја подобриш позицијата. Сега е да си добар у тоа што го работиш.
 
Арно тоа, само што работата убива дупло повеќе луѓе него сите војни на светот земени заедно = годишно.
Настрана трајни и времени физички осакатувања и психички последици, тоа не ни пресметано сеуште.
Настрана милион ситуации каде преморени луѓе се забиваат во дрво со кола или газат пешак пошто одвај држат отворени очи. Настрана насилство, семејно и остало каде психички уништени ликови поради стрес и проблеми на работа не можат да се контролираат.

Сите на светот се согласни дека војната е лоша ствар, но работата е како дар божји нешто...
Интересно е тоа што ХСС не е еволуиран за работа воопшто, од 216К години (и 4 милиони пред тоа) само околу 6,5К човековиот вид работи нешто.
И тоа работеле принудно, робови најчесто се до 19.век.
Остало биле земјоделци кои работеле да се исхранат и да продадат по нешто.
Ние како вид сме еволуирани за секодјневни долги шетњи во природа :)
 
Еве да те прашам нешто, гледам дека си во последно време доста активен на форумов во доста теми. Не ли ти е тоа исто губење време како на пример што викаш дека мене ми е губење време на работа? Наместо да седиш дома со твоите ти седиш на компјутер и си ги арчиш очите и губиш драгоцено време да бидеш со сопругата. Ако веќе го губиш времето и го арчиш здравјето, не ли е подобро да го потрошиш, барем за да имаш некаков бенефит од тоа? Вака како што е е некако парадоксално.

Ќе речеш дека и јас сум на форумов, ама јас на форумов сум 80+% во работно време, кога е порелаксирано (како што ми е периодов).
 
Не губам драгоцено време, јас навистина и немам поблиска особа од сопругата на светот ама тоа не значи дека сме Сијамски близнаци споени на карлица :icon_lol: И онака сме најголем дел од време заедно пошто работиме од дома, но сепак си оставаме простор за свои потреби, интереси, забава, понекогаш заедно, понекогаш не, нема проблеми во тој однос, пишување на форум воопшто не влијае на квалитет на нашата врска.
Се дешава да ме нема на форум и по 2-3 месеци па после има период кога пишувам неколку дена редовно како деновиве ете, 2600 мислења за 6+ години, многу ли е, малку ли е, кој ќе го знае.
Интересно ми е да оправам криви дрини и во ИРЛ и на форум, шта чеш, слабост :angel:

Не играм видео игри воопшто, не одам по кладилници, така да постирањето тука во виртуелниов град наречен Кајгана ми е интересно, многу е појако него видео игра пошто зад тастатура сепак седи реален соговорник а не пиксели кои пукаат по тебе.

Не е исто со работа затоа што постирање на форум е сосема доброволно, може да се реплицира а може и тотално да се игнорира, да се заборави, да се батали, да се одговори за пар недели, што не е случај со работата.
Имам искуство од двата света, ако може така да се каже, па го одбрав овој поради низа околности. Човек се менува и на 30+ па и покасно. Да ми кажувал некој пред 15-16 години дека ќе трубам за минимализам во 2022 ќе мислев дека ме зајебава :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom