Крушево

ComputerService

Доктор
Член од
7 мај 2013
Мислења
90
Поени од реакции
50
Деновиве гледав некои слики па изгледа како да можи да се скија (со одбирање), ќе издржи викендов снегот или тешко? :)
Нема ни грам снег! не знам другар што си гледал. али јас знам дека нема ич.

како е со цени?
Конкретно на какви цени мислиш ?! ако мислиш на сместување, цените се од 400 па нагоре.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Промоција на туристичката понуда на Крушево
  • Четврток, 24 Јули 2014 18:13



Викендов, на 27-ми јули, во Крушево ќе се случи промотивен ден под мотото „Откриј го Крушево", а содржините на овој настан ќе бидат одлична можност за сите домашни и странски гости да ја доживеат богатата туристичка понуда на градот.

На промотивниот ден за забавата во градот ќе се погрижат музичките групи Суперхикс и Љубојна, а за сите свои посетители Крушево ќе понуди богата туристичка програма испонета со гурмански специјалитети и традиционална храна. Денот ќе биде зачинет со адреналинска авантура и летање со параглајдер, фолкорна програма, возење и пешачење по обележани планински патеки и уште многу други културни содржини.

За време на настанот, за прв пат досега, организирана ќе биде богата наградна игра во која најсреќните гости на денот ќе можат да освојат летања со параглајдер, викенди или вечери за двајца во неповторливиот амбиент на градот.

Настанот е во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот регион, "Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси", Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во РМ и Општина Крушево а неговата цел е да се промовира комплетната туристичка понуда на градот Крушево и да се претстават сите негови туристички потенцијали пред домашните и странските туристи.

http://www.tera.mk/index.php/vesti/aktuel/82131-promocija-na-turistichkata-ponuda-na-krushevo
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Еххх Крушево... градот на дедо ми Карев :) :)
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
ОД „ВЕРСАЧЕ“ КУПИЛЕ ОБЛЕКА СО КРУШЕВСКИ ВЕЗ



Рачно изработена облека со традиционален крушевски вез откупувала светски познатата модна креаторска куќа „Версаче“ од Италија. Вака тврдеше Спасика Тасеска, претседателка на организацијата на жени „Цвет“ додека н` шеташе низ собите со изложени ракотворби низ етнокуќата „Ѓорчевци“ во Kрушево, стара 200 години. Во една од собите со староградски изглед беа изложени копии на облека што ја сплеле вредните крушевчанки, а оригиналните примероците ги откупил светски познатиот моден бренд „Версаче“. Тоа беа џемпери, пелерини, марами и други модни додатоци што пленат со својата оригиналност, македонска плетка и вез. Додека раскажуваше Тасеска носеше фустан изработен според модел стар 150 години.

- Нашите везови и плетки ги прифатија од „Версаче“. Италијанска фабрика што шие за нив слушнала за нашата рачна работа и н`побараа. Беа воодушевени од македонскиот традиционален вез. Се договоривме да ги работиме везовите за нив, џемпери, блузи, фустани, во разни модели од конец, од волна. Од фабриката сами ги дизајнираа, волната ја фарбаа и изгледаше многу убаво - вели Тасеска.



Баба Ванѓа плете 65 години

Македонски ракотворби биле откупени и за филмот „Езерска куќа“ (2006) во кој главниот лик го играла познатата американска актерка Сандра Булок. Изработките биле направени под менторство на дизајнери од Америка, кои пред неколку години дошле во Kрушево да ги подучуваат крушевчанки во склопување на моделите.

Меѓу вредните плетачки што ги подготвиле моделите за италијанскиот и американскиот пазар е и баба Ванѓа Топузовска, која на 73 години има остар вид како орел и со чингелаче и иглици реди македонски плетеници.

- Бог ме наградил со видот. С` уште ме држат очите и многу убаво можам да плетам. Имам изработено многу плетки, бројот ни самата не го знам. Плетам од осум години. Моите изработки завршиле на францускиот, италијанскиот, американскиот и на кинескиот пазар - вели Топузовска.

Нема поавтентичен амбиент за изложување на овие плетки и везови од амбиенталната куќа на „ Ѓорчевци“, која викендов, за време на манифестацијата „Откриј го Kрушево“, ширум ги отвори вратите за посетителите.

- Биле четворица браќа и таткото, касапи, бакалџии и занаетчии. Газдата на куќата, мојот дедо, го викаа Ванѓул Беличо. Тој глумел божем пријател на Турците, опинчар бил, а ги штител нашите комити. Над Kрушево имало ливада, им носел храна на комитите, а неговите потомци на ист начин им помагале на партизаните. Kуќата имала и скривници - раскажува Соња Здравеска, по потекло од семејството Ѓорчевци.

Бакрданик и маштеница – добитна комбинација

Покрај изработките, строградскиот амбиент, историското минато, и традиционалните јадења привлекуваат туристи во Kрушево. Викендов градот мирисаше на чомлек и бакрданик зготвени по стари македонски рецепти уште од времето на Илинден. Чинија бакрданик и маштеница се служеа по цена од 180 денари.

- Бакрданикот го подготвуваме повеќе од пет саати. Пченкарното брашно се потопува, па постепено се потпекува, се вари, па дупи дупка со сукало на средината, така се меша. Потоа се подготвува свинското месо, малку мрсничко да има на него зашто бакрданикот е посна храна. Порано ставале кравја маст. Рецептот сме го зачувале од нашите предци од периодот на Илинденското востание, тие се стари македонски јадења - вели Жан Здравески-Шапе, кој 33 години се занимава со угостителство во Kрушево.

KРУШЕВО НА МАПАТА НА СВЕТСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА АВАНТУРИСТИЧКИ ТУРИЗАМ

По долги години градот на македонскиот непокор живна преку многубројните несекојдневни активности организирани во проектот „Откриј го Kрушево“ - искачување со жичница, посета на рестораните на бачило, прошетка со коњи, летање со параглајдер, забава со музички состави. Манифестација беше организирана од Центарот за развој на Пелагонискиот регион, Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од „Kарана корпорација“, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во РМ и Општина Kрушево.

- Kон крајот на август и почетокот на септември ќе донесеме претставници на Светската асоцијација на авантуристички туризам, 25 туроператори и светски новинари, чија цел ќе биде да мапираат важни локации во Македонија, кои подоцна ќе можат да се продаваат како места за авантуристички туризам - изјави Емилија Героска, директорка на Центарот за развој на Пелагонискиот регион.

Жанета Здравковска
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=F3C402DCCA2CB4438292CA9AC8B114FA
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Викендов би сакал да отидам до Крушево, па ме интересира за сметување како е, и освен Хотел Монтана (скапо ми е) дали некој друг има што нуди полн или полупансион да не е само сместување во соба. Низ нетов барав ама слабо се наоѓа инфо.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
29
Поени од реакции
10
Викендов би сакал да отидам до Крушево, па ме интересира за сметување како е, и освен Хотел Монтана (скапо ми е) дали некој друг има што нуди полн или полупансион да не е само сместување во соба. Низ нетов барав ама слабо се наоѓа инфо.
Otvorete na internet VILAGORA KRUSEVO odlicno smestuvanje za ceni ke vi kazat.Vilata se naoga na taa strana kaj Montana.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
15 јули 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Сакам да одам на викенд и барам сместување. Дали некој може да ми препорача вила, апартман..итн???:(:(:гик::гик:
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Моментално има снег Крушево?
Кажете ми некои места што не би требало да се пропуштат, освен наведените во првиот пост....
Фала :)
 
Член од
4 јуни 2014
Мислења
123
Поени од реакции
40
Да ми препорачате вила/апартмани во Крушево за Нова година сакаме да одиме со дечко ми. И ресторани каде би имало добра атмосфера за Новата година?
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
699
Поени од реакции
1.290
Некој инфо во кои денови и од колку до колку часот работаат Македониумот и Спомен куќата на Тоше Проески ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom