Крушево

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Највисокото гратче на Балканскиот Полуостров се наоѓа токму во Македонија. Во лулката на Баба планина на надморска висина од 1350 метри е сместен градот музеј, Крушево. Овој град е обиколен од три страни со букови и борови шуми и е најстар град во Македонија.



Поменот за Крушево потекнува од 1467г, кога му било дадено на спахијата Хусеин бег, заедно со Прилеп и 30 други места. Кон крајот на 18 век се доселиле Власи од околината на Корча и Мијаци од Мала Река. Тие биле трговци, мајстори, резбари и зоографи. Од нив останала убавата црква Св. Никола од 1832 г. Црквата е запалена по Илинденското востание. Тука изгорел и најубавиот иконостас во длабокрез, дело на П.Филиповски – Гарката. Близу црквата, во самата куќа на уметникот, се наоѓа и галеријата на Никола Мартиновски. Тоа е најголемата збирка творби од неколку периоди од неговото творештво. Во Крушево се наоѓа и Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република – Споменикот Илинден откриен на 2 август 1974г. Афтор е Јордан Грабуловски, кој го замислил како симбол на непокорот и стремежот на македонскиот народ за слобода. Внатрешноста импресионира со погледот на сите четири страни од кои се гледат : Слива, Мечкин Камен и Пелагонија како и со витражите и рељефите кои ја симболизираат желбата за слобода.



Споменикот Мечкин Камен преставува востаник со високо подигната камена карпа над главата и го преставува последниот очајнички миг во борбата на востаниците против турскиот аксер во 1903.



Близу до Крушево, се наоѓа манастирот Св. Спас. Се гледа одалеку, неговите објекти се наѕират во шумата која ја менува бојата во зависност од годишното време. Освен црквата, во дворот на манастирот е сместен конак со висок чардак на кој може да се седне и погледне долу, во пространата Пелагонија. Св. Спас се наоѓа на 900метри надморска височина, има пространи стари конаци кои се отворени и за посетителите и се издаваат по прифатливи цени. Околу светото место има убава вода, а поширокиот простор се користи и како ловиште. Крушево е навистина редок град, град музеј.



Уште кога ќе се искачат првите свиоци од последните километри пред градот, почнуваат пријатните чувства на изненадувања што посетителот го очекуваат како тајна зад зелените или снежни врвови. А кога ќе се минат последните чекори од патот, градот се отвора, тогаш впечатливо ке се потврди чувството што се носи преку целиот пат. При влезот од која и да е страна на градот има нешто како во сказните: во изгледот на градот, во неговата архитектура, изгрејсонцата, залезите, во коријата тој зелен здив на градот, во една игра на перспективата која уште почудесно се прекршува во кристалот на планинското небо.


Прозорците на амфитеатрално поставените куќи од двете страни на градот и коријата околу него, го мамат погледот на посетителот што се искачил на овие височини. Погледот на посетителот се задржува на начичканите куќи, на нивната богата архитектура која зборува тогаш кога молчат песните и легендите. Од едноставен градежен материјал старите Крушевски зидари изградиле една хармонична композиција, еден мозаик од архитектонски елементи и живи бои. Архитектурата на Крушевската куќа значително и во многу елементи се разликува од оние во другите македонски градови. Фасадите обоени со бело-сина или жолто-бела боја, со многу прозорци, издадени балкони, пространи чардаци, мусандри, поплочени тремови и тешки дрвени порти. Тие куќи со својата местоположба и можностите создаваат еден вид на нова карактеристична архитектура.

Затоа Крушево е единственото поголемо населено место каде што во поголем дел е зачувана старата градска архитектура.
Не случајно во 1927 година Крушево го посетува славниот француски архитект Корбизје, кој се восхитувал од крушевската архитектура и истовремено бил и инспириран од крушевската куќа во своето понатамошно творештво.


Амфитеатрално поставено Крушево дава инзвонредни можности како за летен, уште повеќе за зимски туризам со инзвонредни можности за лов на крупен дивеч.

Езерото покрај Крушево уште повеќе го збогатува неговиот и онака богат амбиент.


Сонцето го грее Крушево просечно 2300 часа годишно, со просечна температура од 22,50 С. Преку зима температурата е околу –30 С и паѓа снег просечно 43 дена во годината, со височина на снежната покривка до 150 центиметри, кој се задржува и до доцна пролет.


Крушево покрај другото, претставува и воздушна бања, како и мошне познат зимски спортски центар во кој се одржуваат повеќе спортски скијачки натпревари. Посебна атракција претставува скијачката патека за ноќен слалом, додека пак жичарницата и ски-лифтот го прават скијањето поубаво и попријатно.
Иако е еден од помалите градови во Македонија сепак изобилува со интересни места и знаменитости. Спомениците, манастирите, излетничките места се од дел можностите кои ги нуди Крушево и кои вредат се видат.

Музеи

- Музеј на Илинденското востание
- Музеј од НОБ
- Спомен куќа на Тоше Проески ( во изградба)
- Леарницата
- Галерија Мартиновски
- Изложба „Крушевска Одаја” ( во тек на прославите поврзани со „Илинден”)

Излетнички места

- Слива
- Гума
- Кипрово
- Вештачко езеро Крушево

Локалитети
Центарот на градот со старата чаршија со автентичните занаетчиски работилници и кафеани.

- Гумења – Споменикот Македониум во кој е сместен гробот на претседателот на Крушевската република, Никола Карев
- Гробот на Тоше Проески - Спомен куќа на Тоше Проески (во изградба), (На локалитет Гумења)
- Музеј од НОБ, Споменик на Никола Карев - (локалитет)Гумења)
- Мечкин Камен – Споменик на паднатите борци - едно од најпознатите природни стартови на Балканот и во Европа за параглајдерство

Цркви и манастири

- Црква Св.Јован - Црквата Св. Јован, со познатиот дрвен иконостас од почетокот на ХХ век. Изградена е 1904 г. и е најсочуван сакрален објект кој се наога во центарот на градот.
- Св.Троица - Изградена е во1881година и се наоѓа на периферијата на градот во близина на хотел “Монтана”, во Ѓупското маало. Св. Троица е опожарена во Илиндеското востание, но набрзо потоа е обновена.
- Света Богородица - Црквата Св. Богородица 1867 г. е голема еднокорабна градска црква, градена од обработен камен.
- Манастирот Свето Преобразение - Изграден на 8 км од Крушево, Големата македонска поп звезда, Тоше Проески го иницирал, во значителен дел го финансирал и лично учествувал во обновувањето на овој манастир
- Црквата на манастирот Св. Спас во близина на Крушево е изградена 1826г. и се наоѓа на 600 м. надморска височина и има идеални климатски услови.
- Св.Никола била изградена 1832г., таа доминира во просторот на чаршијата која е со уситнета структура. За време на Илинденското востание во 1903 г. црквата како и голем дел од централниот дел на градот е изгорен и разрушен, а обновена е во 1905 г.
Не пропуштајте да пробате од познатата крушевска пита и најубавиот крушевски локум.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.384
Има ли некој од Крушево да понуди фино сместување? :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Има ли некој тајни веб страни од Монтана и Панорама? :)
Мислам хотелско сместување или било какво сместување во овој убав Македонски град?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Има ли некој тајни веб страни од Монтана и Панорама? :)
Мислам хотелско сместување или било какво сместување во овој убав Македонски град?
Убаво сместување во Етно апартмани во центарот на Крушево. Прекрасно уредени, чисти, со комплет опремена кујна, ТВ, интернет...
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Ако нешто треба да се осети и види во оваа држава- тоа е Крушево. Прекрасна старо-градска архитектура која ве остава без здив, пријателски настроениот народ,a прекрасната природа и планинскиот воздух го прават ова градче меѓу најчистите градови кај нас.
Некој чувства не се опишуваат со зборови, имам совет за вас посетете го и уверете се. ;)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Јас бев 2007 година во Крушево на скијање. Бев сместен во приватен апартман во близина на Хотел Монтана. Супер беше, снег имаше, стазата ФУЛ со луѓе. Мало, убаво градче, уредено. Има 1 стаза, не многу голема. Е сега цените не ми текнува како беа за сместување, треба да видам дали го имам бројот на жената кај што бев, и ако има заинтересирани да им го дадам.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Во етно апартманите што ги посочив погоре мислам дека беше 500 денари од особа, ама не сум сигурна. Стварно беа супер средени, а се наоѓаат веднаш зад автобуската во Крушево. Градчето е прекрасно, само многу запуштено :( Преку ден е супер да прошеташ, а навечер нема кај да се оди :( Да сретнеш некој навечер по улици е како Бинго да си добил, ама може зависи и од период на посетеност :pipi:
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Во етно апартманите што ги посочив погоре мислам дека беше 500 денари од особа, ама не сум сигурна. Стварно беа супер средени, а се наоѓаат веднаш зад автобуската во Крушево. Градчето е прекрасно, само многу запуштено :( Преку ден е супер да прошеташ, а навечер нема кај да се оди :( Да сретнеш некој навечер по улици е како Бинго да си добил, ама може зависи и од период на посетеност :pipi:
Да да, ретко луѓе навечер. Иначе незнам колку си приметила, но јас приметив дека повеќе кучиња има во градот отколку луѓе. :pos:
 
Член од
26 април 2012
Мислења
28
Поени од реакции
19
За 1ви Мај имаме страшно ниски цени во Монтана, 800 ден по човек за ноќевање, во убави реновирани соби. Башка тоа после стартуваме со ниски и убави цени за цело лето, треба да ги прикачам на веб во текот на денот.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
23
Поени од реакции
10
За 1ви Мај имаме страшно ниски цени во Монтана, 800 ден по човек за ноќевање, во убави реновирани соби. Башка тоа после стартуваме со ниски и убави цени за цело лето, треба да ги прикачам на веб во текот на денот.
Kako ste trgnale ke gi izednacite cenite so privatnoivo smestuvanje.......hahahahaha
 

Kajgana Shop

На врв Bottom